Контакт

Економија

(Видео) Ковачевски: е.GO е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни места

Објавено пред

Македонската Влада застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќањето рече дека „денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места“.

„Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал во Тетово и во државата. Со оваа значајна инвестиција, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од доверба. Она што особено ме радува е дека за прв пат, кај нас ќе биде произведен целосен автомобил. Во Северна Македонија и досега се произведуваа делови за автомобили од светските брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму кај нас. И ова е навистина голема работа. Оваа инвестиција ми е лично посебно драга. Не само затоа што ќе го промени на подобро животот на семејствата чии членови ќе работат тука, туку затоа што ќе го промени начинот на кој размислуваме за возилата. Затоа што ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Меѓутоа ова е иднината и на образованието. Вакви инвестиции, вакви фабрики, ќе го сменат образованието во државата, бидејќи ќе направат нови потреби коишто ќе бидат неопходни“ рече меѓудругото премиерот Ковачевски.

Тој напомена дека „електричниот автомобил „е-Go“ кој ќе се произведува овде во ТИРЗ во Тетово е корисен за урбани средини, истовремено одржлив, иновативен, економичен и без штетни емисии на гасови. Ова меѓу другото е нашиот влог за идните генерации. Фабриката која ќе се гради овде во ТИРЗ зоната во Тетово, е составен дел од глобалниот производствен капацитет на „е-Go“, наменет да го снабдува и националниот и меѓународниот извозен пазар“.

„Во технолошко индустриските развојни зони, во првите шест месеци се постигнати договори за инвестиции во висина од 240 милиони евра, а потенцијално до крајот на годината се очекува затворање на уште два договори во висина од 160 милиони евра. Јас никогаш не сум најавувал инвестиции, и оваа е инвестиција за која беше извесно дека ќе се случи. Оставивме прво да се договорат сите детали и потоа на изненадување на целата јавност, бидејќи ги гледам написите во медиумите, дознавме дека во Република Северна Македонија ќе има инвестиција којашто ќе биде од 130 милиони евра, и ќе биде на почеток со околу 900 вработени. И уште има такви инвестиции, од други инвеститори, а ние ќе оставиме тоа инвеститорите заедно со институциите да го најават, и ќе се случи многу брзо“ порача Ковачевски.

Економија

Комерцијална банка склучи договор за продажба на „Еуроникел“

Објавено пред

Комерцијална банка информира дека склучи договор за продажба на имотот на комбинатот „Еуроникел индустри“ од Кавадарци со друштва основани од холандската холдинг-компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијта Yildirim Group. За финална реализација на купопродажниот договор останува уште да се исполнат сите правни и регулаторни предуслови, се наведува во соопштението.

dobivaj vesti na viber

Во исто време, банката со групацијата Yildirim склучи договор за продажба и на имотот на фабриката „Нова рефрактори“ во Пехчево.

„Убедени сме дека продажбата е долгорочно решение за комбинатот ‘Еуроникел’ имајќи ги предвид кредибилитетот и капацитетот на групацијата Yildirim. Веруваме дека со ова е надминат неизвесниот период за сите доверители и, пред сè, за вработените во комбинатот, кои покажаа максимална посветеност и професионалност и покрај тешката состојба во која се најдоа не по нивна вина.

Групацијата Yildirim е глобален индустриски конгломерат со седиште во Амстердам и во Истанбул. Основана е 1963 година и моментно работи во 56 земји на 5 континенти, вработува 25.000 лица во девет индустрии: метали и рударство, управување со пристаништа, вештачки ѓубрива и хемикалии, енергија и енергетски производи, транспорт и логистика, финансиски услуги, градежништво и недвижности и меѓународната трговија.

Во целиот изминат период од декември 2023 година, кога Комерцијална банка го презеде имотот на комбинатот во своја сопственост, бевме посветени на наоѓањето сериозен инвеститор, кој ќе ја продолжи дејноста на еден од најзначајните индустриски капацитети во земјата. Со цел да се одржи комбинатот во добра состојба за безбедно и ефикасно рестартирање на производниот процес, банката во изминатите четири месеци обезбеди речиси 100 милиони денари за одржување на технолошкиот минимум на комбинатот и за давање шанса за продолжување на работењето“.

Банката, како што се дополнува во информацијата, останува посветена и понатаму да придонесе со сите свои капацитети за фер наплата на доверителите и вработените во рамките на стечајната постапка. Прв услов за тоа е сите должници на ‘Еуроникел’ веднаш да ги платат своите обврски“.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ поскапуваат горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 % во однос на одлуката од 22.3.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 26.3.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 85,00 (денари/литар)

моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 87,00 (денари/литар)

дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

„мазут М-1 НС“ – 44,776 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕРОТ БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,979 денари/кг и сега ќе изнесува 44,776 денари/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,028 %.

Прикажи повеќе...

Економија

Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното

Објавено пред

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде до поскапување на цената на топлинска енергија за домаќинствата, може да дојде само до намалување, истакна денеска првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.

dobivaj vesti na viber

„Дали ќе има субвенции или ќе нема, во текот на јуни ќе ја донесеме одлуката. Можевме и сега да носиме популистички одлуки кога ја намаливме цената за недомаќинствата, но се решивме за потрошувачите кои во енергетската криза ниту еднаш не беа субвенционирани, да им се помогне, пред сè, ним“, рече Бислимоски на прес-конференција.

Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одредени одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преносoт на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач,носи само регулаторот за енергетика.

„Ниту партија вовела евтина тарифа ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ“, додаде првиот човек на Регулаторната.

По реакциите дека воведувањето 200 денари давачка за мрежарина било неуставно, Бислимовски нагласи дека нејзиното укинување би ги зголемило цените на електричната енергија за првиот блок за 9,3 %, односно за евтината тарифа 14,54 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Бројот на исчезнатите може да се промени, владата ќе ги плати трошоците за поправка

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека судбината на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги...

Европа15 часа

(Видео) За масакрот во Москва уапсени татко и два сина: „Им помагаа на терористите“

Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во петокот во Москва, во кој загинаа 139 лица. Браќата...

Македонија16 часа

(Видео) Над 5.000 деца се на листи на чекање, пет минути работа е да ги изгласате измените, им порача Велковски на пратениците од СДСМ и ДУИ  

На неколку дена пред распуштање на Собранието предлог законските измени на Законот за заштита на децата, кој беше предложен од...

Свет16 часа

(Видео) Откриено зошто бродот удрил во мостот, сè помали шансите да се најдат преживеани во несреќата кај Балтимор

Контејнерскиот брод „Дали“ останал без погон додека го напуштал пристаништето, а екипажот на бродот ги предупредил претставниците на Мериленд за...

Македонија19 часа

Термин за итна постапка за пасош се добива за еден ден, вели Тошковски

Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, соопшти утрово техничкиот министер за...

Македонија20 часа

Бојмацалиев: 2017/2023 Одделот за криминалистичка полиција заплени дрога во вредност 426 милиони евра

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, го посети Одделот за криминалистичка полиција, каде што оствари средба со раководството на...

Свет21 час

Руските истражители ги испрашуваат семејствата на осомничените за терористичкиот напад во Москва: Русите итно отпатувале во Таџикистан

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на...

Македонија21 час

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе одвои 800 милиони за македонското земјоделство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Во период од 4 години 800 милиони евра...

Свет21 час

(Видео) Во Балтимор се урна голем мост кога во него удри товарен брод, возила паѓаат во река

Во американскиот град Балтимор се урна голем мост кога во него удри товарен брод. На видеото се гледа како голем...

Свет22 часа

Среде лет откажа мотор на авион на релација Мелбурн – Перт, пилотите побарале дозвола за итно слетување

Пилотите на австралиската авиокомпанија Qantas Airways слетаа безбедно во Перт и покрај дефектот на еден од двата мотора. Пилотите на...

Свет22 часа

Зеленски: Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше пренесено на телевизија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина е вмешана во терористички напад...

Свет22 часа

Девет лица во критична состојба, меѓу кои едно дете, 29 пациенти во тешка состојба: позната состојбата на повредените во терористичкиот напад во Москва

Девет лица повредени во терористичкиот напад на „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете,...

Македонија2 дена

Стотици договори за закуп на државно земјиште истекуваат, земјоделците ќе го изгубат правото на субвенции ако итно не се донесат законските измени, алармира Николовски

Од крајот на минатата година почнаа да истекуваат договорите на земјоделците за закуп на државно земјиште склучени во 2007 година...

Економија2 дена

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија2 дена

Бислимоски: Нема да дојде до поскапување на цената на парното

Не се отвора никаков простор за зголемување на цената на топлинска енергија за граѓаните. Во ниеден случај нема да дојде...

Македонија2 дена

Фрчат решенија за прекин на социјалната помош за оние што зеле пари од државата, а имале возила на свое име

По обвинувањето дека милионски суми социјална помош биле незаконски поделени на корисници што не ги исполнувале условите, центрите за социјални...

Македонија2 дена

Познат редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче: Пендаровски прв, Димитриевски последен

Државната изборна комисија денеска ги констатира редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа...

Европа2 дена

Кремљ, конечно, се огласи за предупредувањето од терористички напад што Америка го испрати во Русија

Информациите за можни терористички напади доаѓаат од специјалните служби и се класифицирани како чувствителни и не се откриваат, изјави портпаролот...

Топ2 дена

Во нива во Велешко под превртен трактор пронајден мртов маж, телото дадено на обдукција

Вчера во 14.45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на...

Европа2 дена

(Видео) Украинците нападнаа една од најголемите термоелектрани на југот на Русија, објавена снимка

Пожарот во една од најголемите термоелектрани во југозападна Русија денеска стави надвор од работа две централи, што накратко го прекина...