Контакт

Економија

(Видео) Со полиција сметководителите ги спречија колегите да влезат на седницата, тензично во хотелот „Порта“ 

Објавено пред

Со полиција и приватно обезбедување сметководителите спречија некои од своите колеги од Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) да влезат на денешната седница на собранието. Иако се членови на Институтот, тие не добиле покани, па обвинуваат дека и денешната седница е продолжение на низата скандали со непотизам, нетранспарентно работење и финансиски криминали што го тресат Институтот. Атмосферата во хотелот „Порта“ беше тензична, голема екипа полицајци го следеа обидот на сметководителите да влезат на седницата, а приватно обезбедување, пак, не дозволуваше никој да се доближи до вратата зад која почна седницата.

„Во изминатите две години, ИСОС, наместо да ја врши функцијата за која е создаден – за унапредување на сметководствената професија во Република Македонија, во своето работење се соочува со сериозни неправилности, непотизам и нетранспарентност во изборот на органите на ИСОС, финансиски криминал и слично, нешта за кои Министерството за финансии веќе реагира и по чии забелешки требаше да се постапи. Но, наместо почитување на записникот, работата на Институтот целосно се блокира. Се одржа скандалозното собрание на 3 мај, каде што ниту еден став на подружниците не беше исполнет, спротивно на Статутот на ИСО, а намерата и за денешното нелегитимно закажано собрание е иста, зад затворени врати и под притисоци и манипулации да се изгласаат одлуки и акти за исполнување нечии лични интереси. Затоа, денес, стоиме тука, во знак на протест и незадоволство, го повикуваме Министерството за финансии како надлежен орган да им даде привремена мерка на сите акти што денес ќе се изгласаат сè до записникот од инспекцискиот надзор“, рече Сандра Андреева во име на сметководителие на кои не им беше дозволен влез на седницата.

Сметководителите бараат Министерството за финансии да направи инспекциски надзор за законитоста на денешното собрание и итно да интервенира во темелна промена на Законот за сметководствените работи поради неговата очигледна нефункционалност.

Собранието беше затворено и за медиумите. Иако обезбедувањето дозволи новинарските екипи да влезат на седницата, Маја Георгиевска, која претседаваше, ја прекина седницата и побара новинарите да излезат за да може да продолжи. Нејзините помошници најавија дека ќе испратат соопштение за медиумите во текот на денот.

Неофицијално, на дневен ред на денешната седница има три точки, односно разгледување на записникот од претходниот состанок, разгледување на моментната состојба во еснафот, идентификација на проблемите и предлози за надминување и точката разно. И на оваа седница нема точка самораспуштање на сите тела според насоките од подружниците и избор на сосема ново раководство на Институтот за надминување на утврдените неправилности – непотизам, финансиски криминал и нетранспарентно работење. Институтот нема претседател оти во мај Ленче Папазоска си поднесе оставка, а нов претседател не е избран. Во исто време кога таа поднесе оставка, Управата за финансиска полиција против неа поднесе кривична пријава оти од сметката на Институтот префрлала пари што завршувале на сметки на физички лица што не извршиле никакви услуги за Институтот. Кривична пријава до Основното јавно обвинителство поднесе Управата и против С.М., овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на Интернационална стопанска комора во Република Македонија (ИСК Македонија), кое помагало во извлекувањето на парите од сметката.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

На 60 илјади евра зголемено учеството на земјава во Фондот за Западен Балкан

Објавено пред

На денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за зголемување на учеството на државите членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности.

Во оваа насока, Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи, во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан, да ја потврди подготвеноста на државава, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од 60.000 евра годишно, односно 3.690.000 денари во денарска противвредност.

Прикажи повеќе...

Економија

Формирана комисија која треба да спроведе постапка за изградба на систем за дистрибуција на природен гас

Објавено пред

На денешната владина седница донесено е решение за формирање комисија за спроведување на постапката за доделување договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.

Како што информираат од владината прес-служба, комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата по пат на јавен повик за избор на јавен партнер со постапка на конкурентен дијалог со е–аукција.

Комисијата треба да подготви јавен повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите, како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на јавен партнер за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во државата или предлог за поништување на постапка.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Градиме партнерски односи меѓу институциите и бизнисите

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за образование, Арбер Адеми, денеска на покана на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО) оствари работна средба на којашто заедно со претставниците на бизнис-заедницата, разменија размислувања и предлози за подобрување на бизнис-климата и унапредување на економскиот развој на земјата.

Како што информираат од владината прес-служба, Заев ги пренел заложбите на Владата за градење партнерски однос помеѓу институциите на системот и бизнисот што го оценил како важно за унапредување на заедничката соработка.

„Владата е тука за да им служи на граѓаните и компаниите. Нашите политички цели се поврзани со целите на бизнисот, а тоа е сè поголем број вработувања на наши граѓани, поголем раст на БДП, раст на извозот и потрошувачката. Сите овие параметри по решевањето на политичките прашања се со нагорен тренд и очекуваме да продолжи растот бидејќи севкупниот амбиент во државата се подобрува“, нагласил премиерот Заев и ги потенцирал големината и важноста на традиционалното пријателство на нашата земја со Република Турција.

Вицепремиерот Анѓушев порачал дека растот на БДП, од минусно салдо во 2017 изнесува 3,7% во последниот квартал од 2018, што како што кажал, е резултат на растот на реалната економија и приватниот сектор.

„Ве повикувам да аплицирате за мерките за поддршка од Планот за економски раст. Законот го проширивме и сега може да аплицираат за поддршка и преработувачките капацитети на земјоделски производи оние што не користат средства од ИПАРД-програмите и компаниите од ИТ, бидејќи со измените и софтверот го дефиниравме како производ. Исто така и во делот на критериумите коишто значеа број на вработени, има олеснување“, рекол Анѓушев.

Од владината прес-служба соопштија дека на работната средба од страна на претседателот на Стопанската комора на Македонија – Турција, Ајдован Адемовски, била претставена комората којашто брои 100-тина компании членки кои вработуваат 10.000 граѓани и ги потенцирал заложбите за унапредување на заедничката соработка и партнерските релации, кои, како што рекол, ќе вродат со сериозно учество на приватниот сектор за зголемување на економскиот развој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Финансиската полиција денес добила пријава за контрола на работењето во ИВЗ

Управата за финансиска полиција денес добила пријава со барање за финансиска контрола во Исламската верска заедница(ИВЗ). Од Управата демантираат дека...

Македонија16 минути

Бузаку: Објектот на ИВЗ е под окупација

Самопрогласенот поглавар на Исламската верска заедница, Скендер Бузаку, кој е назначен на оваа функција со решение од Судот, во изјава...

Македонија45 минути

ИВЗ: Невозможно е Реџепи да се сретне со Бузаку

Портпаролот на Исламската верска заедница, Агрон Војника, за „Макфакс“ вели дека е невозможно реисот Сулејман Реџепи да оствари средба со...

Македонија2 часа

Комисијата за односи со верските заедници демантира вмешаност во превирањата во ИВЗ

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи демантира каква било вмешаност во настаните во Исламската верска заедница. Од...

Свет2 часа

(Видео) Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со блиндиран воз пристигна во Русија, каде што утре во Владивосток ќе се сретне со рускиот...

Македонија16 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет22 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија23 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ23 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ23 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија1 ден

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет1 ден

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион1 ден

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет1 ден

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет1 ден

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ2 дена

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа2 дена

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20192 дена

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет2 дена

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Досие