Контакт

Економија

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено пред

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023. Овoj стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи кои треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

Во Програмата за економски реформи 2021-2023 се опфатени 20 приоритетни мерки (реформски области), кои треба да се спроведат во наредните три години во насока на реформа на пазарот на енергија и транспорт, развој на земјоделскиот сектор, подобрување на деловното окружување и намалување на сивата економија, поддршка на истражување, развој и дигитална трансформација, регионално економско поврзување, образование и вештини, социјална заштита и инклузија, како и здравствена заштита.

Од аспект на реформата на пазарот на енергија и транспортот предвидени се мерки за зголемување на конкуренцијата на пазарот на електрична енергија, промоција на обновливи извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и имплементација на интелигентен транспортен систем по должина на  паневропскиот Коридор 10.
Во насока на развојот на земјоделскиот сектор предвидени се мерки за подобрување на системите за наводнување, консолидација и дефрагментација на земјоделско земјиште, формирање на земјоделски задруги и подобрување на пристапот до обработливите земјоделски површини.

Програмата предвидува и мерки насочени кон подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија. Од аспект на подобрувањето на деловното окружување се предвидува рационализирање на парафискалните давачки и формирање на единствен регистар за истите, понатаму формирање на електронски пазар за набавки од мала вредност и поддршка на новоосновани мали и средни претпријатија во помалку развиените региони. Во насока на намалување на неформалната економија ќе се преземат механизми за поттикнување на регистрираните економски активности и трансакции и со фокус на секторите, каде што има најголема веројатност за непријавена работа.
Мерките со кои ќе се поддржи истражувањето, развојот и дигиталната трансформација опфаќаат проширување на опсегот на услуги на националната платформа Е-услуги, како и подобрување на соработката меѓу академската заедница и индустријата.

Во делот на регионалната економската интеграција се опфатени мерки насочени кон поедноставување на прекуграничните инспекциски и царински процедури и зајакнување на внатрешниот пазар во земјата.Понатаму, ПЕР предвидува активности за подобрување на резултатите од образовниот процес и намалување на неусогласеноста на вештините и квалификациите со потребите на пазарот на работна сила. Истовремено, ќе се работи и на спроведување на новиот Закон за социјална заштита, особено во поглед на најранливите категории граѓани, како и поголема активност на работоспособното население. Во оваа Програма за првпат се вклучува здравствениот сектор, каде се предвидени активности за подобрување на здравствената заштита на населението.

ПЕР 2021 – 2023 ќе се достави до Европската комисија до крајот на јануари 2021 година. По доставувањето, истата ќе биде оценета од страна на ЕК. На крајот, ќе се спроведе дијалог во рамките на Советот на ЕУ со министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите кандидати за членство од Западен Балкан и Турција. Резултат на дијалогот е донесување заеднички заклучоци врз основа на оценката на ПЕР, со што се даваат препораки за подобрување во економските политики, со цел забрзување на економската конвергенција, зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање на нови работни места.

Економија

Одобрена финансиска поддршка од 50 милиони денари за радијата и телевизиите

Објавено пред

Владата во рамки на 48-мата седница денеска донесе одлука за одобрување на средства од буџетот во износ од 50.000.000 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), како поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.

Како што информираат од владината прес-служба, овие средства се наменети заради реализација на мерка три од петтиот пакет економски мерки, со која ќе се обезбедат средства за финансиска поддршка на радиодифузерите за надомест на средства платени по основ на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во финансиската евиденција на АВМУ.

Притоа, се задолжува Генералниот секретаријат на Владата, средствата од оваа одлука да ги уплати на наменска сметка на АВМУ.

Согласно одлуката, овие средства Агенцијата треба да ги искористи исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради надоместување на средствата кои не се реализирани по основ на наплата на такси, давачки и надоместоци за вршење радиодифузна дејност и кои се документирани во нејзината финансиска евиденција.

За искористувањето на средствата Агенцијата ќе треба да достави извештај до Владата, во рок од 15 дена од завршување на активностите.

Во извештајот, ќе биде потребно поединечно да се набројат секој од радиодифузерите со висина на надоместокот кој го должел и е покриен со средствата од оваа одлука, како и бројот на фактура со кој истиот бил задолжен.

Агенцијата е должна да достави примерок од извештајот и до Управата за јавни приходи за потребите на системот на данокот на додадена вредност и реализација на целите на данокот на додадена вредност.

При утврдени неправилности и ненаменско користење на средствата потребно е АВМУ средствата да ги врати во буџетот.

Прикажи повеќе...

Економија

Средба на претседателот Пендаровски со стопанските комори

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими претседателите на четирите стопански комори коишто се дел од Платформата за јавно-приватен дијалог.

Претседателите на коморите на претседателот Пендаровски му ги презентираа прогнозите и предизвиците со кои би се соочиле во 2021, со осврт на минатата исклучително тешка година, како на здравствена, така и на економска основа.

Претседателите на коморите информираа за своите анализи и очекувањата на бизнис-секторот, за динамиката по која ќе се одвива увозот и извозот на стоки и услуги.

На средбата се разговараше и за владините интервенции во вид на пакети за помош на бизнис-секторите погодени од Ковид-19.

Истовремено, коморите од Платформата за јавно-приватен дијалог посочија дека треба да се намали бројот на закони кои се носат по брза постапка, а коишто се однесуваат на стопанството. Во оваа насока, претседателот Пендаровски изрази подготвеност за консултација со која било од коморите при потпишување на указите на законите кои регулираат поединости во бизнис-секторот.

На средбата присуствуваа Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија, Неби Хоџа од Стопанската комора на северозападна Македонија, Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори и Анета Антова-Пешева, претседателка на управниот одбор на МАСИТ.

Прикажи повеќе...

Економија

Промовирана нова мобилна апликација за заштита на правата на потрошувачите

Објавено пред

Институтот за стратешки истражувања и едукација ја промовираше новата мобилната апликација за заштита на правата на потрошувачите – Potroscuvaci MK која е достапна на македонски и албански јазик.

Претставникот на Институтот, Дарко Спасевски, ја нагласи потребата од континуирано градење на капацитетите и обуката на човечките ресурси како и поголемото учество на граѓанскиот сектор во телата на овие институции.

Христина Конеска-Бероска, претставник на Секретаријатот за европски прашања ја истакна важноста на заштитата на потрошувачите во претпристапните преговори со ЕУ.

На настанот се обрати и претставничката на проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ Шерифе Исмаили-Касапи која кажа дека заштитата на правата во Европската Унија се врши преку заштита на нивните економски интереси, како и со постојано едуцирање на граѓаните. Таа исто така нагласи и дека преку хармонизација на нашето законодавство со она на Европската Унија ќе се доближиме до ЕУ стандардите за заштита на потрошувачите.

Покрај мобилната апликација, беа промовирани и Извештајот од мониторингот на седум клучни институции за правата на потрошувачите како и други резултати од проектот „Чувар на правдата за потрошувачите“, пет водичи за правата на потрошувачите, новата веб страница www.zastitanapotrosuvaci.mk и други анализи и препораки за унапредување на политиките за заштита на потрошувачите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија7 часа

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ9 часа

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет9 часа

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија10 часа

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија11 час

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет11 час

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија12 часа

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија13 часа

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет23 часа

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Македонија1 ден

Мијалков однесен во домашен притвор на Водно

Во полициски автомобил со затемнети стакла Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење организиран криминал. Автомобилот беше во придружба...

Македонија1 ден

Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, сам се пријавил во Обвинителството. Таа објасни...

Македонија1 ден

И без сознанија за бегство, одреден куќен притвор за Миле Јанакиески

Определен нов куќен притвор за ексминистерот Миле Јанакиески за предметот ТНТ откога обвинителите забележале дека не може да му го...

Македонија1 ден

( Видео) Заев: Мијалков избега и тоа што се појави не е олеснителна околност

Правдата е обезбедена и ќе ја има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да...

Македонија1 ден

Мијалков се појави во Обвинителството, тврди дека бил во изолација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, по два дена, попладнево сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје за...

Македонија1 ден

(Видео) „Ова е објавување војна“ – роднините на осудените во „Монструм“ најавија протест

Бедри Ајдари, братот на осудениот во „Монструм” Фејзи Азири, повика на протести поради казните изречени од кривичниот суд. Тој по...

Македонија1 ден

Мицкоски: Бегството на Мијалков беше договорено, време е за техничка влада

Дадовме 24 часа вашата истрага да даде резултат, ама договорено беше бегството на Мијалков, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,...

Македонија1 ден

(Видео) Тројца обвинети во „Монструм“ добија доживотен затвор, двајца од нив се во бегство

Тројца обвинети во случајот „Монструм“ се осудени на доживотен затвор, двајца на 9 и 15 години, а еден е ослободен....

Македонија1 ден

Радев: 100.000 граѓани во Македонија имаат бугарско државјанство, да се почитуваат нивните права

Бугарскиот претседател, Румен Радев, повикува на навремен одговор од одговорните институции во Бугарија и Македонија за проблемите со кои се...

Регион1 ден

„Организацијата е нула“ – огромни редици за вакцинирање во Загреб

Утрово голем број луѓе се собраа во Загреб, каде вакцинацијата почнува денеска, како дел од втората фаза. Иако вакцинирањето започна...

Досие