Контакт

Економија

(Видео) Трповски: ЕЛЕМ продаде вишок електрична енергија за над 2 милиони евра

Објавено пред

Акционерското друштво „Електрани на Македонија“ на 4 јули продаде вишоци електрична енергија во количина од 35 400 мегават часови, за вкупна сума од 2. 079. 000 евра, информира директорот за производство на АД ЕЛЕМ, Благојче Трповски. Тој рече дека просечната цена која била постигната е 58.73 eвра за мегават час и појасни дека продажбата била поделена на два лота.

„Во првиот ЛОТ се продаваше електрична енергија за август и во овој ЛОТ беше постигната цена од 65 eвра за MWh. Во вториот ЛОТ се продаваше електрична енергија за септември и овде се постигна цена од 54,85 eвра за MWh“, посочи  Трповски.

Директорот за производство на АД ЕЛЕМ нагласи дека ова е четврта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава.

„До овој момент, практично првата половина на 2018, ЕЛЕМ продаде вкупно 205.560 MWh со вкупен приход за ЕЛЕМ од 10.799.558 евра. Што се однесува до изминатиот период, во изминатите неколку години или имаше многу малку или воопшто немаше продажба на вишоци електрична енергија од страна на ЕЛЕМ, така што ова го сметаме за значаен успех на ова раководство и значајно постигнување на компанијата и нејзиното производство“, истакна Трповски.

Додаде дека целта е и натаму да се продолжи со ова темпо и електрична енергија да се продава и во следните месеци.

„Веруваме дека сето тоа ќе придонесе за финансиските резултати на компанијата, без притоа да ги нарушуваме домашните обврски, односно производството за тарифните потрошувачи”, кажа директорот за производство на АД ЕЛЕМ.

Економија

ММФ одобри пакет помош за Украина

Објавено пред

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри пакет помош за Украина од вкупно 3,9 милијарди долари. Првата транша од 1,4 милијарди долари ќе биде исплатена веднаш.

„Програмата предвидува вкупен заем од 3,9 милијарди долари во период од 14 месеци“, соопшти ММФ.

Фондот во октомври даде зелено светло за реализација на програмата за Украина која излегува од тешката криза и која е соочена со долгови до 2020 година. Украина во 2014 година ја зафатија големи немири, што доведе до промена на власта. Претходните четири години, пак, се соочуваше со големи економски проблеми.

На Украина во претходните години ѝ беа уплатени 6,7 милијарди долари во рамки на тригодишната кредитна програма.

Прикажи повеќе...

Економија

Обезбедени 6,2 милиони евра за исплата на субвенции за неколку мерки за поддршка на земјоделството

Објавено пред

На денешната владина седница се обезбедија 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.

Со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година.

До крајот на оваа недела, како што е најавено, ќе почне исплатата на овие субвенции.

Прикажи повеќе...

Економија

За две недели истекува рокот за регистрација во системот на УЈП

Објавено пред

УЈП ги потсетува граѓаните дека наближува крајниот рок за регистрација во системот Е-персонален данок, 31 декември.

Од таму информираат дека покрај шалтерите лоцирани во регионалната дирекција во Скопје, отворени се и дополнителни шалтери во: општина Ѓорче Петров – во зградата на Урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и општина Аеродром – во општинската зграда на вториот кат. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31 декември, со работно време од 8 до 18 часот.

Шалтерите во општина Кисела Вода – барака број 4, општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и општина Чаир се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 8 до 16 часот.

Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и во Битола работат од 7 до 21. 30 часот. Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 декември, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.

Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12. и 29.12. со работно време од 8 до 14 часот.

На следниот линк е и распоредот на вонредниот возен ред на „Мобилен даночен шалтер“ кој ги посетува населените места во Скопје, каде што Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии – http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Пировска: Власта си ја презема улогата на делител на правдата

Власта си ја презема улогата на делител на правдата и со тоа ги премина границите до каде што може да...

Европа43 минути

Постигнат договор во ЕУ: Се забранува пластиката за еднократна употреба

Европската Унија постигна договор за забрана за користење на пластика за еднократна употреба, како што се пластичните чинии и сламки,...

Топ1 час

Полицаец загина во железничка несреќа кај Маџари

Полициски службеник од Полициската станица Гази Баба загина во железничката несреќа што утрово се случи на преминот Маџари во Скопје....

Свет1 час

Трамп формираше вселенска команда во Пентагон

Претседателот на САД, Доналд Трамп формираше вселенска команда во рамките на Пентагон со цел подобро да ги организира и да...

Македонија2 часа

Голем одрон на патот Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин

Поради голем одрон патниот правец А3 Каменица – Делчево е затворен за сообраќај. Лесните возила може да се движат преку...

Свет13 часа

Се затвора проблематичната добротворна фондација на Трамп

Хуманитарната фондација на американскиот претседател, Доналд Трамп, прифати да биде затворена по наводите за злоупотреба на финансиски средства, јави Би-би-си....

Македонија16 часа

Пратениците едногласно го донесоа Законот за амнестија

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците го донесоа Законот за амнестија. Пратениците од Алијанса за Албанците,...

Македонија17 часа

(Видео) Села: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно

Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира уставните измени

ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група донесоа одлука да не учествуваат во процесот на уставните измени, истакна на прес-конференција пратеникот...

Македонија19 часа

Царинската управа отвори истрага за Трајковски, гостинот на Груевски во Будимпешта

Царинската управа вчера отвори истрага за царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран со експремиерот Никола Груевски, азилант, во Будимпешта....

Македонија19 часа

Подобро е да нема снег оти со механизацијата на „Македонијапат“ стара над 30 години може се да заглави

Со стара менханизација и без доволен број работници „Македонијапат“ оваа година ќе се справува со снегот по магистралните патишта. Возилата,...

Истражувања19 часа

Владата го засака барокот на фасадата, мислењата на експертите баталени

Владата на Зоран Заев, која се колнеше дека ќе го чуе гласот на граѓаните, а посебно на експертската јавност, една...

Македонија19 часа

Саливан: САД ќе ѝ помогнат на Владата да се спротивстави на штетното влијание на Русија

Нема да биде изненадување за никого овде ако кажам дека Русија се спротивставува на патот што Македонија го има избрано...

Македонија20 часа

(Видео) Заев и Ципрас номинирани за Нобеловата награда за мир

На денешната свечена церемонија, која се одржа на Универзитетот ФОН во Скопје, премиерите на Република Македонија и на Република Грција,...

Македонија21 час

Фетаи за трошоците од прегласувањето во Струмица: И еден денар да е во прашање, направена му е штета на буџетот

Судењето за „Титаник 2“, кое се однесува на изборни нерегуларности од локалните избори од 2013 година, продолжи со наодите на...

Крвав четврток21 час

(Видео) Александрова: Прашајте ги обвинетите пратеници дали ќе бараат амнестија, јас не сум дел од 27 април

„Право на секој во согласност со законот е да поднесе барање. Дали некој од пратениците ќе поднесе или не, не...

Топ22 часа

(Видео) Половина тон марихуана вредна над милион евра запленета на ГП Богородица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Царинската управа...

Македонија22 часа

(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа

Ова не е само сторија за куче што помага на болен човек. Ова е сторија за две суштества чии животи...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците ќе носат закон, а Кацарска и Рускоска ќе амнестираат

„Нема да бидат амнестирани лица што биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата што носеле оруже и...

Топ23 часа

Кавадарчанецот што избоде жена на нива обвинет за обид за убиство

Кавадарчанецот што во јуни годинава избоде жена на нива во прилепско село ќе одговара за обид за убиство и за...

Досие