Економија
Германските трговци на мало тврдат дека ново заклучување би довело до „бран на стечаи“

До 50 илјади трговци на мало во Германија би можеле да стават клуч на врата доколку затворањето поради вирусот продолжи и по 10 јануари, предупредуваат од здружението на трговски друштва.
„Ситуацијата е навистина многу сериозна“, вели Штефан Гент, извршен директор на германското Здружение за малопродажба (ХДЕ), додавајќи дека трговците се чувствуваат заборавено во пандемијата.
Во писмото во кое увид имала новинската агенција ДПА, а кое изминатиот викенд било испратено до канцеларката Ангела Меркел, ХДЕ бара перспектива и насочена и ефективна помош за продавниците погодени од прекинувањето на работата.
На речиси 50.000 продавници со над 250.000 вработени им се заканува затворање доколку продолжи заклучувањето, предупредува ХДЕ.
„Министерот за финансии Олаф Шолц постојано најавува милијарди евра помош, но тие пари де факто не се исплаќаат затоа што пречките за нивно добивање се многу големи“, вели Гент.
За ХДЕ, примарна цел мора да биде тоа продавниците да се отворат веднаш штом здравствените власти дадат зелено светло.
„После тоа, тие повеќе не треба да бидат затворени“, сметаат од здружението.
„Не можеме само да одиме од една блокада во друга“, порача Гент.
Шефот на германскиот институт за економски истражувања (DIW), Марсел Фрацшер, предвидува сериозни последици доколку се продолжи со блокадата.
„Колку подолго трае, толку повеќе компании ќе ги достигнат границите на своите можности и ќе банкротираат“, изјави Фрацшер за „Аугсбургер алгемајне“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Одобрени 5,9 милиони евра за 506 компании преку Ковид 3 бескаматнaта линија

Одобрена е првата група барања од Ковид 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии, истакна на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.
Таа образложи дека преку оваа мерка, 5,9 милиони евра завршуваат кај 506 компании кои вработуваат 3.552 лица.
„Ова е уште една мерка со која ја помагаме домашната економија и воедно спасуваме работни места. Претходно, преку четири пакети антикризни мерки во домашната економија вбризгавме над една милијарда евра, спасивме стотици илјади работни места, помогнавме илјадници компании“, оцени Маркоска.
Во тек е процесот на креирање на петтиот пакет економски мерки за поддршка на домашната економија.
Економија
Грчките бизниси со загуби од скоро 35 милијарди евра

Сите грчки компании, не само оние кои беа принудени да се затворат за време на блокадата, претрпеа загуби на приходите од речиси 35 милијарди евра помеѓу јануари и септември минатата година. Ова го покажуваат најновите податоци објавени од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Овие загуби се очекува да бидат уште поголеми во четвртиот квартал од годината, барем во споредба со првиот и третиот квартал – период што традиционално се карактеризира со зголемена потрошувачка, пренесе БГНЕС.
Податоците за прометот во ноември, го одразуваат шокот предизвикан од втората блокада, особено во секторите за малопродажба и рестораните. Трговијата на мало, која беше прекината од 7 ноември, забележа пад на прометот од 38,5 проценти во ноември во споредба со ноември претходната година.
Угостителството, кое е суспендирано од 3 ноември, забележа пад на прометот за 54,1 отсто во ноември во споредба со истиот месец во 2019 година.
Покрај тоа, податоците покажуваат дека грчките компании забележале вкупен промет од 193,84 милијарди евра во првите три квартали од 2020 година, во споредба со 228,68 милијарди евра во соодветниот период во 2019 година – разлика од 34,84 милијарди евра.
Вкупниот промет во третиот квартал на 2020 година изнесува 69,80 милијарди евра во споредба со 82,91 милијарди евра во третиот квартал од претходната година – пад од 15,8 проценти. Ова намалување е значајно не само затоа што има дупка од 13,11 милијарди евра, туку и затоа што демонстрира силно влијание врз економијата и бизнисот, имајќи предвид дека во третиот квартал имаше само некои локални блокади и тие не беа многу долги.
Економија
Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.
Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира