Економија
Владата го зголеми капиталот на Развојна банка за поголема поддршка на приватниот сектор

На својата 29-та седница Владата донесе одлука за зголемување на почениот капитал на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје за 3 милиони евра. Целта на зголемувањето на капиталот на банката е зголемување на поддршката на приватниот сектор, а особено поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании.
Зголемувањето на поддршката на приватниот сектор ќе се реализира преку проширување на портфолиото на банката со издавање царински гаранции. Царинските гаранции беа предвидени со четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата. Со овој производ, ќе се олесни увозот на материјали заради облагородување кој се реализира како извоз во форма на производи и услуги.
Преку Развојна банка на Северна Македонија досега се реализираа две бескаматни кредитни линии за поддршка на микро, мали и средни компании со кои се поддржаа околу 1.400 компании со 18 илјади вработени. Дополнително, преку Развојна банка се ставија на располагање на приватниот сектор 50,9 милиони евра поволни кредити од ЕИБ кредитната линија за проекти на 189 компании кои треба да вработат нови 605 лица.
Тековно Развојна банка ја реализира третата бескаматна кредитна линија со грант компонента за микро и мали трговски друштва, ТП и занаетчии, за која поднесувањето на кредитни барања почнува в среда, на 16 декември 2020 година, од 00:01 часот на полноќ. Третата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка до 30 милиони евра од Европската Унија преку активноста ЕУза Отпорност од ИПА-програмата, како и од буџетски средства во износ од 1 милион евра. Јавниот повик и придружните документи се достапни на веб- страницата на банката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Денес 18 јануари е вашиот најсреќен ден – Ден со најголеми попусти во сите Нептун продавници!

Третиот понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината. Оваа година тоа е денешниов ден понеделник 18-ти јануари. Во светот, овој ден е познат како Blue Monday, или тажниот понеделник. На лошото расположение на луѓето се смета дека влијае состојбата по новогодишните празници, ладното време и исчекувањето на пролетта и летото.
Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство, се потруди на граѓаните на нашата држава овој “Blue Monday” да им биде еден од најсреќните денови во годината! Нептун денес организира голема акција со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со најголеми попусти и супер понуди. Акцијата “Само еден најсреќен ден” нуди најголеми попусти и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.
Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и уживајте во овој најсреќен ден!
„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 22 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
(ПР текст)
Економија
Одобрени 5,9 милиони евра за 506 компании преку Ковид 3 бескаматнaта линија

Одобрена е првата група барања од Ковид 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии, истакна на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.
Таа образложи дека преку оваа мерка, 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица.
„Ова е уште една мерка со која ја помагаме домашната економија и воедно спасуваме работни места. Претходно, преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании“, оцени Маркоска.
Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки за поддршка на домашната економија.
Економија
Грчките бизниси со загуби од скоро 35 милијарди евра

Сите грчки компании, не само оние кои беа принудени да се затворат за време на блокадата, претрпеа загуби на приходите од речиси 35 милијарди евра помеѓу јануари и септември минатата година. Ова го покажуваат најновите податоци објавени од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Овие загуби се очекува да бидат уште поголеми во четвртиот квартал од годината, барем во споредба со првиот и третиот квартал – период што традиционално се карактеризира со зголемена потрошувачка, пренесе БГНЕС.
Податоците за прометот во ноември, го одразуваат шокот предизвикан од втората блокада, особено во секторите за малопродажба и рестораните. Трговијата на мало, која беше прекината од 7 ноември, забележа пад на прометот од 38,5 проценти во ноември во споредба со ноември претходната година.
Угостителството, кое е суспендирано од 3 ноември, забележа пад на прометот за 54,1 отсто во ноември во споредба со истиот месец во 2019 година.
Покрај тоа, податоците покажуваат дека грчките компании забележале вкупен промет од 193,84 милијарди евра во првите три квартали од 2020 година, во споредба со 228,68 милијарди евра во соодветниот период во 2019 година – разлика од 34,84 милијарди евра.
Вкупниот промет во третиот квартал на 2020 година изнесува 69,80 милијарди евра во споредба со 82,91 милијарди евра во третиот квартал од претходната година – пад од 15,8 проценти. Ова намалување е значајно не само затоа што има дупка од 13,11 милијарди евра, туку и затоа што демонстрира силно влијание врз економијата и бизнисот, имајќи предвид дека во третиот квартал имаше само некои локални блокади и тие не беа многу долги.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира