Контакт

Билтен

Владата знае дека економскиот ефект од странските инвестиции е негативен

Објавено пред

 

Молкот на институциите за тоа колку пари дала владата за да ги донесе странските инвестиции во Македонија, укажува на тоа дека тие знаат оти економскиот ефект е негативен, а изговорот дека договорите се дискрециони и не може да се кажат бројките поединечно, не ги оправдува да ја кажат цената на годишно ниво.

Ова беше речено на дебатата за странските инвестиции во Македонија во организација на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).

Седум пати помалку пари се инвестирани од најавеното и три пати помалку отворени работни места од тие што биле ветени, покажа базата на податоци „Странските инвестиции под лупа“ изработена од БИРН.

Според истото истражување од 138 инвестиции што биле најавени или промовирани од Владата во период од 2007 до 2016 година, дури 43 воопшто не се реализирани или се пропаднати. Од 26 странски компании кои добиле државна помош само четири се држеле до договореното и вложиле онолку колку што рекле.

Сепак, како што рече професорот Абдулменаф Беџети, овие бројки и не се така разочарувачки, поточно квантитативниот бенефит и не е така лош, она што е лошо според него, е квалитативниот ефект, односно прашањето дали по завршувањето на субвенциите кои државата ги дава на овие фирми тие и понатаму ќе останат во Македонија.

Според професорот Марјан Петрески, единствениот бенефит од странските инвеститори во Македонија за сега се само платите на вработените, а тој укажува дека треба странските фирми да се поврзат со домашните, за на крај и ако заминат од Македонија на земјата да и остане добра технологија и подготвеност за работа.

Беџети рече дека оваа економска политика на владата во првите две години од нејзиното
спроведување била добра, но од 2009 година наваму, одлуките не се донесувани врз основа на економски политики, туку врз основа на политика. Иако било понудено економисти од универзитетите да изработат анализи, според кои би се изградила економска стратегија, тоа никогаш не се направило.

За тоа, зошто им се дозволува на странските инвеститори да не го почитуваат договореното, иако им се даваат чисти пари на рака за работно место, што исто според Беџети е небулоза, а покрај тоа користат и инфраструктура и ослободување од даноци, тој вели и дека тие фирми имаат толку добри адвокати што веројатно според договорите кои се потпишани со македонската влада и не се прекршени, а нашите не можат ни да ги разберат. Посочи и неколку примери од претходни странски фирми како ЕВН, Телеком и другите, каде Македонија според меѓународното право, со споровите што ги водела никогаш не победила, и додаде дека тоа се случува и во другите земји од нашето опкружување.

Петрески е оптимист дека од странските инвеститори Македонија ќе има некој економски бенефит, но недостатокот на конкретни бројки, недостатокот на податоци за трошокот и повратниот ефект ги оневозможуваат аналитичарите да пресметаат кон која страна се движат работите./крај/мф

Најново

Спорт4 минути

Сасуоло остана без тренер

Алберто Аквилани повеќе не е тренер на Сасуоло, објави италијанскиот клуб. „Клубот им се заблагодарува на тренерот и неговиот персонал...

Спорт11 минути

Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во...

Свет20 минути

Жртви на свештеници-злоставувачи се сретнаа со Папата во Аргентина

Папата Лав се сретна со пет жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници во Буенос Аирес, соопшти Ватикан. Ова...

Свет51 минута

САД: Русија и Украина се подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што...

Свет1 час

Трамп повторно тврди дека изборите во САД биле наместени

Претседателот на САД, Доналд Трамп, уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на конгресните избори одржани на 3 ноември, на...

Свет2 часа

Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница. Тој ја...

Македонија2 часа

МОН: Продолжува програмата „Суперучилишта“, средношколците од Македонија се поврзуваат со врсниците од регионот

Училишните размени имаат значајно и повеќеслојно позитивно влијание врз образовниот систем. Тие овозможуваат размена на позитивни практики, знаења и искуства...

Македонија2 часа

ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка: Митовски се обидува проблемот со добитокот да го претвори во политичка тема

Денешната прес-конференција на градоначалникот Сашко Митовски, на која побара Владата да прогласи кризна состојба поради проблемот со неконтролираното движење на...

Свет2 часа

Рјабков: Ако Европа нè нападне, тоа ќе биде многу кратка војна

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, ги осуди напорите на Европската унија и НАТО насочени кон подготовка за...