Контакт

Економија

(Видео) Шукова: Над 200.000 граѓани ќе добијат зголемени сметки за парно, неспособната власт купила поскап гас

Објавено пред

Во време кога животот е сѐ поскап, кога граѓаните секојдневно се борат за да го задржат својот животен стандард, Владата зададе нов силен удар врз нив – драстично поскапување на парното греење од над 5%! Ова е директен удар врз семејните буџети, во време кога трошоците за живот експлодираат, а платите остануваат исти, кажа денеска на прес конференција, Каја Шукова – потпретседателка на СДСМ.

Над 200.000 граѓани во Скопје ќе добијат зголемени сметки за парно, и тоа поради барање на државната ЕСМ – истата таа компанија што Владата ја контролира! Треба на сите граѓаните да им биде јасно, само заради неспособност на Владата се покачува цената на парното кое можеше и требаше да биде спречено. Владата ветуваше евтин природен гас, но повторно излажа! Наместо да набави гас во јануари, кога цената на гасот во Европа беше околу 40 евра за мегават-час, Владата на Мицкоски набави гас за неверојатни 65 евра за мегават-час! Ако Владата навреме се погрижеше за поевтин енергенс, ова покачување немаше да се случи. Но, неспособноста и корупцијата повторно ги плаќаат граѓаните! Понатаму, квалитетот на парното е катастрофален. Радијаторите се млаки, чести се прекините во снабдувањето и оваа година имаме најслаб квалитет на испорачана топлинска енергија досега. Граѓаните плаќаат повеќе за услуга која е се полоша!“, истакна Шукова.

Според неа, ова поскапување ќе доведе до нова еколошка катастрофа.

Граѓаните ќе бидат принудени да користат алтернативни и многу поштетни извори на греење, што значи дека загадувањето ќе расте! Наместо Владата да ја направи топлинската енергија подостапна и да ги охрабри граѓаните да останат на парно, таа со оваа мерка ги тера да бараат поевтини, но многу поштетни решенија. Во услови кога Скопје е прв на листата на најзагадени градови во светот, овие политики на Владата директно го загрозуваат животот на скопјани. Значи, ни стандардот, ни здравјето на граѓаните не ѝ се приоритет!“, вели Шукова и оцени дека „во изминативе осум месеци, Владата целосно го уништи животниот стандард на граѓаните“.

Цените во маркетите растат без контрола а платите стагнираат. Владата немо го следи осиромашувањето на народот, без ниту една конкретна мерка за спас! Потрошувачката кошничка е сѐ поскапа, а граѓаните се оставени сами да се борат со невидена економска криза. Владата дозволи инфлацијата да го изеде приходите на македонските семејства, остави трговците да ги зголемат цените без никаква интервенција, а таа немо набљудува од страна. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се достојни да водат држава бидејќи не се грижат за луѓето и нивните маки. Ова поскапување на парното е само уште една потврда во низа дека оваа власт работи исклучиво за своите елити, а граѓаните ги остава сами на милост и немилост на кризата. Нивната неспособност ја плаќаме сите ние“, заклучи Шукова.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС за седум години власт енергетските компании од најпрофитабилни ги доведе до компании со милионски долгови по разни основи. Во 2017 година кога СДС ја презема власта, на сметката на ЕСМ имаше 20 милиони евра, а во 2024 година го оставија со минус од 80 милиони евра. Поради ваквото недомаќинско и неодговорно раководење на енергетскиот сектор во државата во време на владеење на СДС, цената на електричната енергија се зголеми за над 50%. Така да, кога СДС зборува за зголемување на цените треба си погледне малку зад себе и да види во каква состојба го остави енергетскиот сектор и енергетските претпријатија. Во однос на топлинската енергија, како што и од АД ЕСМ потврдија, во текот на актуелната грејна сезона дојде до зголемување на цената на природниот гас. А, од друга страна, природниот гас претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија. Согласно зголемувањето на цената на природниот гас, компаниите треба да се придржуваат кон одлуките и актите донесени од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги и согласно подзаконскиот акт кој го регулира максималниот приход и цена, вршителите на дејност имаат обврска да достават барања до комисијата доколку настанат значителни промени на околностите и елементите што постоеле во времето на одобрување на регулираниот максимален приход и цената на топлинската енергија. Оттука произлегува и обврската за барањето за корекција на цената, кое што, поради настаната промена на цената на гасот, доколку не се прати барање до РКЕ, би претставувало непочитување на законите“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Објавено пред

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Како дел од делегацијата на Народната банка, на овие средби, ќе земат учество и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

За време на средбите, делегацијата ќе одржи состаноци со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, директорот на ММФ за Европа Алфред Камер, извршниот директор Жероен Клик и заменик извршниот директор Марникс ван Рај. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе се разговара за тековните економски состојби во земјава, за спроведувањето на монетарната политика и мерките коишто придонесуваат за постепена стабилизација на инфлацијата, како и за одржувањето на макроекономската стабилност.

Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерот, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната соработка. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата, каде што ќе се разговара за предизвиците со кои се соочуваат членките во контекст на тековните светски финансиски и геополитички движења, како и на тркалезната маса за спроведувањето на клонот на системот за инстант плаќање ТИПС (TIPS), развиен со поддршка на Европската централна банка.

Предвидени се средби и со претставници на Светската банка, заменик-претседателката на Светската банка Антонела Басани и регионалната директорка за Западен Балкан при Светската банка Шјиаочјинг Ју.

Пролетните средби претставуваат еден од најзначајните светски економски форуми, на кој секоја година, на едно место, се собираат носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки. Тие, годинава, ќе разговараат за влијанието на геополитичките случувања врз економијата, економската стабилност и економскиот раст, инфлацијата и монетарните политики, како и за дигитализацијата на финансискиот сектор.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73% во однос на одлуката од 6.4.2026 година.

Од 15.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,227 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,084 ден/кг и сега изнесува 49,227 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,703%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,960% и кај мазутот намалувањето е за 4,476%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,7165%.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата го усвои националниот план за енергија и клима 2025–2030

Објавено пред

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики, соопштија од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

„Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на обврските од Енергетската заедница и европската регулатива.

Со вкупно 61 конкретна мерка, Планот опфаќа:

· 26 мерки за декарбонизација,

· 20 за енергетска ефикасност,

· 3 за енергетска безбедност,

· 11 за внатрешен пазар на енергија и

· 1 за истражување, иновации и конкурентност.

Фокусот е јасен – намалување на емисиите на стакленички гасови, зголемување на обновливите извори на енергија и значително подобрување на енергетската ефикасност“.

Во наредниот период, како што е наведено во соопштението, државата ќе преземе конкретни чекори за: засилени инвестиции во сончева, ветерна и хидроенергија, воведување систем за цена на јаглерод, согласно европските стандарди, развој на складирање на енергија и модерна енергетска инфраструктура, постепено напуштање на јагленот како енергенс.

Паралелно, се зајакнува енергетската безбедност преку диверзификација на изворите, регионална соработка и нови интерконекции, како и понатамошна либерализација и интеграција на пазарот на електрична енергија.

„Планот е резултат на широк и транспарентен процес во кој учествуваа институции, експерти, академската заедница, приватниот сектор и меѓународни партнери. Во неговата подготовка се вградени и препораките на Секретаријатот на Енергетската заедница, како и најновите европски политики.

За документот е спроведена и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, која ги анализира ефектите врз воздухот, водите, почвата, биодиверзитетот, климатските промени и здравјето на граѓаните. Извештајот е прифатен од надлежните институции, по спроведени јавни расправи и консултации, вклучително и со соседните држави.

Со имплементацијата на Планот се очекува значително подобрување на квалитетот на животната средина, поголема енергетска стабилност и независност, нов инвестициски циклус во енергетиката, забрзана зелена транзиција и економски развој.

Овој документ е јасна визија за енергетската иднина на државата, во која одржливоста, иновациите и европските стандарди стануваат реалност“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 минути

Арбелоа: Ние сме Реал Мадрид, веруваме во победа во Минхен

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не гледа причина за паника пред реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против...

Свет5 минути

(Видео) Голем пожар во гаража на BYD во Кина, објавена е снимка

Кинескиот производител на електрични возила BYD потврди дека избувнал пожар во паркинг гаража во индустриски парк во Шенжен вчера наутро....

Спорт10 минути

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут

Тренерот на Борнмут, Андони Ираола, го информирал управниот одбор дека ќе го напушти клубот од југот на Англија на крајот...

Македонија16 минути

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче ликуваат за избори во странство наместо да го анализираат сопствениот пораз

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и неговиот лидер Венко Филипче, наместо да го анализираат изборниот резултат од околу 130 илјади гласа,...

Свет19 минути

Израелско здружение го пријави Санчез на меѓународен суд: „Тој помага во воените злосторства“

Израелската група за правно застапување побара од Меѓународниот кривичен суд да го гони шпанскиот премиер Педро Санчез за наводно „помагање...

Свет20 минути

Лавров: Српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека српскиот народ историски има многу позитивен однос кон Русија. Како...

Спорт24 минути

(Видео) Рафиња тврди дека Барса е ограбена: Вака реагираше голманот на Атлетико

Ѕвездата на Барселона, Рафиња (29), беше разочаран по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Фрустрацијата на...

Економија31 минута

Гувернерот Славески на Пролетните средби во Вашингтон: Гувернерите на централните банки и министрите за финансии ќе разговараат за стабилноста на светската економија

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ја предводат делегацијата од нашата земја којашто...

Спорт45 минути

(Видео) Портланд се пласира во плејофот, Шарлот ќе игра во плејин финалето

Кошаркарите на Портланд се пласираа во плејофот на НБА лигата, откако ги победија Феникс Санс со 114:110 во директна борба...