Контакт

Економија

(Видео) Ристова: ВМРО-ДПМНЕ против работниците, упорно ги кочи измените за недела неработен ден

Објавено пред

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи против работниците, против граѓаните и нивните интереси, изјави денеска Лолита Ристова, пратеничка од редовите на СДСМ.

„Со денови пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика ги кочат измените на Законот за работни односи за недела неработен ден. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците што упорно ги кочи овие законски измени? Овие законски измени овозможуваат 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Од каде толку злоба кај ВМРО-ДПМНЕ кон овие работници кои чесно си ја заработуваат платата? Не е ова ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување“, истакна Ристова.

Според Ристова, ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравственииот персонал, против припадниците на Армијата.

Едноставно, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не им е важен никој, вели таа, не им е важно ништо освен, како што додава, нивните лични и партиски интереси.

„Со вакво неодговорно, деструктивно однесување на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја чека нов пораз од граѓаните“, потенцира Ристова.

Економија

Владата: Граѓаните не треба да стравуваат од рестрикции на струја, вклучен и вториот блок на „РЕК Битола“

Објавено пред

Во насока на обезбедување стабилност на електроенергетскиот систем, од денеска во функција е ставен и вториот блок на РЕК Битола, што значи дека комбинатот работи со двата блока како што беше предвидено, соопшти Владата.

Од таму додаваат дека граѓаните нема потреба да стравуваат бидејќи количините на електрична енергија за нив се обезбедени во целост од страна на АД ЕСМ и тоа по цена од 36 евра за мегават час.

„Во моментот цените се четири до пет пати повисоки од таа цена, и ова е само показател дека Владата направила добра проценка воведувајќи го Универзалниот снабдувач, кој ги штити домаќинствата и малите потрошувачи. АД ЕСМ моментално ги задоволува потребите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за снабдување на домаќинствата. Дополнително, кај нас се веќе преземени голем дел од мерките што ги препорача Европската комисија за земјите членки за заштита од ценовните удари со електричната енергија. Донесена беше и мерка за намалување на ДДВ кај електричната енергија во јули годинава. Целта на оваа мерка беше токму заштита на стандардот на граѓаните, односно да се овозможи пониска цена и намалување на трошоците на домаќинствата“, пишува во владиното соопштение.

Ние како држава, велат од Владата, не можеме да влијаеме на случувањата на светските берзи и токму затоа, како што додаваат, се прават напори преку АД ЕСМ и зголемувањето на производството да се обезбедат дополнителни количини на електрична енергија кои ќе го амортизираат ценовниот шок и на компаниите.

„Како резултат на соработката со Стопанската комора и Владата, договорено е да се преземат мерки да се обезбеди поевтина домашна електрична енергија преку АД ЕСМ, односно со зголемување на производството на државната енергетска компанија, со цел да се заштити стопанството и стопанските субјекти. Со новите насоки, АД ЕСМ, како гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, планира дополнително производство од декември 2021 до април 2022 година, за што беше и објавен меѓународен јавен повик за набавка на јаглен за работа на третиот блок во РЕК Битола и за продолжување на работењето на РЕК Осломеј. Со оваа произведена енергија треба да се зацврсти електро-енергетскиот систем, додека дополнителните количини, односно вишоци, АД ЕСМ ќе ги продаде на слободниот пазар за македонските компании и со тоа ќе оствари приход за компанијата и за државата“, потенцираат од Владата.

Додаваат дека количините на јаглен за Осломеј ќе се обезбедат, додека за количините на јаглен за Битола објавен е нов повик и се прават сериозни напори преку соработка на политичко ниво со соседните земји да се обезбедат и овие количини јаглен.

Информираат дека како дел од соработката со Стопанската комора се анализираат и можностите за обезбедување мазут во најкус можен рок,за да може и ТЕЦ Неготино да се вклучи и да работи со целосниот капацитет. Во наредниот период од две недели очекуваме и ТЕЦ Неготино да започне со пробна работа, имајќи предвид дека последен пат работела во 2009 година.

Во однос на повлекувањата на електрична енергија од регионалните системи, од Владата информираат дека постојат правила за балансирање кои произлегуваат од Законот за енергетика.

Напоменуваат дека додека трае изборниот период, Владата не може да носи мерки со кои е предвидено финансиски зафаќања од буџетот и таквите мерки, доколку се усвојат, како што прецизираат, ќе бидат донесени по изборите.

„Ги уверуваме граѓаните, како и стопанствениците, дека државата е и ќе продолжи да биде партнер со сите засегнати страни за да изнаоѓаме решенија сè со цел зачувување на благосостојбата на граѓаните. Состојбата се следи, се одржуваат редовни состаноци помеѓу сите чинители во енергетскиот сектор со цел изнаоѓање најоптимални решенија поради проблемот настанат пред сè на светските берзи со електрична енергија“, стои во писмениот допис од владините служби.

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на бензините останува иста

Објавено пред

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.10.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,633 денари/килограм и сега ќе изнесува 42,377 ден./кг.

Од 26.10.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар)

Дизел гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) 0 68,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 68,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 42,377 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Извршниот директор во ММФ: Централната банка дејствуваше соодветно за време на кризата, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења

Објавено пред

Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за време на корона-кризата со мерки за поддршка, што придонесе за одржување на целокупната стабилност“ – истакна Пол Хилберс, извршен директор во Меѓународниот монетарен фонд за Конституенцата во којашто членува нашата земја. Тој додаде дека „тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е внимателно следење на инфлациските движења“.

Овие констатации беа дадени за време на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка, на кои учествуваше тимот на Народната банка предводен од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Оваа година, како и минатата, средбите се одржуваат виртуелно поради пандемијата.

Извршниот директор Хилберс посочи и дека одржувањето на независноста на Народната банка е висок приоритет и дека ММФ ја цени стручноста и истрајноста на раководството и стручниот тим на Народната банка, особено во напорите да се надминат ефектите на корона-кризата.

„Народната банка спроведе политики и неуморно работеше заедно со централните банки од Европската Унија за надминување на негативните ефекти предизвикани од корона-кризата. ММФ оддава особено признание за овие залагања. Професионалноста, стручноста и посветеноста се на највисоко ниво кога станува збор за одлуките што ги спроведува Народната банка. Исто така, даваме целосна поддршка за мерките на монетарната политика за одржување на макроекономската и финансиската стабилност“ – нагласи извршниот директор.

За време на состаноците, посебно внимание им беше посветено на најновите проекции на ММФ, што укажуваат на натамошно закрепнување на македонската економија, во услови на поволно надворешно опкружување, поголема доверба и стимулативните мерки од политиките. Проекциите укажуваат и на намалување на инфлациските притисоци и стабилна надворешна позиција на економијата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека Народната банка внимателно ги следи економските случувања и потврди дека економските изгледи се во согласност со очекувањата на ММФ. Таа истакна дека со оглед на целокупната неизвесност предизвикана од пандемијата на ковид-19, Народната банка и понатаму внимателно ќе ги следи сите показатели, вклучително и движењето на цените и инфлациските очекувања. Централната банка е подготвена да реагира доколку е потребно.

Министерот Фатмир Бесими, кој го предводи тимот на Министерството за финансии, исто така учествуваше на Годишните средби на ММФ и Светската банка.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина штити и дека е сигурна за деца

Компанијата „Модерна“ ги објави позитивните резултати од својата вакцина против коронавирус кај деца на возраст од шест до 11 години...

Македонија3 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија5 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет6 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија8 часа

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ8 часа

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија9 часа

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет10 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет11 час

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет11 час

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион22 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион1 ден

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија1 ден

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ1 ден

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион1 ден

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион1 ден

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет1 ден

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ1 ден

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Досие