Контакт

Економија

(Видео) Лукаревска: Почнува реализацијата на четвртиот пакет-мерки

Објавено пред

Со реализација на четвртиот пакет-мерки за справување со последиците од корона-кризата, 470 милиони евра, пари од буџетот, како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите, изјави пратеничката Сања Лукаревска.

„Една од основните компоненти на четвртиот пакет-мерки е зајакнување на приватната потрошувачка на граѓаните. Со новиот сет мерки го надградуваме успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица. Викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постојни корисници на апликацијата ‘Мој ДДВ’, за време на продолжениот викенд на 10, 11 и на 12 октомври може да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ-опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ“, изјави Лукаревска.

Според процените, додаде таа, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Досега, рече Лукаревска, за една година преку оваа мерка веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

Исто така, рече Лукаревска, со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица, кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

Лукаревска рече дека вкупно со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Економија

(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите

Објавено пред

Жителите од неколку струмички села даваат јавна поддршка на отворање на мега проектот „Рудник на можности“ и заедно со инвеститорот „Еуромакс ресоурцис“ подготвија куси видеа во кои зборуваат зошто на регионот му е потребен силен инвестициски проект, каков што е рударскиот комплекс Иловица – Штука. Повеќето жители потекнуваат од селата кои се наоѓаат во близина на локацијата каде што ќе се развива проектот Иловица и Штука, но дел се и од соседните села Босилово, Турново, Еднокуќево и Секирник, како и од соседна Струмица.

Кај младите соговорници забележително е дека веруваат оти со отворање на планираниот комплекс ќе запре иселувањето на населението од југоисточниот дел на Македонија.

„Ако се отвори рудникот останувам тука, ако не и јас чекам бугарски пасош и бегам за странство“, вели Томе Митров, жител на Штука. Бошко Јованов од соседна Иловица вели дека не би сакал да се одвои од семејството и да замине во странство: „Ако може тука да се инвестира, тоа ќе биде за сите нас, за да биде подобро“. Александар Божинов, жител од Босилово, вели „повеќето млади од Босилово сме на став да се отвори рудникот“.

И нивните постари соседи веруваат дека итно е потребна силна инвестиција којашто ќе влијае да се подобри животниот стандард и да се намали иселувањето на младите.

„Луѓето се обидоа сè, и мајстори, занаетчии и земјоделци, сè. Не бива и бараат спас во други држави. Ни таму не им е лесно, ама тука се чувствуваат несигурни, страв им е да формираат фамилии“, дополнува Ѕвонко Ичев, жител од Иловица.

Дел од жителите веруваат дека странскиот инвеститор, заедно со неколку големи домашни инвеститори ќе помогнат да се унапредат работничките права на жителите во околината.
„Те ценат како работник, минимална плата е 500 евра и се работи по 8 часа од понеделник до петок“, вели Аргир Јанев, жител на Штука.

„Од лично искуство може да кажам дека има условите за работа, обезбедената заштита за работа, бенефитот и солидната плата каква што во околината на Струмица нема и ако не се сменат работите ќе нема во догледно време. Најголемата инвестиција е жално и трагично да биде запрена“, вели Жарко Ристов, жител на Струмица.

Заедничко за сите соговорници е очекувањето дека ќе се подобри инфраструктурата во местата каде што живеат.

Погледнете го колажот изјави од повеќемина жители кои веруваат дека на регионот му е потребна силна инвестиција која ќе го подобри живеењето во селата во општините Босилово, Ново Село, Василево, во Струмица и пошироко.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на средба со претставници на Градежната комора

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски, и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија.

На состанокот преку интернет беше вклучен и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата се поздравени заложбите на премиерот Заев за подобрување на деловното опкружување во државата.

Истакнати се определбите на Градежната комора за продолжување на партнерскиот однос и за соработка во активностите, важни за развојот на економијата.

Разгледани се и конкретно актуелните состојби во секторот градежништво и е разговарано за можностите за реализација на капиталните инвестиции од значење како за градежниот сектор така и за граѓаните и за државата.

„Нашата цврста определба е раст на домашната економија, во што голем придонес може да дадат домашните фирми со активната работа, меѓу кои и компаниите од секторот градежништво. Ја поддржуваме иницијативноста на Градежната комора да помогне во овој процес кој ја има поддршката на Владата“, рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Градежната комора на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Инвестиција од 650 илјади евра за реконструкција на трафостаницата Струмица 2

Објавено пред

„Владата и МЕПСО посветено работат на унапредување и модернизација на капацитетите и преносната мрежа на електрична енергија, преку реконструкција и ревитализација на трафостаниците и водовите, со цел да се обезбеди подобар и постабилен систем на пренос на електрична енергија“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при работната посета на општина Струмица, каде што заедно со директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева, и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, извршија увид во реконструкција на трафостаницата Струмица 2.

Проектот за реконструкција на трафостаница Струмица 2 е со вредност од 650 илјади евра и опфаќа замена на старите прекинувачи во преносната мрежа, кои беа во употреба повеќе од 50 години, со прекинувачи од најновата генерација.

Министерот Бочварски истакна дека со овој проект ќе се зголеми квалитетот на системот и ќе се унапреди преносната мрежа на електрична енергија во Струмичкиот Регион.

„Со инвестициите во енергетскиот систем овозможуваме стабилност на енергетскиот сектор, зголемен квалитет на преносот и снабдувањето со електрична енергија, како и поголема безбедност. Покрај реконструкцијата на трафостаницата Струмица 2, веќе е реконструирана и трафостаницата Струмица 1 која се поврзува на трафостаниците Сушица и Валандово, па сè до Бугарија. Ги поздравувам и ги охрабрувам ваквите проекти со кои се отвораат можности за нови инвестиции и се создаваат поволни услови за работа на компаниите“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека главен приоритет на МЕПСО е да обезбеди непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите корисници на преносната мрежа и да овозможи доверливо и сигурно работење на електропреносниот систем.

„Со цел да овозможиме непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија и стабилност на електропреносниот систем, потребни се континуирани инвестиции во опремата на трафостаниците и далеководите. Покрај големите инвестициски проекти за надградба на постоечката и изградба на нова мрежа, АД МЕПСО посветено работи и на одржување и ревитализација на сите електроенергетски објекти, согласно годишните планови. Повод за денешната посета на трафостаница Струмица 2 е замена на постоечките прекинувачи со нови. Новите прекинувачи припаѓаат на најновата генерација и се карактеризираат со способност за најкратко време да го изгаснат електричниот лак што се јавува при манипулација, вклучување и исклучување на прекинувачот. Како медиум за гаснење на прекинувачот користиме SF6 гас кој во пракса, во светски рамки, се покажа како најефикасен. Оваа активност е дел од проектот што АД МЕПСО го финансира со сопствени средства во висина од 650 илјади евра и опфаќа набавка на 31 нови 110kV прекинувачи кои во рок од 2 години ќе бидат монтирани и ставени во функција. Постапката за замена на прекинувачите ја извршуваат наши квалитетни, специјално обучени и сертифицирани стручни кадри“, изјави директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева.

При денешната посета на општина Струмица, министерот Бочварски оствари и работна средба со градоначалникот Коста Јаневски на која разговараа за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање.

„На средбата со градоначалникот Јаневски и останатите претставници на општината ги отворивме прашањата за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање, а исто така разговаравме и за сите значајни проекти што се реализираат во Струмица и околината меѓу кои и проектот за санација на локални патишта и улици, како и за потребата од нови инвестиции кои дополнително би придонеле за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и би овозможиле локален економски раст“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија1 час

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија1 час

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет1 час

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет2 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Македонија16 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет17 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија19 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија20 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија20 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет21 час

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ21 час

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија21 час

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија23 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет1 ден

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа1 ден

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет1 ден

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет1 ден

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет1 ден

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Досие