Контакт

Економија

(Видео) Трипуновски: Со продажбата на државното земјоделско земјиште Заев им ја дава земјата на олигарсите и странците со сомнителен капитал

Објавено пред

Зоран Заев ја распродава Македонија. Со новиот предлог-закон земјоделското земјиште со коешто се овозможува продажба на државното земјоделско земјиште на домашни и странски лица ја остава државата без земја, а вистинските земјоделци кираџии, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

„Според законот што го предлага Заев државното земјоделско земјиште ќе може да се купува по цена од едно евро за метар квадратен, и тоа за земјиште од 1 и 2 класа, земјиштето од 3 и 4 класа ќе биде со почетна цена од 0.5 евра, а земјиштето од 5 до 8 класа по цена од 0.2 евра за метар квадратен. Ова се почетни цени, кои може да бидат уште пониски доколку на првиот, вториот или третиот оглас никој не се јави за купување“, рече Трипуновски.

Според него, Заев буквално ќе овозможи најубавите парцели на земја, најплодната македонска почва да се распродава по багателни цени.

„Имено, со предложеното законско решение владата, односно министерството си дава за право со непосредна спогодба, и тоа во четири очи, да продава земјиште за стратешки цели по едно евро за м2. Замислете едно евро за метар квадратен на стратешки инвеститори“, истакна тој и додаде дека со законот власта става ограничување и за вистинските земјоделци коишто живеат од земјиштето.

Трипуновски објасни дека на продажба ќе бидат ставени големи површини за продажба, но кои се неекономски исплатливи за македонските земјоделци, бидејќи, како што вели, Заев со погубните политики изминативе години ги довел до просјачки стап.

Тој обвини дека целата земја ќе се земе од крупните олигарси и странци со сомнителен капитал, а вистинските земјоделци ќе бидат кираџии на сопствената земја во сопствената држава.

„Со овој закон Заев креира ситуација неколку луѓе моќници да можат да го приграбат целото земјоделско земјиште во Република Македонија. Па така земјиште ќе може да купат моќници со сомнителен капитал, но не и чесните земјоделци од Василево, Долнени, Лозово, односно македонските земјоделци“, рече Трипуновски.

Тој предупредува дека овој закон е штетен за иднината на државата, но и за иднината на македонските земјоделци и како партија бараат веднаш да биде повлечен од процедура.

Економија

Средба Бектеши-Насуј: Билатералната трговија помеѓу двете земји е со континуиран раст

Објавено пред

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Букурешт, оствари работна средба со министерот за економија, претприемништво и туризам на Романија Клаудиу Насуј.

Средбата се одржа во рамки на настанот „Унапредување на економската и трговска соработка помеѓу Северна Македонија и Романија“ како почеток на еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи “Недела на македонски произзводи“ во Букурешт.

Министерот Бектеши и неговиот колега Насуј разговараа за економските односи меѓу двете земји и можностите за одржување на позитивниот тренд на развој, како и зголемување со нови содржини од заеднички интерес.

Романија е 10-ти најголем трговски партнер на Северна Македонија, а билатералната соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст во последните десет години.

Министерот Бектеши изрази очекување дека оваа билатерална соработка ќе продолжи со позитивен тренд во наредниот период и дополнително ќе се продлабочи и изрази надеж дека Романија како пријателска земја ќе сподели искуства од Европската Унија, особено што Северна Македонија е на пат за влез во Унијата.

Министерот Бектеши го информираше својот романски колега за економските потенцијали на Северна Македонија и посочи дека Владата креира предвидливи политики за директна поддршка на домашните и странските инвеститори, посебно за високо технолошките и извозно ориентирани компании. Истовремено, како што посочи министерот Бектеши се работи на унапредување на царинските и даночни политики, со што целосно се влијае на попозитивна деловна клима во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нептун Македонија“ ја почна својата хумана мисија – „Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца“!

Објавено пред

„Нептун” Македонија ја започна својата хумана мисија – Ајде заедно да креираме подобро утре за сите деца!

По воспоставената соработка помеѓу “Нептун” Македонија и СОС Детско село, тимот на Нептун заедно со децата и младите од СОС Детско село навиваа за нашата држава на Европското првенство и со сето срце ја бодреа нашата репрезентација.

Во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените, заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори го гледаа првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на “НЕПТУН” Македонија како иницијатор на овој настан беа обезбедени сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање. Сите заедно се погриживме да бидат следени и испочитувани сите мерки и протоколи за безбедност. Домашната атмосфера успеавме да ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и пративме огромна доза на позитивна енергија за нашите репрезентативци.

Нептун како компанија постојано се вклучува во процесот за општествена одговорност и тоа останува една од нашите примарни одговорности и основа на која ги надградуваме сите останати активности преку кои се обидуваме да го подобриме квалитетот на животот во средината во која работиме. Сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите во рамките на оваа соработка продолжуваат, да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот!

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15% во однос на минатата недела.

Така, цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат половина денар за литар, а литар дизел и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат за цена повисока еден денар.

Малопродажната цена на мазутот, пак, се зголемува 0,348 ден./кг и сега ќе изнесува 35,237 ден./кг.

Од вечерва по полноќ (15 јуни) цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин „евросупер БС-95“: 68,50 денари/литар

Бензин „евросупер БС-98“: 70,50 денари/литар

Дизел „евродизел БС“ (Д-Е V): 61,50 денар/литар

Масло за горење ЕЛ-1: 61 денар/литар

Мазут: 35,237 денари/килограм

Oд Регулаторната комисија информираат дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот 1,377 %, дизелот 2,116 %, екстра-лесното масло 2,606 % и кај мазутот зголемувањето е 1,029 %.

Во истиот период, пак, курсот на денарот во однос на доларот е повисок 0,265 %.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Македонија1 час

Започна Северноатлантскиот совет на НАТО

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинашниот Самит на...

Свет3 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија3 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа3 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија5 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија5 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион6 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија6 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија8 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет8 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија9 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт20 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт21 час

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт21 час

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Досие