Контакт

Економија

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Објавено пред

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ги врачи најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата.

Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.

Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот Opel Corsa е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година, а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4.

„Во специфични услови за сите нас го заокружуваме овој 25-ти Национален избор на Автомобил на годината во Македонија. Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива а наградите што ги доделува примамливи за секој производител. Заедно со импортерите на возила го подигнавме изборот на повисоко ниво и со транспарентни правила и критериуми ја продолжуваме традицијата почната уште од 1995 година. Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои се оценуваа според следниве шест критериуми:
– адекватност и понуда на домашниот пазар

– економичност и еколошка прифатливост

– безбедност и примена на технолошки достигнувања

– возни својства

– дизајн

– комфор и опременост

Секој член на Жирито имаше на располагање 120 бодови што требаше да ги распредели на моделите финалисти.

Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 модел што доби 81 бод.

Гласот од финалистите, импортерите кои учествуваа со сопствени автомобили во изборот, годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето.

„Благодарни сме за ова, за нас многу важно признание, кое годинава и припадна на новата Opel Corsa. Изборот на Автомобил на годината во Македонија е награда која нам исклучително многу ни значи, особено во ова време на неизвесност, кога сите на некој начин се одвикнавме од убави работи. Иако во една од најтешките години во автоиндустријата, со ова признание ставивме шлаг на тортата од сите награди кои ги доби новата Opel Corsa од својата премиера на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт во септември лани. Со најразличните награди и признанија кои таа ги доби, шестата генерација на Opel Corsa докажа дека е вистински автомобил за секого и уште еднаш покажа зошто е бестселер на брендот Opel уште од далечната 1982 година.

Во новата Corsa, сега Opel нуди технологии и системи за асистенција кои на купувачите вообичаено им се познати од повисоките класи на возила. Очигледно дека членовите на жиријата ширум светот тоа добро го препознале. Ја користам можноста уште еднаш да ви се заблагодарам што и вие направивте ваков избор“, вели Александар Мешков, регионалниот претставника на Opel за Македонија, Албанија и Косово.

Признанието за СУВ на годината годинава го доби моделот Toyota RAV4.

„Toyota Авто Центар како генерален застапник за Toyota во нашата земја изразува голема благодарност до националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија што ги препозна и ги потврди квалитетите на петтата генерација на RAV4 преку доделување на наградата “SUV на годината”. Оваа награда ќе биде уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а се уште не ја донеле својата одлука на избор, вели Ана Трајковска, маркетинг менаџерот на Тојота Ауто Центар.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ЕСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?

Објавено пред

Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?, прашуваат од „Електрани на Северна Македонија“ како реакција на обвинувањата изнесени од опозицијата.

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ‘ЕВН хоум’ целата електрична енергија што му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75 %, а остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и да заработи повеќе. Дали во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека тоа значи оти универзалниот снабдувач ќе мора остатокот од 25 % да го докупи токму на слободниот пазар за многу повисоки цени? И дека тоа ќе значи драстично зголемување на цената на струјата? Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните?“, прашуваат од ЕСМ.

Додаваат дека е очигледно оти опозициската партија се занимава само со дневна политика и безидејни неконзистентни изјави, од кои никој во државата нема корист. Оттука, напоменуваат дека цената на АД ЕСМ е пониска 55 проценти од цената на струјата на слободниот пазар.

„Потенцираме и дека компанијата ги презема сите мерки за оптимизирање на производството и на трошоците, а во исто време спроведува инвестиции во обновливи извори од сопствени средства, кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира“, велат од ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Економската активност на Франција блиску до нормалното ниво пред пандемијата

Објавено пред

Економската активност во Франција дополнително се нормализира во јули и е само седум проценти под предпандемиското ниво благодарение на подобрувањата во градежниот сектор, објави Централната банка.

Во јуни активноста беше девет проценти под нормалното ниво и значително закрепна од март кога беа воведени мерки за блокада за да се запре ширењето на коронавирусот. Резултатот беше пад на активноста 32 процента под нормалното ниво.

„Закрепнувањето продолжи во јули, иако со поумерено темпо, во согласност со трендот предвиден минатиот месец“, покажува месечното истражување на централната банка за деловните услови.

Стапката на искористенот на капацитетите во индустријата порасна во јули три процентни поени, на 72 процента, наведуваат од Централната банка проценувајќи дека активноста во прозиводствениот и услужниот сектор ќе биде стабилна во август.

Позитивниот тренд продолжува во контекс на воведувањето на ограничувањата во Франција и другите европски земји поради скокот на нови случаи на Ковид-19, при што владите настојуваат да избегнат целосна блокада, која би ги уништила економиите.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на горивата остануваат исти

Објавено пред

Цените на бензините, дизелот и на екстра-лесното масло ќе останат исти во согласност со одлуката од 4.8.2020 година, а зголемување ќе има на малопродажнaта цена на мазутот М-1 НС за 1,611 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра- лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 60,00 денари/литар, малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 62,00 денари/литар, малопродажната цена на „евродозелот“ (Д-Е V) изнесува 52,50 денара/литар и малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,412 денари/килограм и од полноќ ќе изнесува 26,121 денари/килограм.

Од 11.8.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 52,50 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,00 (денара/литар)
– мазут М-1 НС – 26,121 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување од 2,262 %, на дизелот – 1,045 % и на екстра-лесното масло – 1,048 %, а кај мазутот има зголемување од 3,899 %.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок 1,023 %.

Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 11.8.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет2 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија3 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет3 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет3 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет4 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија5 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија7 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија7 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија8 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет10 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија10 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет10 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион12 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија12 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет22 часа

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија23 часа

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија24 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија1 ден

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Досие