Контакт

Економија

Владата ќе дава дополнителна финансиска поддршка за инвестициите од дијаспората

Објавено пред

Владата попладнево на својата 58. седница го усвоила предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добиле и инвестициите од дијаспората – како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Како што нагласуваат оттаму, Владата од својот почеток е посветена на институционален и темелен пристап на градењето доверба и соработка со дијаспората и тоа го докажува со конкретни чекори и дела.

„Согласно со овој закон, за почетни инвестициски вложувања на деловни субјекти основани од државјани на Република Македонија коишто имаат живеалиште или привремен престој надвор од Република Македонија и доколку инвестицијата се однесува на: инвестициски проекти од значаен економски интерес за Македонија, пораст на капитални инвестиции, откуп на материјални средства од деловни субјекти со потешкотии или во делот на зголемување на конкуретноста на пазарот, финансиската поддршка се зголемува за дополнителни 10 проценти“, се наведува во соопштението.

Во него исто така се нагласува дека Владата на РМ ја разбира неопходноста од интензивирање на економската соработка помеѓу државата и дијаспората, па токму усвојувањето на овој закон ќе биде почетниот стимул за придвижување во таа насока.

Економија

Брисел: Евтин интернет во роаминг од идното лето

Објавено пред

Од

Мобилните податоци во роаминг ќе поевтинат од наредното лето за граѓаните на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. Тие ќе плаќаат единствена цена од 70 центи за мегабајт, соопшти европската комесарка за дигитална економија и општество, Марија Габриел.

„Операторите ја презедоа обврската од 1 август да понудат пакети во кои цените на мегабајтот ќе бидат неколкупати пониски од сегашните. Нашата цел е до јули наредната година заедничката цена за сите земји од ЕУ и Западен Балкан да биде 70 центи за мегабајт“, изјави Габриел.

Таа очекува дека до 2020 година мегабајтот би можел да чини 45, а до 2021 година – 20 центи. Таа нагласува дека пониските цени ќе важат за мобилниот интернет, но не и за разговорите.

Прикажи повеќе...

Економија

Светскиот ден на пчелата одбележан со конференција во Брдо кај Крањ

Објавено пред

Од

Пчеларството е гранка која има важен придонес во земјоделскиот сектор и во зачувување на животната средина, што Владата на Република Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е силно посветена на развојот на оваа значајна гранка, порача министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во денешното обраќање на меѓународната министерска конференција „Значењето на пчелите и другите опрашувачи за одржливо земјоделство и безбедност на храна“, во Брдо кај Крањ, Република Словенија. Оваа конференција се одржува по повод денешниот „Светски ден на пчелата“, а по под покровителство на словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и храна.

Министерот Николовски посочи дека Македонија се одликува со сопствен автохтон род пчели, а бројот на пчелини семејства денес е проценет на околу 90.000. „Земајќи ги предвид важноста и бенефитот на пчеларството, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство е силно посветено на развој на оваа земјоделска гранка. Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како партнери, ќе дадат силен придонес во процесите на зачувување на пчелите, бидејќи пчеларството е навистина важна стопанско-прехранбена гранка“, изјави Николовски.

Во своето обраќање, министерот Николовски се осврна на долгата традиција што ја има пчеларството во Македонија, која се одликува со сопствен автохтон род пчели. Преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, МЗШВ создава институционална поддршка за пчеларството. Со цел модернизирање на процесот и зголемувањето на пчелните семејства и целокупниот капацитет на пчеларскиот сектор достапни се и мерки од Програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.

На конференцијата на која што присуствуваат министри за земјоделство од цел свет, Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) ги повика државите да сторат повеќе за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи или во спротивно, да ризикуваат пад на разновидноста на храната. Од ФАО предупредија дека пчелите се под голема закана од комбинираните ефекти на климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загубата на биодиверзитетот и загадувањето. Со Светската здравствена организација, ФАО го разви Меѓународниот Кодекс на управување со пестициди, што обезбедува најдобри практики кои можат да помогнат во намалување на изложеноста на опрашувачите на пестициди.
Министрите на конференцијата усвоија декларација со која меѓудругото заеднички се обврзуваат за преземање на мерки за поддршка и заштита на пчелите и на другите опрашувачи, како и подигање на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачите во зголемување на приходите од земјоделство и зачувување на животната средина. На конференцијата беше заклучено дека одржливите земјоделски практики, а особено агро-екологијата, можат да помогнат во заштитата на пчелите преку намалување на изложеноста на пестициди.

Во рамки на официјалната посета на Словенија, министерот Николовски го покани словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна, Дејан Жидан да присуствува на завршниот настан во Македонија за проектот за Локалните Акциски групи (ЛАГ), за што изминатиот период словенечкото министерство за земјоделство испрати експерти во МЗШВ кои помогнаа за регистрирањето и финансирањето на ЛАГ-вите. Локалните акциски групи за Македонија се важни за регионалниот рурален развој како алатка која ги спојува земјоделските производители, здруженијата, локалните власти и приватниот сектор

Прикажи повеќе...

Економија

Заев и Анѓушев во посета на фабрика во изградба кофинансирана од ИПАРД

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев во рамки на вчерашната посета на Струга одржаа работен состанок со претставници на компанијата „Подгорка“.

Сопственикот на инвестицијата Мевмед Џемајловски на работниот состанок ја претстави својата инвестиција како една од поголемите домашни инвестиции, вредна 5.5 милиони евра и кофинансирана со средства од ИПАРД програмата. Станува збор за компанија којашто ќе се занимава со производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди и која до крајот на 2019 година ќе обезбеди 80 работни места за македонските граѓани.

„Охрабруваат ваквите решителни инвестициски чекори на домашна компанија којашто успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД програмата. Посебно радува што станува збор за домашна компанија којашто ќе отвори нови работни места и ќе донесе нова вредност во нашата економија. Ве охрабрувам и понатаму да влегувате во нови инвестиции, Владата и институциите се ваш партнер во создавањето поволни услови за раст и развој на вашите бизниси“, порача премиерот Заев.

Сопственикот Џемајловски изрази огромна благодарност до државните институции кои брзо и навремено помогнале во процесот на подготовка и комплетирање на потребната документација во процесот на аплицирање.

„Институциите ја препознаа и разбраа економската важност на нашата инвестиција. Објектот ќе биде изграден според стандардите за енергетска ефикасност, а производствениот процес во фабриката ќе се одвива според најмодерни европски стандарди. Нашата цел е да ги отвориме регионалните пазари и да извезуваме во соседните земји“, соопшти сопственикот на „Подгорка“.

По завршување на работниот состанок претставници на „Подгорка” и сопственикот Џемајловски заедно со премиерот Заев, вицепремиерот Анѓушев и директорот Бабовски се упатија кон локацијата кадешто е во тек изградба на новата фабрика. Сопственикот Џемајловски и градежните работници одблиску му ја претставија на премиерот Заев и владината делегација инвестицијата и прогресот на градежните работи.

„Очекувам во иднина многу домашни компании да изработуваат квалитетни проекти и да аплицираат за поддршка од ИПАРД фондовите. Оваа домашна инвестиција нека мотивира и поттикне многу домашни инвеститори да ги следат ваквите храбри чекори. Целта е да се реализираат што е можно повеќе успешни домашни инвестиции. На компаниите им стојат на располагање и мерките од Планот за економски раст кој поддржува нови инвестиции и раст на конкурентноста“, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на крајот од владината посета на фабриката во изградба „Подгорка“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Движењето Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија25 минути

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, Обвинителството не успеало да докаже дека...

Македонија1 час

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија3 часа

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет3 часа

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија13 часа

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија15 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија21 час

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија22 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија1 ден

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија3 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Досие