Економија
(Видео) „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“ се креирани да бидат системски одговор и 24-часовна медицинска заштита на граѓаните

Од неодамна на пазарот во Македонија функционираат два нови правни субјекта во делот на здравствената заштита на граѓаните, станува збор за „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“, кои се нови членови во здравствениот систем и кои од неодамна започнаа со достапност на здравствени услуги за пациентите. За што конкретно станува збор и за какви услуги тие нудат разговаравме со доктор спец. супспец. Татјана Баевска-Вучковиќ, директор на ПЗУ „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“.
На самиот почеток ја прашавме доктор Татјана Баевска-Вучковиќ за каква новина станува збор на пазарот и какви услуги нудат ПЗУ „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“.
Таа вели дека станува збор за приватни здравствени установи кои се надвор од мрежата и самостојно финансирани од основачот „Никоб обезбедување“. Идејата потекнува од основачот, кој е млад развиен и реализиран работодавач, а воедно и најголем работодавач во државата и кој поттикнат од развиеноста на мобилност и теренска логистика, инвестира и основа здравствени установи со кои се овозможува поголема достапност на видот на услуги според дејноста на установите, вели Баевска-Вучковиќ.
Таа додава дека ПЗУ „Никоб медикал“ претставува здравствена установа со здравствени услуги на примарно ниво во ординација, како и здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт, како и медицинско обезбедување на јавни настани.
Водени од анализите, потребите, современиот начин на живеење, достапноста на примарната здравствена заштита како есенцијална, придонесе да се развиваме и основаме ваков вид здравствени услуги за кои сме квалитетно подготвени, брзи и достапни, а со цел да сме блиски за корисниците на нашите услуги. Целта ни е поголема достапност и искористливост на овој вид услуги кои сериозно влијаат на квалитетот на живот на секој поединец, вели докторката.
ПЗУ „Никоб лаб“ е лабораторија со биохемиска и молекуларна дијагностика која според дејноста е установа на секундарно ниво со широка палета на лабораториски услуги, а кои се достапни за корисниците во самата лабораторија, но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина.
Располагаме со повеќе мобилни тимови кои земаат материјал теренски, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин придонесуваме доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени.
Таа додава дека во делот на биохемиските анализи располагаат со најсовремена биохемиска лабораториска опрема како интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика. Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинванзивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет.
Се наметна и прашањето за услугите кои тие ги нудат и како граѓаните можат истите да ги користат
Доктор Баевска-Вучковиќ вели дека корисници на нивните здравствени услуги може да се сите на кои можат да им помогнат кога им е најпотребна здравствената услуга во делот на Медикал со 24 часа достапна медицинска консултација преку бројот 15515, користење на апликација која е приспособена за лесна употреба за секоја возрасна генерација, како и преку вебсајт на кој се објавени сите наши услуги.
Услугите доколку се итни секако се користи 15515, се разговара со пациентот се дава совет, а доколку има потреба од домашна интервенција, медицински тим од доктор и сестра се упатува према пациентот. Нашата достапност и мобилност се постигнува со амбулантни возила опремени со најсовремена медицинска опрема кои преку интегриран мониторинг систем обезбедуваме брза, достапна и квалитетна услуга. Располагаме со 10 амбулантни возила, 10 санитетски и леки коли за домашна посета, како и 20 медицински тима кои се 24 часа достапни за доближивање на здравствените услуги према место на живеење или работење, вели таа.
Ја прашавме и за превентивните прегледи
Докторката вели дека здравствените навики за лична грижа за превенција или следење на одредено хронично заболување го овозможување со превентивен пакет, кој вклучува физикален преглед, мерење притисок, пулсоксиметрија, ЕКГ, брзи тестови за мерење шеќер, холестерол, триглицериди и анализа на мокрача, а согласно наодот следи препорака или совет за понатамошно постапување.
Во период на пандемија кога е отежнат пристапот поради акцент на актуелната состојба на Ковид-19, на овој начин сме блиски и достапни за корисниците. Исто така, ги овозможуваме сите интервенции по индикација на примарно ниво во ординација или во домашни услови, ординирање на терапија, преврски, тоалета на рана, апликација на катетер, постоперативна нега и грижа, медицински транспорт во градот Скопје, во државата како и можност за меѓународен транспорт, вели таа.
Живееме во време на пандемија и тука се наметнува прашањето околу услугите поврзани со Ковид-19
Водени од достапни и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, во ПЗУ „Никоб лаб“ обезбеден е посебен павилјон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот, кој ако е за патување се доставува со посебен сертификат со QR код и достапни цени.
Доктор Баевска-Вучковиќ вели дека нивната здравствена установа ги следи актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелнатаковид-пандемија и подготвена е да стартува со потребните услуги, преку PCR-тестирање, брзи антигенски тестови за Ковид-19, како и детектирање на антинтела преку квантитативно одредување на титарот на антитела. Таа додава дека реагенсите за сите анализи кои ги изработуваат се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската здравствена организација. Покрај Rt-qPCR метод на детекција на вирусот, од неодамна ексклузивност поседуваме за RT-LAMP Quiz Biochip метод за детекција на вирусот, светски најнова и врвна технологија каде што се употребуваат биочипови за детекција на вирусот.
Предноста е во најсовремена методологија каде што времето на позитивност на вирусот е во 5. минута, а негативност на вирусот во 60та минута и на тој начин се добива ултра брз тест со 100% точност без можност за контаминација на материјалот, вели доктор Баевска-Вучковиќ.
Согласно актуелната состојба во пресрет и во тек на летните годишни одмори, како и согласно препораките од СЗО за патувања, покрај пунктот во базата на лабораторијата, во тек на месец јуни оперативно сме достапни и со мобилни екипи во градови во внатрешноста, пункт во дворот на Хотел Фламинго и пунк на северната граница. Покрај споменатите услуги ја овозможуваме и на ТАВ Аеродромите во Скопје и Охрид, заклучува таа на прашањето поврзано со Ковид-19.
На крај ја прашавме докторката за совет или пак за порака до граѓаните.
Здравјето и безбедноста се важни чинители за здрав, квалитетен и безбеден живот, а ние сме тука во системот тоа да го обезбедиме секогаш кога ќе е најпотребно, вели таа.
На крајот, доктор Татјана Баевска-Вучковиќ упати благодарност до основачот кој одлучил да инвестира во овој сегмент од системот, кој овозможува услуга која иако донекаде е занемарена, а суштински многу важна, понекогаш минутите се важни за живот.
Храброст е денес преку иновативни идеи да се инвестира во овој сегмент од системот, кој овозможува услуга која иако донекаде е занемарена, а суштински многу важна, понекогаш минути се важни за живот, нашата брза медицинска интервенција, достапност и квалитет верувам ќе бидат значајни за сите оние кои ќе побараат помош од нас, се трудиме и работиме најдобро што умееме, бидејќи целта ни е да секој има можност и достапност за услугите, ние тука не застануваме, ќе растеме и ќе се развиваме и во специјалистичка дејност и услуги.
Она што нас нè прави посебно среќни и горди и што таргетиравме и профилиравме тим од околу 30 млади доктори, сестри и други медицински работници, како и здравствени соработници биохемичари, лаборанти, молекуларни биолози, административни работници кои најискрено поголем дел од нив веќе имаа желба или веќе беа тргнати својата егзистенција да ја бараат надвор од нашата држава. Но, обуката од адекватни центри и обучувачи , но и интерната академија која сакаме да ја развиваме во преспектива и условите кои ги понудивме, младите доктори решија да бидат дел од тимот на „Никоб медикал“ и „Никоб лаб“.
Нашата брза медицинска интервенција, достапност и квалитет верувам ќе бидат значајни за сите оние кои ќе побараат помош од нас. Се трудиме и работиме најдобро што умееме, бидејќи целта ни е секој да има можност и достапност за услугите. И ние тука не застануваме, ќе растеме и ќе се развиваме и во специјалистичка дејност и услуги, каде секој наш корисник на едно место со се потребно би бил истретиран, заклучува доктор Татјана Баевска-Вучковиќ во првото интервју на оваа позиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Тренчевска за предлог-законот за работни односи: Целта е да креираме законско решение со точни и прецизни одредби

Во Клубот на пратениците денеска се одржа јавна расправа за новиот предлог-закон за работни односи, на која од страна на претставниците на Министерството за труд и социјална политика беа презентирани клучните новини во новото предлог законско решение, пред претставниците на Адвокатската комора, адвокати, судии, јавни обвинители, професори и експерти по трудово право, претставници на здружението на млади правници и на здружението на трудово и социјално право, како и претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Северна Македонија.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, упати на важноста на оваа јавна расправа и можноста да се слушне мислењето на судиите и адвокатите, кои го применуваат законот, како и на професорите теоретичари на трудовото право, а во насока на креирање квалитетно законско решение и негова успешна имплементација.
„Целта е да креираме законско решение, кое ќе содржи точни и прецизни одредби и нема да остави простор за исти прашања да има разни толкувања. Носиме системско решение, кое ќе одговори на потребите на современото општество“, истакна Тренчевска.
Некои од новините со предлог-законот за работни односи се времетраењето на договорите на определено време, односно од досегашните пет години се скратува на две години и обновување на договорите трипати во рок од две години. Промена има и кај договорите за вработување на определено време за вршење сезонски работи и можноста работодавецот да ги плаќа придонесите на сезонскиот работник сите 12 месеци, со обврска дека работникот и следната сезона ќе работи за истиот работодавец. Работниците на неполно работно време, во однос на правата и обврските од работниот однос, се изедначуваат со работниците на полно работно време, освен кај платата и надоместоците од плата, кои се пропорционални со работните часови на работникот.
Се воведува и работата од далечина како одговор на потребите што произлегуваат од развојот на дигитализацијата и искуствата со ковид-кризата.
На јавната расправа се дебатира и за колективните договори и нивното важење, како и постапувањето на Државниот инспекторат на труд, кој како контролен орган го врши надзорот над примената на законските прописи.
Присутните на јавната расправа го поздравија носењето нов закон за работни односи, кој, како што беше посочено, воведува нови правни институти, кои нема да остават правни празнини и дилеми во неговото толкување и имплементација, а истовремено има усогласеност со меѓународни инструменти.
Јавните расправи продолжуваат и во текот на февруари по што ќе биде дебатиран и на Економско-социјалниот совет пред да се предложи за усвојување од страна на Владата на Република Северна Македонија и негово влегување во собраниска процедура.
Економија
Се намалуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 % во однос на одлуката од 30.1.2023 година.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,50 денара/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.
Од 2.2.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 86,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 82,00 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,50 (денари/литар)
– „мазут М-1 НС“ – 41,346 (денар/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,648 %, кај дизелот 4,145 %, кај екстра-лесното масло 4,165 % и кај мазутот зголемување од 0,451 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,131 %.
Економија
Васко Ковачевски: АД ЕСМ успешно ја менаџира енергетската криза, реалноста ги демантира сите црни сценарија

„АД ЕСМ успеа значајно да го зголеми производството на електрична енергија и тоа сега достигнува и над 21.000 MWh дневно. Со наше домашно сопствено производство ги задоволуваме потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, но и количините за дополнителните снабдувања доделени на ЕСМ со одлука на Владата како антикризна мерка“, порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, на панелот посветен на теми од енергетиката на конференцијата што се одржа по повод една година од работењето на Владата.
„Целата јавност знае дека електраните со кои располага АД ЕСМ се стари по 40, 50 и 60 години, дека нивната амортизација е голема и производството на електрична енергија се одвива преку нивно постојано и континуирано санирање и одржување. Неинвестирањето во нови електрани во изминатите 30 години од страна на сите политички елити е нешто што не можеме да го вратиме назад, но со забрзано темпо и големи чекори можеме да надоместиме дел од изгубеното во минатото. Ние како раководство во изминатите години направивме капитални ремонти во РЕК ‘Битола’, кои не беа направени подолго време, вложивме средства и време и работа сè со цел да ги зајакнеме, да ги направиме поиздржливи и посигурни во производниот процес. Ги рехабилитираме и хидроелектраните. Но, нивната старост како постојки изградени во едно далечно минато ние не можеме да ја смениме. АД ЕСМ некаде од 2019 година почна да ги спроведува проектите од енергетската транзиција, односно енергетската трансформација. Сите наши активности беа во склад со усвоената стратегија за енергетика до 2040 година и со движењето кон зеленото сценарио. Но, додека ги поставувавме проектите и ги спроведуваме, а некои и успеавме да ги изградиме, се случи енергетската криза“, рече Ковачевски.
Сепак, во тек e реализација на 12 проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1760MW, што е повеќе од постојната инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM, од 1420MW.
„Што се однесува до енергентите јаглен и мазут, тоа се енергентите што во моментот нам ни овозможуваат базна енергија како држава. Додека ние не ги изградиме гасните електрани во РЕК ‘Битола’, и додека не го изградиме ‘Чебрен’ како реверзибилна хидроелектрана и додека не се воведат масовно батериски системи за обновливите извори, ние ќе мораме да се потпираме на јаглен и мазут. И ние како АД ЕСМ, и Владата и сите други надлежни институции работиме во правец на зеленото сценарио и во однос на регулативата и во однос на активностите на терен“, рече Ковачевски.