Економија
Во тек е повикот за субвенционирање на поправки на лифтови и кровови во општина Карпош

Општина Карпош ги потсетува граѓаните, заедниците на сопственици и управители на згради дека во тек е јавниот повик за субвенционирање на поправки на лифтови и кровни површини.
Повикот беше распишан на крајот на 2020 година, но жителите на Карпош сè уште имаат можност да аплицираат, сè до исцрпување на средствата предвидени за оваа намена: Финансиската поддршка за санација на лифтови е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на санацијата на лифтот; Субвенционирањето за обнова на кровни површини е во висина од 30 отсто, но не повеќе од 150.000 денари од вкупниот износ на вредноста на обновата на кровниот покривач.
Засегнатите граѓани можат подетално да се информираат за условите на следниот линк: https://bit.ly/38BqkLC.
Апликација за јавниот повик: https://bit.ly/3sbzVAt .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Ел-Џи“ размислува да се повлече од пазарот на паметни телефони

„Ел-Џи електроникс“ може да го напушти производството на паметни телефони откако изгуби околу 4,5 милијарди долари во тој бизнис во изминатите пет години, пишува корејскиот бизнис портал „Кореа Хералд“ (The Korea Herald).
Извршниот директор на компанијата, Квон Бонг-сеок, испрати порака до вработените во концернот што навестува дека може да следат големи промени во сегментот на паметните телефони.
„Без оглед на какви било промени во насоката на бизнисот со паметни телефони, вработувањето ќе се одржи, така што нема потреба да се грижите“, рече тој.
„Како што се интензивира конкуренцијата на глобалниот пазар на мобилни телефони, време е Ел-Џи да донесе ладна проценка и најдобриот избор“, рече менаџерот на компанијата.
„Компанијата ги разгледува сите можни мерки, вклучувајќи продажба, повлекување и намалување на бизнисот со паметни телефони“, се вели во соопштението.
Претходно, се појавија информации дека Ел-Џи (LG) можеби се подготвува да ги намали или расклопи своите мобилни единици. Според овие шпекулации, околу 60 проценти од вработените би биле преместени и прераспоредени во други деловни единици во рамките на компанијата или во други подружници на Ел-Џи.
Кога ја презеде функцијата во јануари минатата година, извршниот директор Квон вети дека ќе направи пресврт во бизнисот со паметните телефони.
Економија
Бочварски: Годинава ќе има над 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура

Оваа година планирани се над 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Нè чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, изврши увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
„Ни претсоти долга градежна сезона, каде што инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со почетокот на градежната сезона почнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта во согласност со динамиката предвидена со завршените тендерски постапки“, изјави Бочварски.
Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.
Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.
Економија
Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со работа во новите институции во кои се распределени.
Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.
„Ако по кој било основ кој и да било од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена, му се прекинува работниит ангажман“, вели Груби.
Тој ги наброја некои од институциите каде што овие лица ќе бидат прераспределени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.
Тој нагласи дека во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Срби, Роми, Бошњаци…
Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка во однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот