Контакт

Економија

(Видео) Стојаноски: Во моментов, на чело на ССМ е човек кој се обидува да гради политичка кариера

Објавено пред

Денешната блокада нема да ја спречи Владата да продолжи со заложбата за раст на платите. Напротив, ние ќе продолжиме да работиме на поголем економски раст од досегашниот кој ќе овозможи зголемување на сите плати во државата, а не само на минималната, изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, од страна на раководството на ССМ нема ниту еден нов договор со кој тие самостојно избориле зголемување. Вели дека нема ниту една конкретна победа издејствувана преку преговори и смета дека работниците заслужуваат синдикален лидер кој ќе седи на маса и ќе договара проценти, рокови и гаранции.

„Во моментов, на чело на ССМ е човек кој се обидува да гради политичка кариера преку конфронтација во име на трудот на работниците. Да бидам јасен: Ние не бегаме од дијалог. Ние не бегаме од разговор за минимална плата. Но минималната плата мора да се договара институционално, во Економско-социјалниот совет, меѓу работодавачите и синдикатите, со Владата како посредник. Решението мора да биде одржливо за сите инволвирани, за работниците, за работодавачите, за буџетот, за економијата во целост. Популизам со говори е лесен. Потпишан договор што важи четири години значи сериозен пристап, предвидливост и одговорност кон сите чинители. Владата како работодавач ќе продолжи со системски зголемувања на платите, но и почитување на склучените колективни договори“, рече Стојаноски.

Тој вели дека ССМ ги напаѓа дека кога биле опозиција, ВМРО-ДПМНЕ го поддржувала Синдикатот на протестите, а сега наводно тоа не било случај.

„Точно е, кога тие протестираа од 2020 до 2024 година, ние излеговме пред Собранието, пред Министерството за финансии, изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Како што можете да видите на фотографиите, остварувавме бројни средби и кога бевме во опозиција, а особено тие средби се интензивираа откако ја преземавме власта. Ги поддржувавме и заедно спречивме многу штетни политики кои сакаше да ги имплементира тогашната власт. Го критикувавме тогашниот криминален систем на СДС и ДУИ, затоа што не ги почитуваше колективните договори и затоа што платите доцнеа со месеци. Но, ајде да ја поставиме суштинската разлика. Тогашното барање на ССМ беше линеарно зголемување од 2.806 денари по вработен во јавниот сектор, што можете да го видите од амандманот којшто беше изготвен од нив, а поддржан од наша страна. Истовремено може да се види како на официјалната веб страна на ССМ тие дури и јавно ни се заблагодаруваат на нас, неколкумина, кои тогаш застанавме рамо до рамо со нив“, рече тој.

Денес, додаде Стојаноски, две години откако ја водиме државата, фактите се следни: во општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, платите се зголемени во просек за околу 5.000 денари по вработен, вработените во образованието добија колективен договор со кој тие во основното и средното образование ќе имаат од 46% до 60% повисоки примања во рок од четири години, вработените во високото обрасование добија покачување за минимум 14%, здравствените работници ќе добијат 40 до 50% повисоки плати во еден мандат, со склучениот колективен договор од оваа Влада, полициските службеници добија 10% зголемување, социјалните работници добија 20% повисоки плати, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување преку посебни колективни договори, околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира покачување на платите за 40%, за 2 години и 3 месеци, кој трае до 2028 година, испочитувани се во целост сите колективни договори кои претходната власт ги игнорираше, во одбраната, културата и други институции и платите денес се исплаќаат редовно, без доцнење со месеци како што беше во времето на СДС и ДУИ.

Според Стојаноски, сите овие зголемувања на платите се многу поголеми од тоа зголемување што тогаш го барал ССМ, а уште поважно, додаде тој, до крајот на мандатот ќе го надмине целосно барањето кое што сега го има Трендафилов.

„Сега прашањето е многу едноставно: Ако тогаш барањето беше 2.806 денари, а денес зголемувањата се значително поголеми од тоа, каде е проблемот? Вистината е следна: Ние како опозиција поддржувавме борба за повисоки плати затоа што имаше неправда. Денес, како власт, ние не ветуваме на улица, ние реализираме преку договори, проценти и потпишани колективни спогодби“, рече Стојаноски.

Најново

Забава6 минути

(Видео) Славниот кошаркар во Дубровник: Сега сум Шекил О’Ниловиќ, ги сакам Хрватите

На интернет се појави видео од кошаркарската легенда и диџеј Шекил О’Нил, кое ги воодушеви Хрватите. „Јас не се викам...

Култура14 минути

Филм, театар и музика вечерва на Скопско лето

Вечерва, 17 јули, ќе се одржат три настана на програмата на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Во Кинотека на...

Македонија17 минути

По 10-минутна потера фатен косовскиот државјанин кој насилно ја преминал границата и повлекол цариник со возилото: пронајдена дрога и оружје

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал...

Македонија23 минути

Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи...

Спорт25 минути

„Лапорта многу добро знае каде ќе игра Алварез следната сезона“

Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина,...

Македонија27 минути

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,...

Топ33 минути

Кривична против вработена во Министерството за здравство: не извршила контрола во фирма за производство на медицински канабис

НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно...

Спорт40 минути

ФИФА пред финалето дополнително го „американизираше“ Светското првенство

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите...

Македонија1 час

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни...