Контакт

Економија

Град Скопје ќе го намали буџетот за 27 милиони денари

Објавено пред

Град Скопје најави дека на претстојната седница на Советот ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидено намалување за вкупно 27 милиони денари. Ова значи дека наместо предвидените 4.254.000.000, Град Скопје во текот на 2018 година со овој ребаланс планира да потроши вкупно 4.227.000.000 денари.

„Овој ребаланс е подготвен во согласност усвоениот прв квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година. Во првиот квартал остварувањето на приходите се одвива согласно со планираното, а плаќањата на расходите се одвиваат редовно и навремено. Вкупните приходи за овој период од годината се остварени во износ од 1,1 милијарди денари што претставува 17 проценти во однос на планот за 2018 година. Се бележи зголемување од 2 проценти во остварувањето на приходите на вкупниот буџет на Град Скопје во однос на истиот период минатата година, што оди во прилог на одржување на позитивната динамика“, соопшти прес-службата на градот.

Во ребалансот кој ќе се гласа на 20 јуни, најголемите промени во вкупните предвидени средства се однесуваат на Секторот за комунални работи каде е предвидено зголемување на средствата за 67.150.000 денари, како и секторот за сообраќај каде е предвидено намалување за 104.850.000 денари.

Промени во буџетот има и во секторите за планирање и уредување на просторот ( намалување од 17,39 милиони денари), јавни дејности (намалување од 10,36 милиони денари) и локален економски развој. Незначителни промени има и во секторите за информатичка технологија и модернизација, животна средина, образование, меѓународна соработка, инспекторат како и БППЗ на Град Скопје.

Во делот на комуналните работи, како што најави Град Скопје, најголемото зголемување се однесува на реконструкција и подигнување на јавно зеленило каде се предвидени дополнителни 40 милиони денари, а за расчистување на диви депонии предвидени се дополнителни 5 милиони денари.

Во делот на капитални расходи од областа на урбанизмот предвидени се средства кои претходно не беа предвидени а се однесуваат на изградба на улица Ленинова, реконструкција на бул. Никола Карев, изградба на ул Боца Иванова, изградба, одржување и реконструкција на ул. Брадфордска, ул. Македонско косовска бригада, ул. Андон Димитров (Жарко Зрењанин), ул. Живко Фирфов, како и изградба, реконструкција и одржување на мали плоштади.

Во измените на буџетот предвидени се и дополнителни `15,5 милиони денари за основачки влог за новото АД за енергетски дејности со кое граѓаните на Скопје ќе добијат брзо и евтино приклучување на системот на топлинска енергија, како и започнување на процесот на гасификација на Скопје.

Економија

Владата ќе соработува со „Мајкрософт“

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на компанијата „Мајкрософт“ што ја предводеше Филип Рог, претседател на компанијата за централна и источна Европа. Како што соопшти Владата, на средбата било разговарано за финиширање на подготовките што треба да се преточат во договор за соработка на Владата со „Мајкрософт“, кои беа започнати во Давос оваа година.

„Во разговорот беше истакнато дека воведувањето модерна и технолошки напредна инфраструктура и со соодветно обучена администрација и пријателски дигитални услуги се предност и кога станува збор за привлекување директни странски инвестиции, како и за приватните компании во земјата, на кои ќе им бидат максимално олеснети комуникацијата и извршувањето на работите на инвеститорите преку дигитализираните процедури“, соопшти Владата.

Посебно внимание на денешната средба била посветена на темата за сајбер-безбедноста и на можностите што „Мајкрософт“ може да ги понуди на овој план за да се обезбедат владините комуникации и за да се реагира на сајбер-нападите бргу, одговорно и ефикасно, како и за потребата од компатибилност на безбедносните системи и протоколи со оние на НАТО и на ЕУ.

Од компанијата „Мајкрософт“ потенцирале дека тие се запознаени и со внимание ја следат имплементацијата на владините програми за поддршка на ИТ-компаниите и секторот и дека се подготвени да земат учество во поддршка на стартап-компаниите и акацелераторите во бизнисот со информатичка технологија.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ воведува давачки за американскиот путер од кикирики и сокот од портокал

Објавено пред

Од

В петок Европската унија ќе започне со процесот на воведување царини за американските производи.

Давачките ќе се однесуваат на челикот и земјоделските производи, како и бурбонот, путерот од кикирики, брусницата и сокот од портокал.

Потегот на ЕУ следи како одговор на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, кој воведе царински давачки за увоз на алуминиум и челик од Европа.

Прикажи повеќе...

Економија

Анѓушев: Македонско-холандска компанија ќе инвестира 7 милиони евра и ќе вработи 100 лица

Објавено пред

Од

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев најави нова инвестиција во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово. Се работи за македонско-холандска компанија, која како што рече, би инвестирала 7 милиони евра и би вработила 100 лица во наредниот период.

„Во оваа зона наскоро ќе има и нова инвестиција, компанијата „Глас Флекс“, создадена со македонско-холандски капитал. Тие ќе инвестираат приближно 7 милиони евра и ќе вработат над 100 луѓе. Веруваме дека со ваквата динамика и развој, оваа индустриско-технолошка развојна зона ќе добие поинтензивен развој“, потенцираше вицепремиерот.

Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, кои денеска ја посетија ТИРЗ зоната, за време на посетата одржаа средба со менаџментот на компанијата „Нормак“ која ја менаџира зоната во Тетово и ја посетија компанијата „Леар Корпорејшн“.

Анѓушев при оваа посета го изрази задоволството за тоа како се одвиваат работите во зоната, а стана збор и за предизвиците со кои се соочува „Нормак“ како и за и нивно надминување.

„Денешната средба и разговорите нè уверија дека ТИРЗ Тетово се повеќе ги исполнува очекувањата и дека управувањето со оваа зона преку формулата на јавно приватно партнерство е многу успешно. Оптимистичка и поттикнувачка е информацијата од „Леар“, којашто е веќе успешна компанија дека ќе го зголеми својот капацитет и бројот на вработени. Тоа значи дека компаниите веќе ги препознаваат политиките на Владата за поддршка на новите инвестиции и целокупниот развој“, рече Анѓушев.

Министерот Бектеши, при своето обраќање ги повика компаниите да ги користат бенефициите од законот за економски раст и мерките кои предвидуваат поттикнување на развојот на компаниите.

„Има многу заинтересирани компании коишто сакаат да инвестираат. Имајќи го предвид Законот за поддршка на инвестициите ги повикувам сите компании кои веќе инвестирале во 2017 година, до крајот на јуни 2018 година да ги поднесат своите апликации да добијат поврат на средствата за своите инвестиции, а воедно оние компании кои инвестирале во 2018 година и планираат инвестиции и во следните години, уште еднаш да ги разгледаат добро мерките што се предвидени во Законот и се надевам дека ќе најдат доволно и доволно поддршка да ги интензивираат своите инвестиции во нашата држава“, нагласи Бектеши.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на охридскиот регион

По повод Денот на Охридското езеро, Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија56 минути

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести2 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет2 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа3 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија3 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ15 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија16 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија18 часа

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија23 часа

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија24 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Македонија1 ден

Ратификацијата на договорот со Грција на собраниска седница

Пратениците денеска се очекува да гласаат за ратификација на договорот со Грција за промена на името, откако предлог-законот вчера попладне...

Македонија2 дена

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија2 дена

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Досие