Контакт

Економија

(Видео) Објавена видеоснимка – Ханикат пукал во полицијата

Објавено пред

Полицијата на Лос Анџелес објави видеоснимка од инцидентот во кој учествуваше порашениот кошаркар Хамки Тајлер Ханикат.

Тој на почетокот на јули беше убиен во престрелка со полицијата, а по инцидентот, останаа нејасни многу детали.

Полицијата претходно ја повикала мајката на кошаркарот со намера да му помогне на својот син, кој се однесувал неконтролирано и чувал оружје во домот. На снимката се гледа дека Ханикат пукал на полицајците наспроти нивните обиди да го смират без инцидент.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Дојче банк“ давала скапи подароци за кинески функционери за да се наметне како главен играч

Објавено пред

Дојче банк давала скапи подароци за високи кинески функционери во времето кога се обидувала да се наметне како главен играч во кинеската финансиска индустрија, јавија повеќе медиуми.

Германскиот Зидојче Цајтунг и Њујорк Тајмс исто така велат дека банката вработувала деца на кинески политичари односно претставници на економската елита.

Во изјавата на „Дојче банк“ по однос на ова прашање се вели дека станува збор за настани кои датираат од 2002. година и се однесувале на тоа време.

Банката исто така додава, без дополнителни објаснувањa, дека само идентификувала, темелно го испитала и ги известила надлежните органи за одредено однесување.

Неповрзано со првиот случај, банката објави дека до крајот на годината ќе престане да извршува парични трансфери до банките во Малта поради сознанија за можно перење пари во оваа островска земја.

Прикажи повеќе...

Економија

ТАВ: Македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките на светско ниво

Објавено пред

Македонските аеродроми, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со 17,8% пораст на бројот на патници во август 2019 годин,а се меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата на држави кои не се дел од ЕУ, објави Меѓународниот совет на аеродроми-Европа (ACI Europe) во нивниот најнов извештај за аеродромскиот сообраќај.

„Аеродромите во Украина (+25,1%), Северна Македонија (+17,8%), Албанија (+13%), Босна и Херцеговина (+12,1%) и Србија (+12%), се водечките пазари во групата земји кои не се дел од ЕУ, според порастот на патничкиот сообраќај – соопштија од ACI Europe.

Според анализата на оваа реномирана организација, скопскиот аеродром со 11,1% пораст на патничкиот сообраќај е меѓу најбрзорастечките поголеми аеродроми во главни градови на земјите кои не се дел од ЕУ, а имаат највисоко зголемување на бројот на патници во август 2019 година, и е во друштво на: Бориспил во Киев (+24,2%), Анталија (+15,3%), Тирана (+13%), Сараево (+12,2%) и Шереметјево во Москва (10,6%).

Од друга страна, охридскиот аеродром, со 60,9% пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, е еден од најбрзорастечките аеродроми во групата на мали аеродроми со под 5 милиони патници годишно, веднаш после Ниш (61,1%), а потоа следат Турку (60,3%), Харков (+38%), Задар (29,6%), и Мемингерберг (+25,8%), наведуваат од ACI.

Исто така, охридскиот аеродром, е еден од 20-те аеродроми во светот со највисок пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, разгледуван во 4-та група на ACI каде што се следните аеродроми: Таргу Мурес (168,9%), Таранто (163,6%), Фогиа (105%), Ниш (61,1%) и Охрид (60,9%).

„Извештајот за сообраќај на Меѓународниот совет на аеродроми-Европа уште еднаш ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во својата категорија и во групата на држави кои не се дел од ЕУ. Ова ја покажува постојаната напорна работа и заложбите на ТАВ Македонија и на ТАВ Аеродроми кон развој на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и во Охрид, привлекувањето нови авиокомпании и промовирањето на Македонија како туристичка дестинација. Ќе продолжиме да го подобруваме и усовршуваме квалитетот на нашите услуги и да одржуваме задоволството на патниците на високо ниво“ изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистиките за воздушен сообраќај на холдингот ТАВ Аеродроми, двата македонски аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, ги завршија првите 9 месеци од 2019 година со преку 2 милиона патници (2.052.829) и 13% пораст на бројот на патници на годишно ниво, додека за истиот период (јануари – септември) бројот на летови бележи пораст од 10%, односно достигна 16.895 летови.

Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во првите 9 месеци се Истанбул (двата аеродроми – Истанбул и Сабиха Гокчен) со 9,9% пазарен удел, Цирих (6,3%), Виена (5,8%), Базел (5,3%), Малме (4,1%). Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците во периодот јануари – септември 2019 година, со 62,2% пазарен удел, а потоа следат Turkish Airlines (7,0%), Austrian Airlines (5,8%), Germania Flug (4,0%), Pegasus Airlines (4,0%), Croatia Airlines (3,1%).

Прикажи повеќе...

Економија

Министерката Апостолска во посета на германската компанија „ВИК Груп“

Објавено пред

Одлуките да ги прошируваат своите производствени капацитети и да реализираат нови инвестициски циклуси на странските компании, кои веќе работат во земјава, се најдоба потврда за стабилното и предвидливо економско опкружување кое го создадовме преку активните политики за поддршка на инвестициите, истакна министерката Зорица Апостолска на вчерашната средба со менаџментот на германската компанија „ВИК Груп“, од каде што најавија планови наредната година да реализираат дополнителни инвестиции во проширување на производствените капацитети и асортиманот на производи на посточеката фабрика во ТИРЗ-Прилеп.

„Успешното работење на ВИК Груп, плановите за понатамошно технолошко унапредување на компанијата и отворањето на нови работи места за жителите од Пелагонискиот регион, испорачуваат реални економски ефекти за нашето стопанство, кои ќе значат и повисок животен стандард за граѓаните“, рече министерката Апостолска, притоа информирајќи ги претставниците на компанијата за можностите и придобивки кои им стојат на располагање со понатамошното развивање и унапредување на владините економски политики за поддршка на инвестициите.

Таа истакна дека преку програмите на Планот за економски раст, Владата и годинава продолжува да биде фокусирана на поддршка на стопанството, во чиј рамки преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите домашни и странски комапнии ќе бидат поддржани за реализирани инвестиции во 2018 година, кои ќе значат и отворање на нови и добро платени работини места достапни за граѓаните на Република Северна Македонија.

Посетата на компанијата министерката Апостолска ја искористи и да направи обиколка на фабриката, да се запознае со производствениот процес на мали електрични уреди кои наоѓаат примена во домаќинствата и се пласираат на светските пазари од страна на ВИК Груп.

„ВИК Груп“ е германска компанија со која министерката Апостолска во име на Владата потпиша Договор за државна помош во 2018 година, согласно кој компанијата преку пет годишен инвестициски циклус планира да вложи 12 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Заменик министерот за здравство, Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес конференција соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување...

Македонија2 часа

Судење ,,ТНТ“: Вештак тврди дека и со Нокиа 3310 може да се прислушува

Во кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ,,ТНТ” на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев предложен од обвинетите. Вештакот...

Македонија2 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора3 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија4 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа4 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион5 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија5 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт15 часа

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија18 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија19 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија19 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ21 час

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија21 час

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија21 час

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија22 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет1 ден

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ1 ден

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ1 ден

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Досие