Контакт

Економија

(Видео) Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Клубот на пратениците, заедно со градоначалниците на осум општини, потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел – услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од своето место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање нови работни места преку платена работа за давателите на овие услуги“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект што се работи заедно со поддршка на Светската банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10,8 милиони евра.

Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика, на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини почнува овој процес на соработка.

„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и лица со попреченост и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен – ранливите категории граѓани, старите лица, лицата со попреченост, но и секој граѓанин кому му е потребна поддршка“, порача Шахпаска.

Министерката информира дека оние општини што не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат в година.

Економија

Бесими: Економското заздравување од Ковид-19 ќе се спроведе преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита

Објавено пред

Преку четирите столба – Економско заздравување од Ковид-19, Забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и Развој на човечките ресурси и еднакви можности, ќе се спроведе Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст на македонската економија. Преку стратегијата, но и преку политиките за фискална консолидација и среднорочниот план за јавни инвестиции ќе се дејствува во насока на одржување на здравјето на граѓаните, економијата и општеството, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на почетокот на расправата за Предлог-буџетот за 2021 година на Комисијата за финансирање и буџет.

„ Новина на овој Буџет е неговата петгодишна рамка 2021-2025 и покрај предизвиците и непознаниците што ги носи кризата предизвикана од КОВИД-19 и се заснова на АБЦ-то на овие три среднорочни платформи: А.Фискална консолидација 2021-2025 година, Б. Попаметен раст 2021-2025 стратегија за закрепнување на економијата и одржлив раст и Ц. План за јавни инвестиции 2021-2025 година. Со ова, нашата главна цел е на среден рок да го забрзаме економскиот раст од 2-2,5% што била во последната деценија на 4-5% просечен годишен раст во следните пет години, притоа да постигнеме фискална консолидација за да обезбедиме одржлив и инклузивен раст“- рече Бесими.

Економското заздравување од Ковид-19 ќе се спроведе преку мерки за заштита на здравјето на граѓаните и социјалната заштита на најзагрозените категории, како и поддршка на економијата, приватниот сектор и заштита на работните места, посочи министерот за финансии. Предвидени се мерки и политики за забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, кои ќе бидат во насока на добро управување, владеење на правото, сузбивање на корупцијата и подигнување на капацитетот на институциите. Исто така, обезбедување на фискална одржливост, макроекономска и финансиска стабилност. Обезбедување и на локален и рамномерен регионален развој, одржлива и здрава животна средина и дигитализација на економијата и јавните услуги. Истовремено ќе се работи и на зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, на зајакнување на трговските врски и интеграцијата во глобалните синџири. Понатаму ќе се дејствува во насока на подобрување на деловното окружување и сузбивање на сивата економија, на подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите и модернизација на земјоделството, рече Бесими.

„ Инвестициите во човечки капитал остануваат меѓу врвните приоритети и во Стратегијата за ревитализација и забрзан раст. Ќе се работи на развој на еднакви можности, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образование, наука и здравство, поттикнување на поголема активност на работоспособното население и социјална заштита и социјално осигурување“ додаде Бесими и дополни дека со политиките и мерките кои ќе се спроведат во рамки на Стратегијата за ревитализација и забрзан раст или Попаметен раст – Smarter growth, ќе се придонесе кон реализација на целта за побрз и одржлив економски раст – двојно повисок во однос на просекот во изминатите десет години.

Бесими посочи дека ќе се врши и постепена фискална консолидација со која буџетскиот дефицит веќе следната година ќе се намали за 3,6 процентни поени.

Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3 отсто повисоки во однос на вториот Ребаланс во 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година. Вака планираните приходи и расходи резултираат со буџетски дефицит на ниво од 4,9 отсто од планираниот БДП или во апсолутен износ од 34,9 милиони денари или за 3,6 процентни поени понизок во однос на проектираното со вториот ребаланс од 2020.

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Инвестираме преку 50 милиони евра во патишта во Истокот за регионално поврзување со Бугарија

Објавено пред

Создаваме комплетна слика за патната инфраструктура во Истокот, инвестираме преку 50 милиони евра за поврзување на општините меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, како и за поврзување на бизнис секторот. Инвестираме во нова патна инфраструктура, инвестираме во добрососедство со Бугарија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Делчево.

Министерот потенцираше дека сите регионални правци се рехабилитирани во Источниот дел на државата за да се создадат услови за економски развој на пограничните општини како и отворање на нов граничен премин со Бугарија.

„ Изграден е првиот дел од експресниот пат Штип – Кочани, се гради и вториот дел кој е значаен за цела Источна Македонија и за поврзување со Бугарија. Ја реконструиравме обиколница Кочани, потоа регионалниот пат од Кочани до Делчево. Во Делчево ги реконструиравме сите регионални правци, го реконструиравме и патниот правец од Берово до Клепало каде создаваме можност за отворање на нов граничен премин со Република Бугарија и каде имаме заеднички интереси. Даваме комплетна слика на патата инфраструктура во Истокот, инвестираме околу 50 милиони евра за поврзување на општините меѓу двете страни на границите и за поврзување на бизнис секторот. Инвестираме во патната инфраструктура, инвестираме во добрососедство со Бугарија,” изјави Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Делчево, Горан Трајковски, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат од Делчево преку Бигла до Виница.
Министерот Бочварски потенцираше дека ова е многу важен проект за жителите од Делчево, Виница и неколку населени места што гравитираат околу овие општини. Инвестицијата е вредна 1,3 милиони евра.

За општина Делчево, реализираните проекти значат подобра економска поврзаност со пограничните општини од Република Бугарија.

„ Ова се најголемите вложувања во инфраструктурата во Делчево и во Истокот последите триесетина години. Во однос на патот од Делчево до Виница преку Бигла, тој е од особено значење за сите жители од двете општини како и неколку населени места што гравитираат овде. Патот ќе се прошири од 3 на 5 метри со што се создаваат нормални услови за сообраќај, поголема безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу Делчево и Виница” изјави Горан Трајковски градоначаликот на општина Делчево

Претходно, министерот оствари средба со градоначалникот на која разговраа за реконструкција на неколку локални улици во општината преку проектот за санација и изградба на локални патишта кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Митрески: Со буџетот за 2021 економијата и здравството се во нашиот фокус

Објавено пред

Предлог Буџетот кој денеска влегува во собраниска процедура е континуитет на одговорните политики на Владата, рече денеска Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Како што рече тој, предлогот предвидува ште посилна поддршка на здравствениот систем и уште поголема помош за домашната македонска економија.

„Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории, но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година“, посочи претставникот на владејачката партија.

Како што рече Митрески, предлог Буџетот за 2021 година пред себе има три клучни цели:

– Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани;
– Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата;
– Да се одржат и унапредат основните функции на државата и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи.

„Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост но и можности за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата. Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата овде во Собранието, да дадат поддршка и Буџетот за 2021 година да биде усвоен“, нагласи Митрески.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија3 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Македонија3 часа

Свршувачка со 30 и свадба со 90 гости – глоба за скопјани поради организирање собири

Скопското Обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица и еден угостителски објект поради организирање масовни собири за...

Македонија4 часа

За една недела, регистрирани 7.486 новозаразени, над 5.000 излекувани и 204 починати

Скопје и натаму e со најголем број нови случаи и највисока инциденца, a најзастапена возрасна група се лицата над 60...

Свет4 часа

Кина успешно лансира роботизирано летало на Месечината

Кина објави дека успешно лансирала ракета со робот за да собере примероци од камења од Месечината, со што ќе стана...

Македонија5 часа

Заев најави дека не сме далеку од договор со Бугарија, опозицијата бара со декларација да се утврдат позициите

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека не сме далеку од договор со Бугарија. Тој рече дека не се разговара за...

Свет5 часа

Администрацијата на Трамп одобри Бајден да почне со преземање на власта

Aдминистрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, даде формално одобрување новоизбраниот претседател Џо Бајден да почне со преземањето на власта....

Свет19 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет19 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија21 час

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион1 ден

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа1 ден

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија1 ден

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион1 ден

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија1 ден

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа1 ден

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион1 ден

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа1 ден

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија1 ден

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Досие