Контакт

Економија

Владата најави наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

Објавено пред

На предлог на Министерството за финансии, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за  организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“.

Oд владината прес-служба велат дека целта на оваа мерка е понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање фискални сметки.

Мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Економија

АХВ: Трипуновски непотребно шири дезинформации и паника за болеста африканска свинска чума

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство ги осуди тврдењата на Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, кој рече дека Агенцијата не ја информирала јавноста за преземените мерки за превенција и спречување на ширење на болеста африканска свинска чума во земјава, по откривањето на 21 тони замрзнато свинско месо по потекло од Шпанија, кај кое беше утврдено присуство на вирусот на оваа болест.

„Некомпетентноста, нестручноста и политиканството на Трипуновски, кој денес ја обвини Агенцијата за ненавремено преземање мерки и земање мостри од заразеното месо, имаат само една цел – непотребно ширење дезинформации, создавање паника кај граѓаните и сточарите, неосновано доведувајќи го во прашање кредибилитетот на институцијата, која досега успешно ја менаџира имплементацијата на мерките за спречување на појава и ширење на африканската свинска чума кај нас.

Место денес да организира театрални прес-конференции, Трипуновски уште на 10 октомври требаше само убаво да слуша, што како транспарентна институција, Агенцијата ја информираше јавноста околу овој случај, а на која беа најавени и мерките за уништување на спорната пратка. За да се потсети, што тогаш беше кажано, Трипуновски уште денес може да ја посети и интернет-страницата на Агенцијата.

Одговори за тоа до каде е истрагата за пратката со шпанското месо, по нејзиното завршување ќе ја даде Европската Унија, а Агенцијата за храна и ветеринарство како и досега навремено и транспарентно ќе информира за тоа. „Неодговорниот” однос во пристапот со африканската свинска чума, како што тврди Трипуновски, за среќа, во Република Северна Македонија досега дава позитивни резултати, односно болеста ја немаме во државава, иако, како што вели и тој, таа беснее во регионот“ се вели во реакцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Прикажи повеќе...

Економија

Костадинов: Просечната плата во август изнесува 25.127 денари

Објавено пред

Според последните информации, просечната плата во август 2019 година е зголемена за 3,8 проценти и сега изнесува 25.127 денари, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Ваквиот раст на прoсечената плата се должи на стабилната економија, но и на растот на минималната плата, која за нешто повеќе од две години порасна за 5.500 денари“, рече Костадинов.

Тој искоментира дека просечната нето-плата по вработен во мај 2010 изнесувала 20.798 денари, а во мај 2017, изнесувала 22 889 денари, што е одвај 2 илјади денари зголемување за 7 години.

„Со новото предвидено зголемување на минималната плата на 14.500 денари, но и со мерката за субвенционирање на придонесите за социјално осигурување, во следниот период се очекува дополнителен и интензивен раст на просечната плата. Сите овие параметри покажуваат дека економијата е на здрави основи и се движи во добар правец. Ваквото темпо на раст на платите обезбедуваат реални услови, до крајот на 2020 просечната плата да изнесува 30.000, а минималната плата 16.000“, рече Костадинов.

Додаде дека само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски биле и сè уште се против раст на минималната плата.

Прикажи повеќе...

Економија

Туристичките здруженија предлагаат нов модел на субвенционирање

Објавено пред

Субвенции за  чартер-летови, автобуси од сите места на поаѓање и субвенции во железничкиот превоз предложија денеска претставници на Туристичко-угостителската комора (ТУК), Здружението ХОТАМ и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТАМ), на средбата со министерот за економија, Крешник Бектеши.

На состанокот пред министерот беа презентирани предлозите за нови модели за субвенционирање на странски туристи, но нов модел за осигурување од одговорност кај туроператорите.

Министерот Бектеши изрази задоволство што првпат во изминативе неколку години три здруженија од туристичко-угостителската дејност се здружија со заеднички предлози со цел подобрување на состојбите во овој сектор.

Тој потенцираше дека во текот на оваа година за таа цел беше донесен Законот за туристичка и угостителска дејност, а во моментов се работи на подзаконските акти.

„Тука сме да ги подобриме сите законски решенија согласно со европската пракса. Денеска веќе ги дискутиравме предлогозите на трите здруженија и јас како министер за економија следната неледа ќе свикам состанок со работната група која работи на изготвување на подзаконските акти. Сметам дека за кратко време ќе изнајдеме заеднички прифатливо решение. Бидејќи сега се работи на изготвување на буџетот за 2020 година, многу е важно за туроператорите да имаат информација за нашите мерки и чекори, бидејќи на тој начин ќе имаат предвидливост за тоа кои се условите за субвенционирање на странски туристи“, потенцираше Бектеши и додаде дека и Министерството за економија и Владата секогаш ќе бидат партнер на бизнис-заедницата за да се изнајде решение што ќе биде во интерес на сите чинители во овој сектор.

Новиот модел на субвенционирање што го предлагаат претставниците од ТУК, ХОТАМ и НАИТАМ предвидува: субвенции за чартер-летови. Тука станува збор за авиопревози кои имаат капацитет на леталата до 130 патници – 7.500 евра по лет, потоа авиопревози кои имаат капацитет на леталата над 130 патници – 14.000 евра по лет и редовни авиолинии над 10 патници – субвенција по патник.

Понатаму, здруженијата предлагаат субвенции за автобуси од сите места на поаѓање:  субвенционирање на автобуски чартер-линии со автобус до 30 патници – 500 евра по автобус и сувенционирање на автобуски чартер-линии со автобус над 30 патници – 1000 евра по автобус.

Како трета точка предложени се и субвенции во железничкиот превоз, поконкретно  за минимум група од 10 патници-пресметано по патник. Како услов за сите групи е минимум престој од 5 дена.

Во делот на моделот на осигурување од одговорност кај туроператорите претставниците од трите здруженија предлагаат три можности, а тоа е воведување гарантен фонд, банкарска гаранција и осигурување од одговорност со вклучена несолвентност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија3 часа

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија4 часа

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија4 часа

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Македонија5 часа

Вебер: Од Скопје и Тирана баравме многу, а сега вратата им е затворена пред носот

Лидерите на најголемите политички групи во Европскиот парламент едногласно ја осудија одлуката за одложување на преговорите со Северна Македонија и...

Македонија5 часа

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. Тој најави дека следната недела ќе...

Македонија6 часа

Туск пред пратениците во ЕП: Голема грешка е одлуката за Северна Македонија и Албанија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска пред пратениците во Европскиот парламент рече дека е голема грешка тоа што не...

Свет6 часа

Нарухито прогласен за јапонски цар, помилувани половина милион осуденици

Јапонската влада помилува околу 550.000 осуденици за помали кривични дела по повод востоличувањето на императорот Нарухито. Одлуката, одобрена од владата...

Свет7 часа

„Фејсбук“ ги објави новите мерки за претседателските избори во САД

„Фејсбук“ најави дека внимателно ќе ги следи „медиумите кои се контролирани од државата“ и се обидуваат да манипулираат со расположението...

Регион8 часа

Грчката полиција изнесе малолетници од кино на филмот „Џокер“

Во Грција изби широка полемика зошто полицијата минатиот викенд изнела малолетници од две кина во Атина, во кои се прикажувал...

Свет8 часа

Торнадо остави неколку илјади домаќинства без струја во Далас

Десетина илјади домаќинства и деловни објекти во Далас останаа без струја поради торнадо што го погоди овој американски град. Ударите...

Регион8 часа

Чавушоглу: Санкциите и заканите нема да нè спречат во офанзивата во Сирија

Меѓународните санкции или закани со санкции нема да ја присилат Турција да ја спречи својата афанзива во Северна Сирија, изјави...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион21 час

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет22 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија24 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ1 ден

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија1 ден

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Досие