Економија
(Видео) Lucky days во НЕПТУН од 27.06-02.07 – Најголеми попусти на целиот асортиман!

Во периодот од 27.06-02.07 во „Нептун” има голема акција „Lucky days” со најголеми попусти на целиот асортиман и шопинг до 60 рати со haPPy инстант кредитот. Овие “Среќни денови” на големи попусти во „Нептун” потрошувачите за прв пат ќе може да купуваат и до 60 рати со haPPy инстант кредитот што е одлична можност за потрошувачите да си припуштат повеќе и да имаат покомфорен шопинг.
Купувачите во „Нептун” може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, лаптопи, мобилни телефони, електрични тротинети, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta. Целокупната понуда за “Lucky Days”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/
„Нептун” има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, разни типови на достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
Пред еден месец „Нептун” ја лансираше својата нова мобилна апликација NEPTUN за онлајн шопинг која може да ја симнете бесплатно на App Store или Play Store. Покрај онлајн купување, мобилната апликација на клиентите им овозможува да се информираат за сите тековни акции и промоции на лесен и едноставен начин. Со новата мобилна апликација потрошувачите може безбедено и брзо да купуваат производи со потврден квалитет и гаранција од домашна компанија на која може да и веруваат со своите лични податоци и пари при онлајн шопингот.
„Нептун” најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на производи од бела техника и апарати за домаќинство е присутна 21 год. на македонскиот пазар, и е застапена со 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. „Нептун” е дел од групацијата „Балфин” која во Македонија е актуелна со изградбата на трговскиот центар “East Gate”.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ангеловска: Граѓаните можат да добијат до 20.830 евра субвенција преку „Купи куќа, купи стан“

„Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Со новите модели, проектот ги таргетира и младите и повозрасните граѓани, и оние кои се во брак и оние кои не се. Сите граѓани кои сакаат да аплицираат за проектот можат на едно место да се информираат и од Министерството за финансии и од банките и од градежните компани на саемот „Купи куќа,купи стан“ кој се одржува до недела во Скопје Сити Мол“, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска посетувајќи ги изложувачите на саемот.
„Секој заслужува да има сопствен дом, а преку проектот „Купи куќа, купи стан“ и субвенционирање на станбениот кредит, државата дава поддршка тогаш кога е најпотребно – на почетокот.„Купи куќа, купи стан“ од годинава има значително подобри услови, кои сакавме да им ги претставиме на граѓаните.Најважно, намалена е каматната стапка на проектот на 2,9% за првите три години и на 3,9% за четвртата и петтата година. Ова се меѓу најповолните услови во моментот на пазарот. Само по овој основ граѓаните заштедуваат 1.300 евра на камати. Концептот е разработен со повеќе модели за купување на стан или куќа, за млади, но и за повозрасни граѓани, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом“,рече Ангеловска.
Од Македонската банкарска асоцијација, од каде 8 банки-членки се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“ истакнаа дека ги поздравуваат новите услови за проектот и новите каматни стапки, кои заедно со субвенциите од државата го прават проектот атрактивен.
„На пример, кај новиот модел „Купи стан за млади“ за клиенти со возраст до 35 години со новите каматни стапки и субвенција од 70% од ратата за првите 5 години што ја дава државата за станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, бенефитот за клиентот на кракј на периодот на отплатата е како да земал станбен кредит со 0,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години. Во оваа ера кога милениумците копнеат по самостојност и независност ова е извонредна можност за исполнување на нивната желба“, рече Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација.
Од Градежната комора при сојузот на Стопански комори нагласија дека го поддржуваат проектот уште од самиот почеток и дека овој проект е поддршка за градежништвото.
„Од почеток на проектот Комората го поддржува и учествува во работењето на проектот. На барање на Градежната комора кое беше адресирано до Министерството за финансии со цел да продолжи повластаената стапка за ДДВ за нови станови наидовме на разбирање од страна на Министерството за финансии и Владата и продолжен е до 31 декември до 2023. Тоа е една од поволностите која ги интересира граѓаните“, рече Ивица Јакимовски претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори.
Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува повеќе нови модели кои имаат поволни услови за младите до 35 години, но и за граѓаните со возраст над 35 години. Преку моделот „Купи стан за млади“ за граѓани до 35 години, државата субвенционира 70% од месечната рата од кредитот во рок од 5 години или 70% од учеството, а субвенцијата која може да се добие преку овој модел е и до 12.000 евра. За младите има и модел „Купи куќа за млади“ каде се субвенционира 100% од учеството за кредит или 11 години се субвенционира ратата и тоа 60% првите три години, 50% следните пет години и 40% следните три години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 20.830 евра, која е и најголемата субвенција која се нуди преку овој проект.
За граѓаните над 35 години има модели како „Купи куќа за над 35 години“ каде државата субвенционира 80% за учеството за куќа, или 80% од ратата во првите 5 години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 13.600 евра.Има модели и со кои се поддржува надградба или доградба на куќа. Концептот е разработен, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.
Уште една новина е дека за секое новородено или посвоено дете во првите десет години од користење на кредитот се предвидува дополнителна едногодишна субвенција од 30% од ратата. Оваа мерка е во насока на поттикнување на наталитетот во земјава.
Економија
Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на непостоење национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови. Поддршката на македонските компании кои како двигател на стопанството имаат развиено квалитетни производи и услуги, преку вложување во развој и градење на силни брендови, позитивно ќе се одрази врз севкупниот раст на националната економија, но и на промоција на Македонија како земја на потекло на препознатливи бренд производи.
Согласно анализата на британската Brand Finance за 2019 година во топ 100 национално рангирањето на брендови по вредност, Македонија ја нема на листата. Од земјите во регионот Грција е на 57 место, Словенија на 60, Бугарија на 68, Србија на 76 место, а Хрватска на 78 место.
Претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска во најава на неделата на Македонски квалитет 2019, истакна дека покрај тоа што компаниите треба да размислуваат за својот развој, економската политика во земјата е од големо значење за поддршка во градење на домашните брендови преку стратегија за настап на странските пазари, нивна индивидуална промоција како и спречување на поголеми нарушувања на пазарот од нелојална конкуренција.
„На македонските производи индивидуално може да им се помогне во креација на уникатна додадена вредност, да се насочат на пазари каде можат да постигнат успех, да им се помогне со нови технологии, што би ја зголемило продуктивноста, да се покрене кампања на препознатливост во земјата, регионот па глобално. Голем број производи наместо да се преработуваат кај нас, се извезуваат како суровини или полупроизводи и се продаваат како дел од препознатливи брендови на други земји.
Причините за ваквата состојба се бројни, но главно се од финансиска природа, резултат на малиот пазар и малата економска моќ на компаниите да вложуваат во сопствениот бренд. Токму затоа, треба да се постават јасни цели, да се поддржат индивидуално компаниите кои имаат предуслови за развој на сопствениот бренд, преку таргетирање на овие компании, на пазарите каде треба да се пласираат производите, да им даде поддршка со информации за законската регулатива на земјата во која се извезува, за потрошувачите и конкуренцијата на тој пазар како и поддршка за пласман и позиционирање.
Сојузот на стопански комори на Македонија предлага отпочнување со пилот проекти каде би се инвестирало во поединечни компании со голем потенцијал, кои можат да дадат резултати не само да се постигне раст на поединечна компанија и бренд, туку и Македонија да се мапира и да отпочне да се препознава како земјата на потекло на тие поединечни успешни брендови” истакна Арсовска.
Јакнење на домашните брендови значи и јакнење на националниот бренд како најважен капитал на секоја држава во денешниот глобален свет, кој ги промовира инвестициите, додава вредност на извозот и ќе не постави во иднина на ранг листите, како земја од која потекнуваат препознатливи и квалитетни бренд производи.
Економија
СДСМ : Стапката на невработеност на историски најниски 17,1 отсто

„Економските политики и мерки на СДСМ даваат реални и видливи резултати. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека стапката на невработеност изнесува 17,1 отсто.Тоа е историско најниско ниво на невработеност“, соопшти СДСМ.
Според партијата, за нешто повеќе од две години отворени се над 54.000 работни места доминантно во приватниот сектор.
„Со официјалното членство во НАТО но и со активните мерки за вработување на Владата предводена од СДСМ ваквиот тренд на опаѓање на невработенсота ќе продолжи да се намалува и во следната година.На прав пат сме, продолжуваме да градиме развојна и конкуретна економија и да поттикнуваме економски раст и развој и отворање на нови работни места со што придонесуваме за дополнителен пад на стапката на невработеност“, се додава во соопштението.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци