Економија
(Видео) Поглед кон иднината: Системот Night Vision во новиот Opel Grandland

– Премиера во Opel: Системот Night Vision, базиран на камера, дебитира во новиот Grandland
– Рано детектирање: До 100 метри со инфрацрвена визија
– На прв поглед: Целосните функции на Night Vision и предностите прикажани во кратко видео
– Двојна безбедност: Night Vision и IntelliLux LED® Pixel светла ја претвораат ноќта во ден
Новиот Opel Grandland е опремен со најсовремени технологии и системи за помош при возење кои го прават возењето поудобно, полесно и пред сѐ побезбедно. Една од овие технологии што посебно „сјае“ сега во зима кога е темно и видливоста е послаба е “Night Vision”. Новиот SUV предводник, кој е достапен и како моќен и ефикасен plug-in хибрид, е првиот модел на Opel што го има системот “Night Vision”. Како и прилагодливите IntelliLux LED® Pixel светлата, им помага на возачите на Grandland да ги забележат луѓето и животните неколку моменти порано. Двата системи ја претвораат ноќта во ден и ја зголемуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот во самрак и во темница.
Opel визирот со Night Vision и IntelliLux LED® Pixel светла
Новиот Opel Grandland комбинира елегантен, храбар дизајн со врвни технологии. Не само што новото лице на брендот Opel визирот, веднаш привлекува погледи, туку и паметно интегрира иновативни системи, правејќи ги практично невидливи за голо око и на тој начин беспрекорно обединувајќи го дизајнот и технологијата.
Еден од нив е системот “Night Vision” базиран на камера, кој ја слави својата премиера во Opel Grandland. Видеото на YouTube покажува како функционира системот “Night Vision” и предностите што ги нуди за нешто помалку од една минута.
Инфрацрвената камера сокриена под Opel визирот го прави возењето ноќе побезбедно, особено на лошо осветлени патишта како што се селските патеки или во шума. “Night Vision” системот детектира луѓе и животни до 100 m, врз основа на нивната температурна разлика од околината.
Штом камерата ќе детектира пешак, велосипедист или животно на страна на патот, ја покажува нивната позиција во 12“ информативен центар за возачот во дигиталната пилотска кабина Pure Panel.
Лицето или животното пред возилото се означени во боја, јасно се разликуваат од околината. Со овој систем (кој во Германија е достапен за моделите со Ultimate и Business Elegance ниво на опременост) возачите на Grandland можат да препознаат потенцијално опасна ситуација неколку моменти порано и да ја прилагодат својата брзина или да преземат заобиколни активности навреме.
“Night Vision” системот е достапен во новиот Grandland во комбинација со прилагодливите IntelliLux LED® Pixel светла. Исто така, интегрирана зад Opel визирот, пионерската технологија за осветлување со 168 LED елементи – 84 по предно светло – обезбедува беспрекорна адаптација на светлосниот зрак според ситуацијата при возење и околината, без при тоа да се прави отсјај за да не се заслепат другите учесници во сообраќајот. Матричната функција прецизно го исклучува светлосниот зрак за сообраќајот од спротивната страна во милисекунди, додека другите области остануваат целосно осветлени со долгото светло.
Заедно, двата система обезбедуваат двојна безбедност, претворајќи ја ноќта во ден и обезбедувајќи релаксирано возење во секое време, дури и при неповолни светлосни услови.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Лагард: Криптовалутите не вредат ништо

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ниту дeнар.
„ Мојата многу скромна проценка е дека тоа не вреди ништо“, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“.
„Тоа не се заснова на ништо“, додаде таа. „ Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста“.
Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства. Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година.
„ Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира“ рече Лагард.
Скептицизмот на поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд кон криптовалутите не е нов. Таа претходно изрази загриженост поради влијанието на дигиталните валути врз животната средина, како и нивната потенцијална употреба во перење пари и избегнување санкции.
Претседателката на Европската централна банка денеска ги отфрли шпекулациите дека еврозоната се движи кон рецесија.
Економија
Грција одлучи да го плати рускиот гас во рубли, објавија агенциите

Сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлија на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли и нема да има прекини во снабдувањето, пренесуваат агенциите.
Извор од гасната индустрија во изјава за „РИА Новости“ кажал дека сите грчки компании кои увезуваат руски гас се префрлиле на нова процедура за плаќање на „Гаспром“ во рубли.
Изворот за агенцијата навел дека рокот за плаќање за испорака на гас е 25 април и дека затоа е неопходно парите да се уплатат на посебна сметка на 23 мај, бидејќи конверзија во рубли и префрлање пари од една сметка го продолжува рокот за еден до два дена.
„Потребни се два дена за да се претворат во рубли и да се префрлат пари од една на друга сметка. За да се направи ова, плаќањето во евра треба да пристигне на 23 мај“, објаснил тој.
Во Грција, трите главни увозници на руски природен гас се „ДЕПА Комерц“, „Митилинеос“, „Прометеј Гас“, пренесува агенцијата.
Според изворот, сметките се отворени а процесот на плаќање е во тек, пишува медиумот.
Коментирајќи ги објавите на грчкиот печат дека во случај на прекин на испораката на руски гас, грчките власти ќе бидат принудени да ја исклучат електричната енергија поради недостаток на капацитет, соговорникот на агенциите изјавил: „Нема да има прекин на залихи, се е во ред“.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.5.2022 година.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалува 1,00 ден./л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 ден./л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 ден./л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,624 ден./кг и сега ќе изнесува 54,963 ден./кг.
Од 24.5.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 97,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 54,963 (денари/килограм)