Економија
Германска иновација за секого – возила достапни веднаш!

За сите оние што се во процес на купување ново возило и притоа го замислуваат својот омилен Opel автомобил, на прашањето – дали вистински можеме веднаш да го преземеме и да не чекаме со месеци за испорака, одговорот е ДА!
Од компанијата Еуроимпекс, Генерален увозник за Opel и нивната дилерска мрежа низ Македонија, добивме информација дека моделите Opel Corsa, Opel Crossland и популарната Opel Mokka се достапни со испорака веднаш! „Во соработка со Шпаркасе Лизинг е изготвена посебна понуда која се однесува за возила од лагер, а со цел да излеземе во пресрет на нашите потенцијални клиенти, обезбедивме фиксна каматна стапка од 3,99% и дополнително на тоа трошокот за каско осигурување за овие клиенти е намален за 50%“ – велат од Еуроимпекс.
Звучи примамливо зар не?
Бидете дел од германската иновација и уживајте во возењето со најновите технолошки системи за помош при возење.
Доколку сте подготвени за следниот, смел чекор напред со Opel посетете го линкот:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.5.2022 година.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се намалува 1,00 ден./л, а малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 ден./л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 ден./л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,624 ден./кг и сега ќе изнесува 54,963 ден./кг.
Од 24.5.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 97,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 54,963 (денари/килограм)
Економија
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава

Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност.
Централната банка направи надолна ревизија на проекциите за економскиот раст на земјава за оваа и следната година, со коja за 2022 година се очекува економски раст од 2,9%, додека за 2023 година раст од 3,6%.
Гувернерката посочува дека војната во Украина има ефекти врз глобалната економија преку повеќе канали. Првиот канал е високиот раст на цените на примарните производи, особено на храната и на енергијата, имајќи ја предвид улогата којашто Русија и Украина ја имаат на овие пазари. Друг значаен канал е намалувањето на трговијата, ММФ предвидува забавување на стапката на раст на глобалната трговија и од 10% минатата година таа би се свела на 5% оваа година. Значаен канал е и затегнувањето на финансиските услови на меѓународните финансиски пазари. Последниот, но многу значаен канал, е намалувањето на довербата кај инвеститорите и потрошувачите.
Гувернерката истакнува дека за нашата економија е специфично дека нема позначајни директни финансиски и трговски врски со Русија и Украина. Трговијата со нив учествува со околу 2% во вкупната трговија. Финансиските врски се релативно слаби: странските директни инвестиции оттаму се помалку од 1%, приватните трансфери имаат незначително учество, а не се присутни руски и украински финансиски институции.
„Кај нас ефектите повеќе ќе се почувствуваат преку индиректни канали, а тоа е степенот до којшто ќе биде погодена ЕУ, како наш најзначаен трговски партнер и колку ќе се прелее тоа и кај нас. Исто така ќе се одрази и затегнувањето на финансиските услови на меѓународните пазари, како и зголемената неизвесност којашто може неповолно да се одрази врз одлуките за инвестиции и потрошувачка“, посочува гувернерката.
________________
Економија
ММФ: Глобалната економија се соочува со најголемиот тест од Втората светска војна

Глобалната економија се најде на работ на колапс поради низа последователни кризи.
Меѓународниот монетарен фонд денеска на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти дека глобалната економија ја чека можеби најголемиот тест од Втората светска војна.
„Се соочивме со низа немили настани“, изјави извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.
Таа предупреди дека руската инвазија на Украина ги потенцира негативните ефекти на пандемијата на Ковид-19 врз економијата попречувајќи го економското закрепнување и поттикнувајќи ја инфлацијата заедно со зголемувањето на цените на храната и горивото, пишува Си-ен-ен.
Земјите се оптоварени и со зголемување на каматните стапки, а бизнисите и домаќинствата треба да се справат со големи долгови. Пазарните турбуленции и постојаните ограничувања на синџирот на снабдување се исто така ризик. Покрај тоа, климатските промени се проблем.
За да се намали стресот врз економијата, ММФ на состанок повика владини претставници и бизнис-лидери во Давос на разговори за намалување на трговските бариери.
Додека многу земји се борат со зголемените трошоци за живот за своите граѓани, некои одат во спротивна насока и воведуваат ограничувања во трговијата со храна и земјоделски производи, што би можеле да го влошат недостигот и да ги зголемат цените на глобално ниво.
Претходно овој месец, одлуката на Индија да го забрани извозот на пченица доведе до зголемување на цените на житото, иако таа е релативно мал извозник. Индонезија го забрани најголемиот дел од извозот на палмово масло во април за да ги заштити домашните резерви, но има намера да ја укине забраната оваа недела.