Контакт

Економија

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Објавено пред

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска процедура, а ќе важи од почетокот на следната година. Министерката за финансии, Нина Ангеловска, и директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, пред претставниците на невладините организации, претставници на Министерството за животна средина и на Град Скопје ги презентираа промените што ги содржи новиот закон.

„Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок. Целта на новиот начин на оданочување на возилата е да се влијае на намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во текот на целата година“, рече Ангеловска.

Со новата регулатива, појасни таа, пресметувањето на данокот ќе се врши врз основа на две компоненти: вредноста на возилото и висината на емисијата на јаглероден диоксид кај возилото. На овој начин, еколошките возила со пониска стапка на емисија на ЦО2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои повеќе загадуваат.

Танасоски нагласи дека за електричните возила воопшто ќе нема данок, како и за нови возила за прва помош и за погребални услуги. За возила наменети за такси превозни услуги, повратот на данок изнесува 25 отсто кај автомобилите, додека оние што имаат 7+1 и 8+1 седиште, ќе имаат поврат на данок до 80 отсто. Хибридните возила ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од данокот.

„Не може преку ноќ да се преуреди структурата на возниот парк кој има просечна старост меѓу 15 и 18 години и во кој само еден процент од возилата имаат еуро 6 стандард. Но, од некаде мора да се почне, новиот закон за данок на моторни возила е прв исчекор, а резултатите можеме да ги очекуваме по 3-4 години“, рече Танасоски.

Граѓаните кои ќе набавуваат возило по стапувањето на сила на новиот Закон, ќе имаат на располагање Калкулатор на веб-страницата на Царинската управа, за пресметка на данокот.

Претставниците на невладините организации ја поздравија одлуката за оданочување во полза на животната средина и побараа да се продолжи во оваа насока, со мултисекторски пристап.

Економија

МЗШВ: Нема никакви незаконски распределби на државно земјоделско земјиште под закуп

Објавено пред

Во врска со обвинувањата на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, изнесени на денешната прес-конференција, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најодговорно тврди дека целата процедура за склучување договори за давање државно земјиште под закуп за посоченета катастарска општина Нова Брезница е запазена и е во согласност со законските прописи.

„За посочениот јавен оглас и потпишаниот договор на 26.12.2018 година, лицето Г. Ѓ е воведено во владение на 6.2.2019 година, со записник за воведување во владение изготвен од страна на комисија формирана од подрачната единица за земјоделство во Општина Кисела Вода.

Дополнителниот заменик-министер треба да ја знае разликата помеѓу јавен оглас и јавен повик. Станува збор за две процедури. Во согласност со член 25-б, став 1 и став 2 од Законот за земјоделското земјиште, јасно е пропишано дека постапката за јавен повик се спроведува преку доставување понуди од заинтересирани странки за давање во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост. Во овој случај земјоделските парцели не се предмет на проверка, ниту јавна објава.

Јавниот повик, кој го посочува Трипуновски, беше отворен за поднесување апликации од 12.12.2018 година и траеше до 11.1.2019 година. Основен документ за јавните повици е геодетскиот елаборат, чиј составен дел е имотниот лист, преку кој се утврдува службеност и други товари на земјиштето. При евалуацијата на понудите на јавниот повик не е утврдено никакво корисничко право ниту, пак, е прибележан закуп во имотниот лист доставен од апликантот В. Т..

Во согласност со член 30 од Законот за земјоделското земјиште, министерот е должен ја почитува одлуката на Комисијата и да склучи договор со апликантот. Според истиот член, договорите за закуп влегуваат во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште. Договорот склучен со лицето В. Т. не е ставен во владение и не произведува правно дејство бидејќи Комисијата за воведување во владение при подрачната единица на МЗШВ во Кисела Вода има утврдено право на користење на лицето Г. Ѓ.. Со тоа договорот склучен на 26.12.2018 е единствениот договор кој е стапен во сила и има правно дејство“, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишан договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце

Објавено пред

Директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов, и генералниот директор на АД „Гранит“, Зоран Милковски, денеска потпишаа договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце. На потпишувањето присуствуваше и вицепремиерот Бујар Османи.

„Денес исправаме неправда која, за жал, досега се провлекуваше без малку 20 години. Проектот Скопје – Блаце не е нов проект, туку иницијатива почната многу одамна, која на еден или на друг начин цело време е отстранувана од приоритетите на државава и за која беа потребни вонсериски напори за да се врати повторно во фаза на реализација во која е сега. Од денес, овој проект влегува во иреверзибилна фаза, а динамиката на неговата реализација станува чисто техничко прашање“, истакна Османи, кој е координатор на Владата задолжен за реализација на овој проект.

Тој кажа дека е неспорно дека овој проект има и економска и општествена и политичка важност за Република Северна Македонија, проект кој претставува и дел од европската иницијатива за регионална соработка, изразена преку т.н. ‘конективити агенда’ на Берлинскиот процес“.

Во своето обраќање директорот Зоран Китанов ги образложи деталите од договорот и предметот на изведба.

„По успешно спроведената постапка за јавна набавка, од пристигнатите понуди, како најповолен економски оператор кој ќе ги изведува градежните работи е избрана компанијата ‘Гранит’. Вредноста на договорот е 747.239.717,00 денари без ДДВ или околу 12,2 милиони евра, додека работите треба да завршат во рок од 18 месеци од воведувањето во работа, што значи дека градежните работи ќе почнат оваа пролет, а првите километри од автопатот ќе може да ги возиме веќе следното лето во 2021 година“, истакна Китанов, посочувајќи дека во напредна фаза е подготовката и за втората фаза, со која ќе се реализираат и следните 10 километри од автопатот.

Целиот проект за автопатот Скопје – Блаце е во вкупна должина близу 13 километри, проценет на близу 120 милиони евра, од кои 27 милиони евра како неповратен грант се обезбедени преку Рамката за Западен Балкан на ЕУ, околу 70 милиони евра се предвидени како заем од ЕБРД, а останатите средства се од буџетот на земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нестле“ вложува две милијарди швајцарски франци за развој на еколошка амбалажа

Објавено пред

Најголемата светска компанија за храна „Нестле“ соопшти дека ќе инвестира до две милијарди швајцарски франци во натамошно развивање на еколошки решенија во прехранбената индустрија, со цел да се зголеми употребата на рециклирана пластика и да се забрза развојот на иновативно одржливо пакување.

Надоврзувајќи се на ветувањето од 2018 година дека 100% од амбалажата ќе биде од материјал кој ќе може повторно да се искористи или да се рециклира, компанијата најави дека ќе ја намали употребата на пластика за една третина во истиот период, истовремено придонесувајќи за отстранување на пластичниот отпад од океаните, езерата и реките.

„Повеќето пластики што се достапни денес тешко се рециклираат за да бидат безбедни за повторна употреба во прехранбената индустрија, што значително ја ограничува количината на материјали што ни се достапни. Нестле се обврза да обезбеди до 2 милиони тони рециклирана пластика што може да се користи во прехранбената индустрија и да инвестира повеќе од 1,5 милијарди швајцарски франци до 2025 година“, велат од компанијата.

„Ниту едно парче пластика не смее да заврши на депонии или како отпад. Обезбедувањето рециклирана пластика безбедна за прехранбената индустрија е огромен предизвик за нашата индустрија. Затоа, покрај намалувањето на употребата на пластика, наша цел е да го затвориме кругот и да користиме пластична амбалажа која ќе биде погодна за бесконечно рециклирање. Проширувањето на пазарот за вакви материјали и поттикнување  иновации во индустријата за пакување храна е нашата мисија и ги покануваме сите компании да ни се придружат на ова патување “, рече Марк Шнајдер, извршен директор на „Нестле“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Трамп го прекршил законот кога ја спречил воената помош за Украина

Белата куќа го прекршила американскиот закон кога ја прекинала воената помош наменета за Украина, одлучи независното тело кое ја надгледува...

Македонија10 часа

Докторката на Трајковски ќе сведочи во „ТНТ“ за неговата дијагноза

Судот одлучил на следното рочиште за „ТНТ“ да ја повика докторката која на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски,...

Европа10 часа

Русија доби нов премиер

Државната Дума ја потврди кандидатурата на поранешниот шеф на Федералната даночна служба, Михаил Мишустин, за нов премиер на Русија. Мишустин...

Топ12 часа

Опожарени возилата на Сузана Турунџиева и на Ребека

Автомобилот на пејачката и водителка Сузана Турунџиева бил опожарен изутринава околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото на пејачката...

Македонија13 часа

Шкријељ: Нема да дозволиме граѓаните поради предизборни препукувања да останат без нивните права

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска на прес-конференција во Владата повика на конструктивност и соработка со...

Топ13 часа

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа кај Велес

Една жена е потешко повредена додека петмина други полесно во сообраќајната несреќа што се случи изутинава околу 8 часот на...

Свет13 часа

Спасено девојче од Пакистан кое 18 часа било затрупано со снег

Едно 12-годишно девојче е пронајдено живо откако лавина ја погодила нејзината куќа во Пакистан и откако 18 часа било затрупано...

Топ13 часа

Притвор за скопјанец кој марихуаната ја чувал во тегли од лутеница и ајвар

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против 27-годишник од скопската населба Влае кој криел марихуана во тегли за зимница. Како...

Регион16 часа

Рама го тужи Харадинај за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама  поднел тужба до Основниот суд во Приштина за клевета против косовскиот колега во заминување Рамуш Харадинај....

Свет16 часа

Седум членови од Претставничкиот дом ќе го водат случајот против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес испрати резолуција за отповикување на претседателот Доналд Трамп до Сенатот.  Со тоа се создадени услови...

Свет1 ден

(Видео) Вулканот Таал направи пустош на Филипините

Ерупцијата на вулканот Таал во близина на Манила исфрли лава, а местата во непосредна близина ги покри со пепел. Аеродромот...

Свет1 ден

Путин го предложи Михаил Мишустин за нов премиер на Русија

Рускиот претседател, Владимир Путин, пред државната Дума за премиер го предложи Михаил Мишустин, претседател на Руската федерална даночна служба. „Претседателот...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски: Очекуваме одлука за почеток на преговорите со ЕУ пред самитот во мај

„Влегуваме во важен период во кој очекуваме сериозни исчекори напред кон реализација на една од нашите суштински стратешки цели –...

Естрада1 ден

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг во Холандија

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам, Холандија. За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен...

Македонија1 ден

Дополнително покачување на платите од 5 отсто ќе добијат и здравствените соработници

Дополнително зголемување на платите од 5 отсто ќе добијат и здравствените соработници во јавното здравство. Покачувањето на платите на здравствените...

Свет1 ден

Медведев поднесе оставка од премиерската функција

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од позицијата, а рускиот претседател Владимир Путин планира да го назначи за заменик-претседател...

Топ1 ден

Скопјанец под истрага за нелегална набавка на хашиш од Албанија

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против скопјанец кој е осомничен дека од Албанија набавил хашиш смола и хашиш масло...

Македонија2 дена

(Видео) Судењето за „ТНТ“ повторно одложено поради здравствената состојба на Трајковски

Судењето за случајот „ТНТ“ повторно се одложи поради здравствената состојба на обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Претходно судечкиот...

Македонија2 дена

Рустеми: На Тони Трајковски да му се суди посебно, не дај Боже може да почине

Обвинителот Бурим Рустеми по вторпат бара одвојување на постапката во „ТНТ“, односно на обвинетиот ексградоначалник Тони Трајковски да му се...

Македонија2 дена

За новогодишно украсување низ земјава потрошени 675 илјади евра

Новата 2020 година украсено ја дочекаа Градот Скопје и 20 општини и за тоа се потрошени 675 илјади евра. Споредено...

Досие