Контакт

Економија

Германската влада постигна компромис за зголемување на минималните пензии

Објавено пред

Германската влада постигна компромис за зголемување на пензиите за пензионерите со ниски приходи. Постигнат е договор со кој се гарантира основна пензија за работниците со ниски плати по повеќемесечните тензии за ова прашање, што можеше да доведе до криза на владата, пренесуваат медиумите.

Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ги и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор за време на преговорите што траеја повеќе од шест часа. Основната пензија претставува додаток на пензијата, со што ќе се обезбеди оние што добиваат најнизок приход да може да ги покријат своите основни месечни трошоци за живеење.

Планот на германската влада ќе ги опфати и вработените со најниски приходи, кои се грижат за деца или роднини, без да прецизираат детали. Услов за добивање оваа парична надокнада ќе биде лицето да плаќа придонеси за социјално осигурување најмалку 35 години.

Планот ќе ги опфати оние чии приходи се помали од 1,25 илјада евра или парови што не земаат повеќе од 1,95 илјада евра месечно. Планот на германската влада треба да стапи во сила во 2021 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

„Алкалоид“ со инвестиции од над 524 милиони денари, со 121 ново вработување и со консолидирани продажби од 6,27 милијарди денари во периодот јануари – јуни

Објавено пред

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 6.272.411.971 денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7% додека, вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 1%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 10%, а на другите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Русија и другите земји од ЗНД (раст од 28%) и во земјите од Југоисточна Европа (раст од 3%).

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 20%, антибиотиците со 18%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати заземаат 14% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 7%, а билкарството учествува со 2%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-јуни 2021 година, изнесуваат 524.113.924 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.065.699.771 денари, бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето-добивка изнесува 588.962.195 денари и е зголемена за 12%. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.110.263.703 денари и бележи раст од 13%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 583.524.249 денари е зголемена за 14%. При извршувањето на оперативните активности, АЛКАЛОИД ангажираше 1.055 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари-јуни 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 121 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.479 вработени, од кои 1.909 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-јуни 2021 година се движеше од 13.300,00 денари до 16.500,00 денари или просечно 14.738,30 денари за една акција, што претставува раст од 23,3% во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година. На 30.06.2021 година акциите на „Алкалоид“ беа во сопственост на 5.054 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 22,2 милијарди денари.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на форумот: Нема зошто камионот да чека на македонската граница, ако носи стока од Албанија за Србија

Објавено пред

Нема зошто камионот да чека на границата на Северна Македонија, ако носи стока од Албанија за Србија. Загубите што се прават со отворање на границите, треба да се претворат во средства за нови инвестиции за отворање на нови бизнис потфати што отвораат нови работни места, истакна премиерот Заев на панелот на Економскиот форум за регионална соработка, на која учествуваа и претседателот на Србија Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, како и претседателите на стопанските комори од Албанија, Србија и Северна Македонија.

Панелот беше насочен кон интересот на деловните луѓе од регионот кои во голем број учествуваа на форумите за поврзување и кои изразија силна поддршка за новите конкретни проекти што ги предвидува иницијативата.

Претставниците на стопанските комори на трите земји соопштија дека ќе формираат заедничко тело што ќе ја мониторира имплементацијата на преземените мерки и активности како и напредокот на придобивките.

Тие порачаа дека очекуваат колоните камиони конечно да исчезнат од границите и дека преземените активности ќе ја остварат оваа цел.

Стопанствениците изразија поддршка и за меморандумите во кои се исцртани насоките за слободно движење на работната сила низ регионот без пречки и за остварување на политиката за една работна дозвола за целиот регион и признавање на квалификациите со што ќе се создадат услови младите да се задржат во регионот.

„Тука сме и да разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и го полнат буџетот. Отворени сме за сите добри идеи и имаме силна политичка волја и јас и претседателот Вучиќ и со премиерот Рама. Да ги отстраниме сите причини кои ги создаваат колоните камиони на границите. Ќе ги интензивираме процесите за дигитално поврзување за проверка на сите документи и за поврзување на софтверите за ДДВ. Тоа ќе го покрие целиот регионален простор и границите ќе станат прашање на време кога конечно ќе бидат тргнати“, истакна Заев на панелот.

На панелот беше детално објаснета идејата за поттикнување на комуникацијата меѓу младите луѓе, ученици, студенти, со соодветни програми за поврзување со што ќе се продолжат сезоните во туристичките центри во Албанија, Србија и Северна Македонија.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ истакна дека отворените граници се потенцијал за создавање дополнителна пријателска атмосфера која е стимулативна за поврзување не само на деловните заедници, туку и меѓу обичните луѓе и граѓани.

„Ова не е иницијатива на неколку политичари, ова е иницијатива за иднината на сите граѓани од целиот регион“, потенцираше претседателот Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама истакна дека во трите земји веднаш ќе започнат подготовките за применливост на одредбите од меморандумите што денеска ги потпишаа трите влади.

„Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан што денеска ќе го потпишеме е првиот чекор во таа насока. Парадоксално е ние да ги признаваме работните дозволи од ЕУ, а да не си ги признаваме работните дозволи меѓу нас“, потенцираше премиерот на Албанија Еди Рама.

Прикажи повеќе...

Економија

Шахпаска: Со промена на критериумите поголем број на стечајци до месечен надоместок од 9.242 денари

Објавено пред

Постојат стечајци на кои им недостасуваат по неколку месеци работен стаж и затоа границата за остварување на паричниот надоместок ја спуштивме од 15 на 14 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, образложувајќи го Предлог – законот за стечајци, на денешната собраниска Комисија за труд и социјална политика.

Со Предлог законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, месечен надоместок од 9.242 денари или 34% од просечната месечна нето плата исплатен по работник претходната година, ќе добиваат 1100 нови стечајни работници.

„Потребата од Законот за стечајци произлезе од средбите со граѓаните на кои помошта им е неопходна. Со најновата измена 13.000 лица ќе бидат вклучени во системот за парично обештетување со износ до 9.242 денари. Ова ја покажува нашата грижа за граѓаните. Овој материјален надоместок стечајните работници ќе го добиваат до нивното вработување или пензионирање преку Агенцијата за вработување. На денот на поднесување на барањето за паричната помош, жените треба да имаат, не помалку од 52 години, а мажите 55 години“, рече Шахпаска.

Министерката посочи дека Предлог законот е дел од решавање на прашањето на стечајците, кое се до формирањето на оваа Влада беше игнорирано, а стечајците со години манипулирани.

„Подготвени сме задно да правиме измена. Но, факт е дека од 2017 година до денес донесовме неколку законски решенија за материјален надомест на стечајците, кои постојано ги прилагодуваме на потребите на граѓаните со цел да се опфати што е можно поголем број на лица. Ова покажува дека имаме системски пристап со цел да дојдеме до решенија во интерес на граѓаните“, рече Шахпаска. ​

Предлог законот за стечајци кој помина во второ читање на Комисијата за труд и социјална политика, ја доби поддршката од сите нејзини членови .

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет11 час

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија14 часа

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија15 часа

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија15 часа

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија16 часа

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија16 часа

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија17 часа

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Македонија17 часа

Заев: Западен Балкан не може да чека ЕУ да ги реши внатрешните проблеми за да оди напред

Со обраќања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и...

Економија18 часа

Пониски сметки за граѓаните приклучени на парно

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои се намалува во просек за 4% крајната цена на...

Македонија18 часа

Вучиќ на форумот во Скопје: Целта е од 2023 да нема граници помеѓу нашите земји

Во Скопје денеска се одржува голем регионален Економски форум, како дел од иницијативата мини шенген, каде што учествуваaт и претседателот...

Свет20 часа

Најголемата австралиска сојузна држава пријави рекорден број на новозаразени

Австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс пријави најголем дневен број луѓе заразени со коронавирус, само еден ден откако карантинот во...

Свет20 часа

(Видео) Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени според Рихтер се случи во близина на Алјаска, а издадено е предупредување за цунами...

Македонија21 час

Заев, Вучиќ и Рама на Економски форум во Скопје

Денеска во Скопје ќе се одржи Економски форум за регионална соработка на кој се очекува да учествуваат над 300 компании...

Македонија2 дена

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ2 дена

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет2 дена

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен2 дена

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија2 дена

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија2 дена

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Досие