Контакт

Економија

„Визер“ најави 4 нови дестинации во следните 5 месеци

Објавено пред

Во наредните 17 недели 21 авион ќе бидат распределени во своите европски бази поддржувајќи 700 дополнителни неделни заминувања и започнување 70 нови услуги, соопшти „Визер“.

„Четири нови дестинации – Атина, Талин, Харков, Виена – ќе бидат отворени до средината на јули, заедно со отворањето на новата западноевропска база во главниот град на Австрија. Проширувањето на „Визер“ во 2018 година претставува инвестиција од повеќе од 2 милијарди долари во 11 бази во Велика Британија, Австрија, Полска, Украина, Унгарија, Романија и во Грузија. Денес, „Визер“ ја слави оваа голема експанзија заедно со своите патници и нуди ден за продажба на седишта со 2о отсто од сите летови закажани до 31 мај, за резервации направени денес, 13 март, до полноќ. Патниците на „Визер“, кои бараат да истражуваат неверојатни места низ Европа и пошироко, сега може да обезбедат најниски цени на wizzair.com“, соопшти „Визер“ и најави дека патниците што патуваат на првите летови на новите 21 распореден авион ќе имаат шанса да добијат ваучери на „Визер“ од 1.000 евра.

„Оние што сакаат да откријат повеќе за патувањата на „Визер“ низ Европа ќе пронајдат многу повеќе забавни изненадувања на Фејсбук-страницата“, соопшти авиокомпанијата.

„Визер“ ја започнува својата експанзија од 2018 година во Будимпешта оваа недела, со доаѓањето на дополнителен нов „ербас А320, кој ќе биде 11. авион со седиште во унгарскиот главен град, што ќе се совпадне со започнувањето на новата возбудлива маршрута кон Ставангер во Норвешка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Австралија ја промени дефиницијата за јагниња за да го поттикне извозот

Објавено пред

Австралиската влада ја смени дефиницијата за јагниња со цел да го стимулира извозот.

Министерот за земјоделство, Дејвид Литлпрауд, денеска објави дека во иднина како јагниња ќе се сметаат и животните на кои им излегле трајни заби, но на истите нема видливи траги од употреба и абење.

Претходно, дефиницијата за јагниња, вклучувала месо од овци или говеда, штом животните ги загубат млечните заби и добијат трајни секачи.

Менувањето на кавалификацијата ќе овозможи и нешто постарите овци, кои обично се во добра состојба, да ја поминат дефиницијата за профитабилното јагнешко месо.

Сепак, австралиското министерство за земјоделство не знае точно да каже колку тоа ќе има влијание врз зголемувањето на извозот. Австралија сега извезува јагнешко и овчјо месо во вредност од 2,6 милијарди австралиски долари. Од тоа, четири петтини од нив отпаѓаат на јагнешкото.

Дискусијата во врска со дефиницијата за јагниња во Австралија траеше дваесет години, откако Нов Зеланд, главниот австралиски глобален конкурент во извозот на јагнешко, ја промени својата дефиниција и со тоа стекна предност пред австралиските произведители.

Според истражувањата на австралиските експерти, нема разлика во квалитетот на месото од јагнињата без трајни заби и оние кај кои истите само што се појавиле.

Прикажи повеќе...

Економија

Идеална понуда од „Нептун“ – Големи попусти и до 48 рати без камата на сите производи

Објавено пред

Додека сите имаат само Black Friday во „Нептун“ има HAPPY WEEKEND, акција со големи попусти и до 48 рати БЕЗ камата на СИТЕ производи! Од 21-26 ноември, до 48 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички, потрошувачите ќе можат да си ги купат потребните производи по промотивни – haPPу цени со големи попусти. „Нептун“ со оваа акција им овозможи шопинг до 24 рати без камата и на синдикалните организации со кои има склучено договор за соработка.

Искористете ги големите попусти и можноста за шопинг до 48 рати без камата на целиот асортиман! Разгледајте ги понудите во 25-те продажни салони на „Нептун“ ширум Македонија. Одлична понуда и голем избор на: телевизори, прочистувачи на воздух, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, компјутери и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина. Во „Нептун“ може да најдете производи од вашите омилени брендови: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

Нептун како најголем малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија е веќе препознатлив по овој концепт на продажба, каде им нуди на своите купувачи исклучителна можност да набават продукти од целокупниот продажен асортиман по промотивни цени и можност да плаќаат на рати без камата. Покрај тоа, потрошувачите во „Нептун“ добиваат и:

– Кешбек од 5% при купување со кобрендираната НЛБ haPPy MasterCARD картичка
– За секоја кумулативна купопродажба во вкупна вредност од  30.000 денари, се добива ваучер од 900 денари за идни купувања.

За да ги погледнете деталите од акцијата „HAPPY WEEKEND 21-26.11.2018” кликнете на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Економија

Милошевски: Во Македонија недостасуваат инжинери и медицински персонал

Објавено пред

Недостигот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен, а дисбалансот на пазарот на труд е предизвик за стопанствениците, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Потпретседателот на Сојузот, Александар Милошевски рече дека по консултација со секторските и регионалните комори, евидентирано е дека во  сите сектори недостигаат квалификувани работници, особено во градежништвото, индустријата, туризмот, услужните дејности како и во приватното здравство.

Според анализите топ пет најбарани позиции за работа се продажба, возачи, дистрибутери, курири, кадар во угостителство, комерцијалисти и работници во магацин. По индустрии најбарани се лица за работа во индустрија за малопродажба, угостителство, ИТ, трговија и дистрибуција како и производство.

„Евидентен е недостигот на лица со насочено средно стручно образование, но и на инженери и медицински персонал.  Во таа насока неопходна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања. Потребна е интегрирана соработка на сите општествени чинители за правилно адресирање за потребите од квалификувана работна сила, сето тоа  да допре и до учениците и до родителите. Веруваме дека тоа е единствениот начинот за намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот“, истакна Милошевски.

„Потребна е консолидирана оценка за потребите на стопанството и човечките потенцијали во земјата со можност за преквалификации, а долгорочно стратешка промена на севкупниот обрзовниот систем.  Реформите во образованието и наставните програми треба да ги следат потребите на стопанството  и адекватно на тоа да се насочува и идниот кадар кој треба да биде активен на пазарот на труд. Само на тој начин би имале систем кој функционира. Исто така, по примерот на западните земји како Германија, Австрија,  едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средното стручно образование или учење преку работа со  системска поддршка и субвенции за учениците, кои би се определиле за таков вид образование“, истакна Милошевски и додаде дека стопанствените во Сојузот се подготвени во  чекор да ги следат сите реформи кои би делувале на подобрување на кадарот во компаниите, а со тоа и продуктивноста на самата компанија.

Сојузот на стопански комори на Македонија е вклучен во програмите и ги информира компаниите за можностите понудени од ЕУ, како програмата „Еразмус плус 2014-2020“, понатаму владините мерки од оперативниот план, но потенцираат дека неопходна е подинамачина работа на ова поле во насока на развој на компаниите и задржување на работоспособното население во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија1 час

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија2 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Македонија2 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија2 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет3 часа

(Видео) Напад во Денвер, едно лице загина, двајца напаѓачи се уапсени

Доцна синоќа во центарот на Денвер две лица отвориле оган при што неколкумина беа ранети, а едно лице загина. Шефот...

Свет3 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија3 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија13 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија15 часа

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија17 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија17 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized20 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија20 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски21 час

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија22 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски22 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија1 ден

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет1 ден

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија1 ден

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Досие