Економија
(Видео) Николовски: Силно сме посветени на развој на органското производство

„Политиките и мерките на Владата и ресорното министерство се во насока на зголемување на органското производство, како и подигање на јавната свест за значење на ова производството во севкупната исхрана на луѓето. За таа цел, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, нудиме мерки што ќе го поттикнат развојот на органското производство. Субвенциите за примарното органско производство од 61 милиони денари оваа година ги зголемивме на 81 милиони денари оваа година. Поддршката во зависност од органската културата е до 100 отсто повисока од субвенциите наменети за конвенционалното производство, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој присуствуваше на завршниот настан организиран од швајцарската амбасада, заедно со амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Зутер Техада.
МЗШВ неодамна го стави во функција Регистарот на органски производители. Тој има значајна улога за зголемување на довербата на потрошувачите во системот на органско производство, соработката помеѓу сертифицираните органски производители, трговците и преработувачите на органски производи.
Паралелно, МЗШВ интензивно работи на промоција на македонските органски производи и мотивација кај младите земјоделци да се вклучат во овој сектор. Така, во новиот повик за финансиска поддршка од неповратни 10 000 евра за млади земјоделци од Програмата за рурален развој предност ќе имаат оние коишто ќе одлучат да се занимаваат со органско производство.
Во насока на зголемување на органското производство, наскоро ќе биде објавен оглас за закуп на државно земјоделско земјиште до 3 хектари, на кој предност ќе имаат повторно органските производители. Македонија е во напредна фаза на усогласување со европските регултави во делот на органското земјоделство, што беше нотирано и во последниот извештај на европската комсиија.
Преку проектот „Консолидација на локалните органски сертификациски тела“ -„Консерт“, Швајцарија, го поддржа македонско тело за органска сертификација, „Балкан биосерт“, да ја воведе и задржи акредитацијата за меѓународно бараните органски и други сертификациски услуги. Овој проект значително придонесе за развој на органското земјоделство и подобар пристап на органските извозници од Македонија до меѓународните пазари. Негова крајна цел е да ја намали сиромаштијата на малите и средни земјоделци во Источна Европа, преку промовирање на трговијата со сертифицирани органски производи и олеснување на пристапот на органските фармери кон европскиот и швајцарскиот пазар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
МАПАС: Доброволните членови во втор пензиски столб можат да останат или да го прекинат членството

Согласно со измените на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ги информира доброволните членови родени пред 1.01.1967 година дека имаат право да изберат дали:
-Ќе го продолжат членството во вториот пензиски столб со давање писмена изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд или
– Ќе го прекинат членството во вториот пензиски столб со давање писмена изјава за престанување на членството во задолжителен пензиски фонд.
Доколку доброволниот член до 30.09.2019 година не даде изјава, на 01.10.2019 година неговото членството во вториот пензиски столб ќе престане. Друштвото ќе ја затвори неговата индивидуална сметка и ќе го пренесе вкупниот износ на средствата во Фондот на ПИОМ, односно членот ќе остане осигуреник во Фондот на ПИОМ.
При изборот помеѓу продолжување или престанок на членство во задолжителен пензиски фонд, членовите треба да ги имаат предвид нивната возраст, годините на работен стаж при зачленување во втор пензиски столб, очекуваните години на вкупен работен стаж, висината на пензиските придонеси кои им се уплатувани досега, висината на идните очекувани придонеси кои ќе им се уплатуваат и други фактори.
Со цел членовите да го направат изборот кој е во нивен најдобар интерес, Агенцијата им препорачува да ја контактираат на следниот телефонскиот број 02 3224 229.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите

Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата за пораст на просечната нето-плата.
„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема. Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови речиси половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата смета дека премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја доведуваат под прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот. Во услови кога Министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65 проценти, што е историско најниско ниво на реализација.
„Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Просечната месечна плата изнесува 25.784 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 108.1.
Зголемувањето се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28,0 %), Уметност, забава и рекреација (24,3 %) и Рударство и вадење камен (20,9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (22,1 %), Информации и комуникации (22,1 %) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 изнесува 25.784 денари“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал