Контакт

Економија

(Видео) Финансиска инјекција од 10 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерката за финансии, Нина Ангеловска, учествуваа на панелот „Градење на просперитетна иднина“, во рамките на Самитот што се организира од светски познатиот магазин „Економист“.

Вицепремиерот Анѓушев во воведното обраќање на панелот потенцира дека стремежот на секоја Влада е раст и развој на економијата, а тоа е возможно само доколку се обезбеди стабилноста на државата и владеење на правото преку кое се обезбедува сигурност во направените инвестиции. Со веќе извесното полноправно членство во НАТО и очекуваната препорака за започнување преговори за членство во ЕУ, се обезбедува потполна политичка стабилност на Северна Македонија, која ќе се рефлектира со дополнителни позитивни резултати во економијата и повисок животен стандард на граѓаните.

„За инвеститорите да чувствуваат сигурност во нивните инвестиции, го донесовме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со што овозможивме транспарентна и еднаква поддршка на домашните и странските инвеститори. Сега веќе никој не мора да преговара со  кого било од Владата за да добие финансиска поддршка, едноставно Законот тоа го овозможува за сите кои инвестираат и на тој начин компаниите имаат предвидливост и сигурност во направените инвестиции“, нагласи Анѓушев.

Вицепремиерот посочи дека економијата бележи континуиран раст, во вториот квартал од 2017 година, кога БДП бележеше негативна стапка од -1,8%, во изминатите две години растот на БДП е постојано со позитивни стапки, а во последните два квартали се забележани стапки на раст од 4,1% и 3,1%, стимулирани од раст на реалниот сектор.

„Креираме услови за развој на реалната економија, преку 250 компании се поддржани со мерките за стимулирање на технолошкиот развој и иновации на компаниите, а со тоа и подигнување на нивната конкурентност и продуктивност. Како резултат на работата на реалниот сектор бележиме раст на индустриското производство, во август од 9,8% во однос на истиот период лани, додека досега во оваа година бележиме раст на индустриското производство од 5,5%. Невработеноста од 21,7%, за само две години се намали на рекордно ниски 17,5%, преку креирање на нови над 54 илјади работни места, а во исто време бележиме ефективен кумулативен раст од над 10% на просечната нето-плата“, посочи Анѓушев.

Како заеднички предизвик на сите земји во регионот се детектира недостиг на квалитетна сила, како и одливот на младите стручни кадри во развиените европски земји. Заминувањето на младите е состојба со која се соочуваат сите балкански земји. Станува збор за феномен, бидејќи е склоп од повеќе фактори: историски, политички и економски.

„Поради ова, мора да работиме на подобрување на условите за живот во нашите земји, подобро образование, подобро платени работни места, подобри услови за живот и формирање семејство, подобар здравствен систем. Со други зборови, мора да ги унапредиме нашите економии, да може да генерираат раст кој ќе води кон живот со повисок квалитет и подобри стандарди. Република Северна Македонија, а верувам и другите земји од Западен Балкан, издвојуваме значајни средства преку мерки за вработување, за доквалификација, за самовработување и слично. Пример, во нашата земја за оваа намена се издвојува над 1 милијарда денари, околу 18 милиони евра оваа година. Но, ова е само еден дел од реформата. Ние спроведуваме реформи и во образованиот систем преку воведување на стручно образование и поврзување на образованието со приватниот сектор, односно ивршување практична настава директно во компаниите и стекнување практични вештини и знаења, со што младите луѓе ќе можат полесно да најдат подобро платена работа, а ќе се задоволат и потребите на компаниите за наоѓање квалитетен работен кадар. Економијата се гради со фабрики, машини и хали, но нема економија без луѓе“, додаде вицепремиерот.

Анѓушев посочи дека очекува уште подобри резултати во економијата во третиот и четвртиот квартал во 2019 година, како сумарен резултат на отворање на преговорите за членство во ЕУ, веќе извесното полноправно членство во НАТО, како и поради имплементација на Владините мерки за поддршка на стопанството.

За време на панелот, претставникот на Европската инвестициска банка, Матео Ривелини, објави дека ЕИБ донесе одлука да додели грант во висина од 10 милиони евра, за пречистителната станица во Скопје, како форма на поддршка на реформите кои се спроведуваат во Република Северна Македонија.

Економија

540 земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој.

Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

„Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува 206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набвка на трактори од марката Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на Ковид-19, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса“, рече директорот.

Откако ќе ги заверат и потпишат два примерока од договорите, истите ќе треба да се вратат во Агенцијата. Потоа земјоделците ќе може да ја спроведат набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот.

„Апелирам до сите се додека не го потпишат договорот да ја почнуваат инвестицијата“, нагласи Бабовски.

Од ресорните институции велат дека со набавената нова, современа механизација се намалуваат производните трошоци на земјоделците, а со тоа се развиваат поконкурентни и модернизирани земјоделски стопанства.

Прикажи повеќе...

Економија

„Амазон“ ќе издвои 500 милиони долари за празнични бонуси за вработените

Објавено пред

Американската компанија за онлајн-трговија на мало „Амазон“ ќе им исплати еднократни празнични бонуси до 300 долари за вработените што пакуваат и испорачуваат пратки по соочувањето со синдикални критики за укинувањето на дополнителниот надоместок за работа во ризични околности поради пандемијата на Ковид-19.

Компанијата соопшти дека на вработените со полно работно време ќе им исплати бонуси до 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, доколку работат во тој гигант за е-трговија во текот на целиот декември, пренесува агенцијата „Блумберг“.

„Амазон“ во четвртокот соопшти дека со овој чекор ќе потроши повеќе од 500 милиони американски долари на еднократни бонуси за своите вработени во САД, кои работат во првите редови за време на сезоната на празници, а среде пандемијата на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Економија

Бабовски: Исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за финснсиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, и членови на Советот на Општината, денеска разговараа за реализацијата на капиталните проекти што се реализираат со средства од Програмата за рурален развој.

Бабовски истакна дека Општина Кавадарци има добиено поддршка за реализација на четири проекти со вкупна вредност од 50 милиони денари и сите се од витално значење за тој крај затоа што овозможуваат развој на рурален туризам и раст на локалната економија.

„Преку ваквите инвестиции овозможуваме рамномерен регионален развој и пристојни услови и можности за живеење и развој на целокупниот потенцијал на руралните подрачја во целата држава. Но, не само за руралниот развој и за  подобрување на животот во руралните средини, Владата и Агенцијата водат сметка воопшто за земјоделството. Во таа насока, сакам да ве информирам дека денеска се исплатени субвенциите за овошни и градинсрски култури предадени во преработувачки капацитети. На сметките на 3.647 земјоделци исплативме 229,5 милиони денари. Нови средства кои се капитал во агросекторот и кои ќе помогнат за зголемување на производството и површините“, истакна Бабовски.

Градоначалникот Јанчев истакна дека во завршна фаза е проектот за реконструкција на мрежата за атмосферска канализација и водовод во Сопот, со што граѓаните добиваат пристојни услови за живеење.

„Со овој проект се изврши реконструкција на водоводни линии на ул. Илинденска, ул. Коле Василев, ул. Кочо Рацин и ул. Гоце Делчев и реконструкција на атмосферската канализација на ул. Коле Василев, ул. Маршал Тито и ул. Илинденска во село Сопот. Проектот е со вредност околу 19 милиони денари. Со овој проект во голема мера се подобрија условите во село Сопот, кое е едно од најголемите села во нашата општина и во кое, за среќа, младите остануваат да егзистираат и да живеат. Ги имаме сите услови за добар живот. Голема благодарност до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за соработката и финансирањето на овој проект. Во текот на вчерашниот ден беа асфалтирани и две улици во село Сопот, во наредните денови ќе се изврши и поплочување на уште неколку улици, а тоа докажува дека Општина Кавадарци во континуитет работи на развојот на руралните средини и подобрувањето на условите“, рече Јанчев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Црна Гора го протера српскиот амбасадор

Српскиот амбасадор во Црна Гора, Владимир Божовиќ e прогласен за персона нон грата и e замолен да ја напушти Црна...

Македонија2 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 811 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 811 пациенти позитивни...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Навестувам дека Зоран Заев подготвува нов национален пораз

Заев станува изолиран со тесна клика на платеници и клиентелисти и во лична битка за задржување на фотелјата, наместо во...

Спорт4 часа

ФИБА го одложи натпреварот Македонија-Италија

Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне...

Европа5 часа

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните...

Македонија6 часа

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички...

Свет7 часа

Во Хонгконг запленети дијаманти со вредност од 700.000 евра

Царината во Хонгконг заплени повеќе од 160 дијаманти во вредност од околу 700.000 евра. Дијамантите се запленети од камион на...

Свет8 часа

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19

Водечкиот американски експерт за инфективни болести Ентони Фаучи ги советуваше Американците кои веќе имале коронавирус, или претпоставуваат дека го имале,...

Македонија8 часа

Охридскиот градоначалник со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги...

Свет21 час

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ на протести во повеќе градови: „Време е Заев да поднесе оставка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев, изнесени во...

Македонија24 часа

(Видео) Димитров: Не отстапуваме од македонскиот јазик и идентитет

Бугарија поради македонскиот јазик и македонската историја одлучи да ги блокира преговорите на Македонија со ЕУ. Во интервју за сараевската...

Македонија1 ден

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 ден

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија1 ден

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија1 ден

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија1 ден

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет1 ден

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет1 ден

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет1 ден

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Досие