Контакт

Економија

Вицегувернерката Митреска: Нема затегнување на монетарната политика

Објавено пред

Инфлацијата во македонската економија, како и кај повеќето земји во регионот, ќе биде движена од промените на увозните цени. Но, ова се глобални фактори, кои се оценети како привремени и иако се можни одредени преносни ефекти, поголеми ценовни притисоци не се очекуваат. Оттука, како и со оглед на оцените за отсуство на притисоци од побарувачката, нема потреба од промени во олабавената поставеност на монетарната политика. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на редовниот годишен состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на кој се разговараше за предизвиците за монетарната политика во земјите на Централна и Југоисточна Европа.

На состанокот предмет на дискусија беа повеќе теми – ефектите од пандемијата врз економскиот раст и врз долгорочниот потенцијал на економиите, отпорноста на финансискиот сектор во регионот, фискалната реакција и координацијата со монетарната политика, како и инфлациската динамика и монетарната поставеност.

Вицегувернерката посебно се осврна на движењето на инфлацијата во земјите во регионот нагласувајќи дека во пандемиската 2020 година таа во просек забави и се задржа во зоната на умерени позитивни промени. Во оваа слика се вклопува и македонската економија, рече Митреска, со оглед на тоа што инфлацијата не претрпе поголеми промени и се задржа во контролирани рамки.

Според неа, очекувањата за инфлацијата за следниот период за целиот регион се под влијание на последните нагорни промени на цените на примарните производи на светските пазари, што е очекувано со оглед на големата трговска отвореност на овие економии и нивната увозна зависност.

„Сепак, проекциите за инфлацијата во регионот за следните неколку години не се значително променети во однос на претпандемиските проекции покажувајќи дека растот на увозните цени во услови на постепено закрепнување на економиите не би предизвикал продолжени притисоци врз ценовното ниво. Одредени ризици постојат, со оглед на неизвесното окружување, но тие внимателно се следат од страна на сите централни банки во регионот“, рече Митреска.

Економија

Намалувањето на ДДВ за струја усвоено од Владата

Објавено пред

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, објави на социјалните мрежи министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година“, наведе Бесими.

Според министерот, целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Просечната плата за април изнесува 28.438 денари

Објавено пред

Просечната месечна нето-плата по вработен исплатена во април годинава изнесува 28.438 денари (462 евра), објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, во тој месец, индексот на просечната исплатена нето-плата, во однос на истиот месец од 2020 година, изнесува 110.1, или платата е зголемена за 10,1 отсто. Додека во првите четири месеци од годинава, во споредба со истиот период лани, зголемувањето на просечната нето плата изнесува 5,5 отсто.

Ваквото зголемување во април оваа година се должи, пред сѐ, на порастот на просечната нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (28,6 отсто), финансиски дејности и дејности на осигурување (24 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7 отсто).

Зголемување на просечната плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 отсто), уметност, забава и рекреација (3,7 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (2,9 отсто).

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР: 42 проценти од апликантите на јавниот повик “Стартапувај 3” се проектни тимови

Објавено пред

Вкупно 42% од апликантите на јавниот повик “Стартапувај 3” на ФИТР се проектни тимови составени од физички лица, покажува првичната анализа на апликациите од повикот, која ја спроведе Фондот за иновации и технолошки развој. Инаку, ова е за прв пат ФИТР во рамките на повикот да овозможи аплицирање на проектни тимови составени од физички лица кои доколку добијат одобрување на проектот за кофинансиран грант, ќе имаат обврска во рок од 30 дена да регистрираат трговско друштво.

На јавниот повик “Стартапувај 3” пристигнати се 616 проектни апликации, што претставува рекорден број во однос на сите останати повици во рамките на повикот Стартапувај. Можноста да аплицираат проектни тимови, неповратните финансиски средства, дополнителната финансиска и менторска поддршка беа доволен поттик и стимул за македонските стартап компании да започнат со реализација на нивните бизнис проекти. Анализата покажува дека од 616 пријавени, 493 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на Фондот.

Компаниите се од 18 индустрии, во најголем дел од областа на: ИТ, маркетинг, креативни индустрии, технолошки индустрии, угостителство и сл. Доаѓаат од 29 градови, со најдоминантен број на апликации од: Скопје, Битола, Прилеп, Струмица и Тетово. Анализата покажува дека во однос на старост на стартап компаниите, 284 компании се со старост до три години, додека 76 компании се со старост од три до шест години.

Во насока на развој на женското претприемништво, анализата покажува навистина позитивен резултат, односно дури 49% од апликантите се жени претприемачи.

На јавниот повик “Стартапувај 3” достапни се 2 милиони евра неповратни финансиски средства за поддршка на македонскиот стартап еко систем. ФИТР обезбедува до 90% од вкупниот буџет на проектот за компании до три години постоење, односно до 85% од вкупниот буџет на проектот за компании со над 3 а помалку од 6 години постоење.

За компаниите кои аплицирале, следи процес на претселекција на предлог проектите, во која оценувањето ќе го вршат три домашни стручни лица. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: степен на иновативност, квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и влијание. Проектите кои ќе освојат просечна оценка од над 51 поен одат во втората фаза на селекција. Финалната одлука за финансирање на проекти ја носи Комитетот за одобрување на инвестиции, кој се состои од 5 члена, врвни интернационални експерти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија5 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија5 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија7 часа

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија12 часа

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија12 часа

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет13 часа

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет14 часа

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија15 часа

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет15 часа

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт1 ден

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт1 ден

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт1 ден

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија1 ден

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија1 ден

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа1 ден

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ2 дена

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија2 дена

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет2 дена

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Досие