Контакт

Економија

Грантови од 1.200.000 швајцарски франци за проекти во осумте плански региони

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, и раководителите на Центрите за развој на планските региони потпишаа договори за реализација на 16 нови инвестициски и иновативни проекти што ќе се имплементираат во сите осум плански региони. Вкупната вредност на проектите е еден милион и двесте илјади швајцарски франци. Средствата се обезбедени во рамките на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиран од Министерството за локална самоуправа, канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и од швајцарската влада.

„На нашата држава ѝ е потребен подинамичен развој, но исто толку е важно да се обезбеди рамномерен развој кој ќе донесе промени пред вратата на секој граѓанин, со изградба на нов пат, канализација, детска градинка или ново современо училиште, енергетски ефикасни и пристапни јавни објекти, посебна грижа за лицата со попреченост, развивање на потенцијалите за туризам и отворање нови работни места, отворање нови перспективи за развој на локалната заедница и регионот“, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Министерот Фазлиу истакна дека проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ е значен и поради можноста преку него да се зајакнуваат капацитетите на центрите за развој на планските региони.

„Новиот квалитет и додадената вредност е и во инклузивностa на целиот процес, со вклучувањето на граѓаните и на бизнис-секторот во изборот на проектите. Најважно е да реализираме проекти што ќе решаваат проблеми и ќе имаат директно влијание врз квалитетот на живеење на граѓаните“, додаде Фазлиу.

Секој плански регион ќе реализира по два проекта што имаат директно влијание на подобрување на квалитетот на живеење и промовираат иновативен пристап во обезбедувањето на услугите.

За осумте инвестициски проекти се обезбедени 850 илјади швајцарски франци, а секој плански регион ќе добие грант чиј износ е условен од степенот на развиеност. Најмалку развиениот, Североисточниот Плански Регион, ќе добие 145 илјади франци, а најразвиениот, Скопскиот, 60 илјади швајцарски франци.

Вториот грант е наменет за реализација на иновативни проекти. И овие проекти беа идентификувани на партиципативен начин со активно учество на претставниците од невладиниот, образовниот и бизнис-секторот. Вкупниот фонд за поддршка на иновативни проекти за 2019 година изнесува 311.841 швајцарски франк, а секој од осумте плански региони ќе добие грант од 39 илјади швајцарски франци за реализација на избраниот проект.

Економија

Заев на средба со претставници на Градежната комора

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, се сретна со претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јакимовски, и со членови на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија.

На состанокот преку интернет беше вклучен и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На средбата се поздравени заложбите на премиерот Заев за подобрување на деловното опкружување во државата.

Истакнати се определбите на Градежната комора за продолжување на партнерскиот однос и за соработка во активностите, важни за развојот на економијата.

Разгледани се и конкретно актуелните состојби во секторот градежништво и е разговарано за можностите за реализација на капиталните инвестиции од значење како за градежниот сектор така и за граѓаните и за државата.

„Нашата цврста определба е раст на домашната економија, во што голем придонес може да дадат домашните фирми со активната работа, меѓу кои и компаниите од секторот градежништво. Ја поддржуваме иницијативноста на Градежната комора да помогне во овој процес кој ја има поддршката на Владата“, рече премиерот Заев на средбата со претставниците на Градежната комора на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Инвестиција од 650 илјади евра за реконструкција на трафостаницата Струмица 2

Објавено пред

„Владата и МЕПСО посветено работат на унапредување и модернизација на капацитетите и преносната мрежа на електрична енергија, преку реконструкција и ревитализација на трафостаниците и водовите, со цел да се обезбеди подобар и постабилен систем на пренос на електрична енергија“, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при работната посета на општина Струмица, каде што заедно со директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева, и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, извршија увид во реконструкција на трафостаницата Струмица 2.

Проектот за реконструкција на трафостаница Струмица 2 е со вредност од 650 илјади евра и опфаќа замена на старите прекинувачи во преносната мрежа, кои беа во употреба повеќе од 50 години, со прекинувачи од најновата генерација.

Министерот Бочварски истакна дека со овој проект ќе се зголеми квалитетот на системот и ќе се унапреди преносната мрежа на електрична енергија во Струмичкиот Регион.

„Со инвестициите во енергетскиот систем овозможуваме стабилност на енергетскиот сектор, зголемен квалитет на преносот и снабдувањето со електрична енергија, како и поголема безбедност. Покрај реконструкцијата на трафостаницата Струмица 2, веќе е реконструирана и трафостаницата Струмица 1 која се поврзува на трафостаниците Сушица и Валандово, па сè до Бугарија. Ги поздравувам и ги охрабрувам ваквите проекти со кои се отвораат можности за нови инвестиции и се создаваат поволни услови за работа на компаниите“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева, истакна дека главен приоритет на МЕПСО е да обезбеди непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија на сите корисници на преносната мрежа и да овозможи доверливо и сигурно работење на електропреносниот систем.

„Со цел да овозможиме непрекинато снабдување со квалитетна електрична енергија и стабилност на електропреносниот систем, потребни се континуирани инвестиции во опремата на трафостаниците и далеководите. Покрај големите инвестициски проекти за надградба на постоечката и изградба на нова мрежа, АД МЕПСО посветено работи и на одржување и ревитализација на сите електроенергетски објекти, согласно годишните планови. Повод за денешната посета на трафостаница Струмица 2 е замена на постоечките прекинувачи со нови. Новите прекинувачи припаѓаат на најновата генерација и се карактеризираат со способност за најкратко време да го изгаснат електричниот лак што се јавува при манипулација, вклучување и исклучување на прекинувачот. Како медиум за гаснење на прекинувачот користиме SF6 гас кој во пракса, во светски рамки, се покажа како најефикасен. Оваа активност е дел од проектот што АД МЕПСО го финансира со сопствени средства во висина од 650 илјади евра и опфаќа набавка на 31 нови 110kV прекинувачи кои во рок од 2 години ќе бидат монтирани и ставени во функција. Постапката за замена на прекинувачите ја извршуваат наши квалитетни, специјално обучени и сертифицирани стручни кадри“, изјави директорката на АД МЕПСО, Ева Шуклева.

При денешната посета на општина Струмица, министерот Бочварски оствари и работна средба со градоначалникот Коста Јаневски на која разговараа за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање.

„На средбата со градоначалникот Јаневски и останатите претставници на општината ги отворивме прашањата за примената на новиот Закон за урбанистичко планирање, а исто така разговаравме и за сите значајни проекти што се реализираат во Струмица и околината меѓу кои и проектот за санација на локални патишта и улици, како и за потребата од нови инвестиции кои дополнително би придонеле за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и би овозможиле локален економски раст“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Прикажи повеќе...

Економија

Бензините поевтинуваат

Објавено пред

Од вечерва на полноќ цената на бензините се намалува за половина денар, а цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар на 59 и 61 денар за литар.

Цената на дизелот останува 50,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 денари и ќе изнесува 26,754 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет14 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија16 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија17 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија17 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет18 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија18 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ18 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија18 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија20 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет21 час

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа22 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет22 часа

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет23 часа

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет23 часа

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија23 часа

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион24 часа

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Европа1 ден

(Видео) Илјадници Французи излегоа на улиците поради убиството на наставникот

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Франција во знак на поддршка на наставниците и со цел да ја одбранат слободата...

Европа1 ден

Стотици демонстранти ја нападнаа полицијата во Прага

Чешката полиција употреби солзавец и водени топови за да растера стотици демонстранти во Прага кои ги нападнаа полицајците по протестот....

Регион2 дена

Црногорските медиуми за Амфилохие: Привилегиран e, го лечат со „ремдесивир“

Митрополитот Амфилохие, кој се зарази со коронавирусот, доби лек „ремдесивир“, кој, според порталот ЦдМ, е недостапен за другите пациенти во...

Досие