Контакт

Економија

Винарницата „Сковин група“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна

Објавено пред

Винарницата „Сковин група“ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна, изјави генералниот директор на винарницата „Сковин група“, Александар Тренчевски, на денешната презентација по повод новите предизвици на винаријата.

„Винарницата ‘Сковин група’ продолжува да ја пишува својата 41-годишна успешна приказна. Македонија се протега на медитеранскиот појас за кој легендите, летописите и митовите велат дека е татковина на виното. Овде овој божествен напиток кој го бодрел духот и на античките божества, и на народните херои, и на поетите, се произведува повеќе од пет илјади години. Нему и сладострасниците и научниците со право му припишуваат цела дузина не само хранливи, гозбени и лековити вредности, туку и некои таинствени својства, способности да ги развие креативните сили на човековиот дух. Виното ги вдахнува даровите на природата и некои импулси на својата фантазија, култура и човечност. На територијата на Македонија се менувале кралства и империи, доминирале или се провлекувале разни религии и цивилизации, но култот спрема виното никогаш не ја губел својата постојаност, трајност и привлечност. Плодовите на таа традиција живеат и денес. Оваа македонска приказна за квалитетното македонско вино ја препознаа и нашите пријатели од Сингапур, кои решија да инвестираат во овој божествен напиток. За таа цел е формирана ‘Балкан холдингс’ ПТЕ.ЛТД. во Сингапур, којашто пред една година го купи асетсот и правата на брендот Сковин продолжувајќи ја вековната традиција на производство на вино од скопското виногорје, традиција која датира уште од древниот Рим“, рече Тренчевски.

Тој кажа дека „Сковин“ во моментов е во период на интензивно развивање и унапредување.

„Винарницата ‘Сковин група’, како најголема скопска винарница, е винарска визба со капацитет од 17,5 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на винарницата ‘Сковин група’ имаат добиено 53 меѓународни награди и признанија за квалитет на многубројни вински саеми и фестивали, а годинава винарницата ‘Сковин група’ се стекна и со признанието Супербренд на Македонија. Најголем дел од своето вино винарницата ‘Сковин група’ го пласира во регионот и на пазарот на Европската Унија. Други знaчајни пазари на винарницата ‘Сковин група’ се и оние на Далечниот Исток, како Русија, Јапонија и Кина, со кои има воспоставено долгорочна соработка, а извезеното количество во овие земји од година во година сè повеќе се зголемува. Вината на винарницата ‘Сковин група’ можат да се најдат и во прекуокеанските земји, како Австралија, Канада, Сингапур и САД“, изјави генералниот директот на винарницата ‘Сковин група’.

Една од главните карактеристики и предности на винарницата „Сковин група“, додаде тој, се сопствени лозови насади кои овозможуваат да се контролира квалитетот на грозјето Македонија.

„Македонија е земја која е позната по квалитетот на црното грозје, а виновите насади на Сковин се простираат на 575 хектари од кои најголемиот дел се лоцирани во регионот на Маркова Сушица, на југозападната падина на Водно, а другиот дел се лоцирани во Тиквешкиот Регион, во месностите Сопот и Сирково. Квалитетот на нашите производи е наша голема грижа, како што е наша грижа и развојот на компанијата. Но грижа на винарницата ‘Сковин група’ се и нашите вработените, чија заслуга е растот на компанијата и палетата нови производи. Новите сопственици задржаа 45 вработени од ‘Сковин’ АД. И покрај кризата поради Ковид-19, со која се соочува не само нашата земја туку и целиот свет, успеавме не само да ги задржиме сите вработени, туку и да го зголемиме нашиот тим за уште 30 нововработени и во моментов броиме вкупно 75 вработени. Веруваме дека ќе расте компанијата, ќе се зголемува нашиот тим и дека Македонија ќе ја препознае нашата искрена намера да ја продолжиме вековната традиција. Очекуваме и веруваме во фер натпревар со нашите конкуренти. Знаеме дека уште долго ќе уживаме во вкусот на овој божествен напиток. Најдобрите вина се оние што ги пиеме заедно со луѓето кои ги сакаме. Да наздравиме со винарницата ‘Сковин група’ во име на традицијата, пријателството, љубовта. Да наздравиме за животот“, изјави генералниот директор на винарницата ‘Сковин група’, Александар Тренчевски.

Главниот енолог и директор на производство, Венера Гелебешева-Крстиќ, кажа дека со цел да се задоволат различнте вкусови на потрошувачите, винарницата ‘Сковин група’ има широка палета производи, повеќе од 24 различни типови и категории на вина и два типа на ракии.

„Во делот на вината застапена е со различни типови на квалитет на вина, почнувајќи од трпезни вина, вина со стандарден квалитет наменети за пошироката публика и, секако, она што е круна, е палетата на висококвалитетни и врвни вина. Цел ни е оваа палета на висококвалитетни и врвни вина сè повеќе да ја прошируваме. Тука би ги издвоила најпрепознатливите и први врвни вина воопшто на македонскиот пазар, а тоа се вранецот Марков Манастир и Скупи куве. Најнови висококвалитетни вина се Кратошија, Пино ноар и Санџовезе.
Во делот на ракиите продолжуваме со двата наши најпознати бренда Жолта ракија  Сковин, која во многу скоро време ќе се ребрендира во Жолта ракија Скупи и секако дел од нашата програма е добро познатата ракијата Марков манастир. Ги унифициравме етикетите, шишињата, тапите – Сковин добива препознатлива амбалажа, вино со проверен квалитет. Палетата нови производи, како и старите познати вина, со сега уште подобар вкус и квалитет веќе неколку месеци можат да се најдат на македонскиот пазар, како и на пазарот од ексјугосовенските земји, земјите од Западен Балкан и Азија и во Јапонија. Развојот не завршува овде. Постојаното развивање е основната идеја околу која винарницата ‘Сковин група’ ги води сите активности па во следниот период можете да очекувате уште многу новитети од вашата омилена винарска визба ‘Сковин’“, кажа Гелебешева-Крстиќ.

(ПР текст)

Економија

Вицегувернерката Нацевска: Девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Објавено пред

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот.

Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју за австралиското радио СБС.

„Од почетокот на третиот квартал наваму, трендовите на девизниот пазар во земјава постојано се подобруваат, за што придонесуваат не само сезонските фактори, туку главно и подобрите согледувања на граѓаните, коишто се јавуваат со зголемена понуда на девизи. Во такви околности, девизната ликвидност на банкарскиот систем и натаму се подобрува, со што значително се намали и потребата за интервенции на Народната банка. Во септември и октомври, Народната банка е само повремено присутна на девизниот пазар со продажба на девизи на банките-поддржувачи, при што износот на интервенциите е најнизок од почетокот на кризата наваму“, посочува Нацевска.

Во интервјуто, покрај на намената на девизните резерви, вицегувернерката се осврнува и на принципите на сигурност, ликвидност и профитабилност по коишто токму по овој редослед, Народната банка се води при управувањето со девизните резерви.Нацевска напоменува дека кога станува збор за вредноста на домашната валута, нема простор ниту за дилема, ниту за компромис – денарот е и ќе остане стабилен.

Прикажи повеќе...

Економија

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Објавено пред

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето како основ за натамошните чекори кои ќе се преземат, врзани за развој на 5G мрежата во земјава.

На овој начин се очекува да се расчистат многу дилеми кои постојат во јавноста околу новата генерација широкопојасни мобилни мрежи.

„Во светот се спроведени стотици научни истражувања на тема за влијанието на 5G технологијата врз здравјето на луѓето и напишани се илјадници научни статии, што го прави прашањето за штетноста на електромагнетното зрачење една од најистражуваните теми во науката на глобално ниво. Мислењето на релевантни меѓународни експерти и институции е дека доколку се почитуваат препорачаните гранични вредности, електромагнетните полиња што ги користи оваа технологија не претставуваат опасност по здравјето на луѓето. Односно, природата на зрачењето генерирано од базните станици и мрежните терминали 5G е идентично со онаа на мрежите од претходната генерација. Сепак и покрај постоење на вакви студии ние сакаме да обезбедиме сосптвена студија која не само што ќе влијае на понатамошните чекори кои ќе ги преземаме, туку веруваме дека ќе има значење при градење сеопфатен консензус за потребата од развој на новата технологија во Северна Македонија“, вели Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

Петтата генерација мобилни системи вклучува употреба на радио бранови во одредени фреквенции, првично слични или малку повисоки од фреквенциите што се користат за постојните 4G мобилни мрежи. Овие радио бранови емитуваат нејонизирачко зрачење, што е помалку штетно од јонизирачкото.

Светската здравствена организација (СЗО) на својата официјална веб-страница наведува дека „до денес и по многу истражувања, никакви штетни ефекти врз здравјето не се каузално поврзани со изложеноста на безжични технологии“. Основа за ова е ставот и студиите на Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачко зрачење (ICNIRP) која е независна, научна комисија, формирана од Меѓународната асоцијација за заштита од радијација, со цел заштита на луѓето и околината од радијација. СЗО ја признава оваа организација како референца за сите прашања поврзани со радиофреквенциите и здравјето на луѓето.

Европската Комисија има донесено акциски план за 5G според кој до 2020 година барем во еден поголем град во секоја земја членка на ЕУ треба да бидат воведени 5G комерцијални мрежи, а до 2025 година овие мрежи треба да бидат достапни до сите урбани подрачја и поголеми транспортни линии.

Моменталното ниво на имплементација на 5G мобилните мрежи во Европа е ограничено во неколку земји. Во Германија, Водафон и Дојче Телеком имаат делумно покривање само во неколку поголеми градови, како Берлин, Франкфурт, Хамбург, Минхен и други. Во Ирска, Италија, Романија и Велика Британија ситуацијата е слична.

Во нашата земја, слично како и во останатите европски земји се спроведуваат првични тестирања на мобилните 5G мрежи. Македонски Телеком и А1, кои поседуваат привремени одобренија за тестирање на 5G мрежи, веќе ги направија првите тестирања. Притоа, АЕК спроведе и мерења на нејонизирачко зрачење со цел да се види придонесот на новата 5G NR технологија од тест мрежата на Македонски Телеком.

Во меѓувреме, АЕК подготви и нов план за намена на радиофреквенциските опсези, за кој е во тек јавната расправа која ќе трае до средината на идниот месец. Радиофреквентниот спектар потребен за воведување 5G мобилни мрежи во Северна Македонија е слободен, а се планира, тогаш кога ќе биде одлучено, предвидените опсези за 5G мобилни мрежи да бидат издадени на јавен тендер каде што операторите ќе можат сами да учествуваат во определувањето на комерцијалната вредност на радиофреквенциските опсези, преку јавно наддавање.

За целата постапка неопходно е да се направат и измени на Законот за електронски комуникации во поглед на усогласување на делот кој се однесува на сајбер безбедноста со стандардите утврдени за земјите членки на НАТО.

„Ние секако можеме многу брзо да распишеmе тендер за доделување фреквенции за развој на 5G, но тоа нема да вреди ако нема кој да се пријави и да се наддава за овој фреквентен опсег. Едноставно, потребно е операторите да бидат мотивирани да инвестираат во 5G мобилни мрежи, a услов за тоа е да има значително поголема побарувачка за побрз пристап до интернет од страна на корисниците на мобилните електронски комуникациски услуги. Во моментов кај нас не постои доволна искористеност на постојните мрежи (3G и 4G) за да е неопходно итно инвестирање во нови технологии за побрз пристап до интернет, a слично е и во многу европски земји“, истакнува Димитријоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Пет милиони евра од ЕУ и речиси еден милион евра национално кофинансирање за проекти во општините

Објавено пред

Дејвид Гир, амбасадорoт на Европската Унија, Горан Милевски, министерот за локална самоуправа, и Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, официјално го означија почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“. Средствата од пет милиони евра ги обезбедува Европската Унија, а дополнителните средства за кофинансирање на проектите се обезбедени од буџетот на државата и ќе се реализираат преку Министерство за локална самоуправа.

Повикот има цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ – солидарност, соработка и зелен пристап.

„Денеска, и формално ги повикувам градоначалниците, граѓанските организации и бизнис-заедницата заеднички да направиме промени во општините преку проектот ‘ЕУ за општините’. Министерството за локална самоуправа од буџетот на државата обезбедува 600.000 евра за кофинансирање на одобрените проекти. На овој начин им олеснуваме на општините да аплицираат и ги правиме подостапни за користење на фондовите на Европската Унија. Повикот е објавен и ќе биде отворен до 30 декември. Условот е проектите да понудат нов начин на решавање на проблемите во општините. Со иновативни решенија да ги подобрат постојните или, пак, да креираат нови локални услуги. Соработката со граѓанскиот и со бизнис-секторот е важна за да се идентификуваат вистинските потреби и соодветно да се одговори на потребите на граѓаните. Европската Унија обезбеди и дополнителни 1 милион евра за техничка подготовка на општините за аплицирање. Нашето членство во Европската Унија е највисок приоритет што ќе го реализираме преку подобрување на условите за живеење за граѓаните во сите области. Многу од очекуваните промени треба да се случат и во општините“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Според Милевски, главните области на кои треба да се фокусираат проектите се: иновативни решенија за нови услуги или за подобрување на постојните; подобра социјална грижа и социјални услуги; подобрување на капацитетите на кризниот менаџмент; економско закрепнување по кризата предизвикана од пандемијата, работни места и вештини; како и приоритети поврзани со климатските промени и одржливото користење на националните ресурси. Имплементацијата на проектот ќе трае 3 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Спасовски пренесен на Инфективната клиника во Скопје

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Тој со Брза помош...

Економија2 часа

АЕК ќе спроведува физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи физибилити студија за влијанието...

Македонија2 часа

Задолжителна самоизолација од закажувањето тестирање на Ковид-19, казните се 50 евра

Со новите законски измени самоизолацијата е задолжителна при тестирање на Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па сè...

Свет2 часа

Во нападот во Ница убиени три лица, една жена е обезглавена

Во нападот што се случи во Ница, за кој се сомнева дека е терористички, убиени се три лица со нож,...

Македонија4 часа

МОН најави реформа на учебниците по честите реакции за грешки и стереотипи во нив

Министерството за образование и наука формира работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на учебниците за основно...

Македонија4 часа

Стапија во сила новите мерки – забрането е групирање по 22 часот, казната е 500 евра

Од денеска забрането е групирање на отворено на повеќе од четири лица по 22 часот, а казната за непочитување на...

Свет5 часа

Едно од ретките места во светот без коронавирус ги забележа првите два случаја

Маршалските Острови, едно од последните места во светот каде што немаше коронавирус, ги забележаа првите два позитивни случаја, пишува Би-би-си....

Македонија5 часа

Од денеска маските се задолжителни на отворено

Собранието синоќа со 53 гласови „за“, 26 воздржани и ниту еден глас против ги изгласа измените во Законот за заштита...

Македонија5 часа

Седница на Советот за безбедност за состојбата со коронавирусот во Македонија

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот...

Европа15 часа

(Видео) Од петок карантин во цела Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон прогласи каратин од петок што ќе трае најмалку до 1 декември. „Бранот се рашири низ цела...

Македонија16 часа

Славјанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието

Актуелната пратеничка во Собранието од СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада Славјанка Петровска...

Македонија16 часа

Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи

Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца...

Македонија17 часа

Рекордни 870 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 14 лица

Во последните 24 часа во Македонија 14 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 870 нови случаи од  2.647 тестирања,...

Свет19 часа

Германија воведе строги мерки: рестораните, кината и баровите ќе бидат затворени 4 недели

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека германските власти се согласиле на четиринеделен делумен карантин. Во овој временски период затворени...

Македонија22 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија23 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија23 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија23 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија24 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија24 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Досие