Контакт

Економија

Грковска: Неопходно е зајакнување на системот за управување со јавните инвестиции

Објавено пред

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Државниот завод за ревизија имаше работен состанок со главниот државен ревизор Максим Ацевски, со кого, меѓу другото, разговараше за зајакнување на контролата на јавните инвестиции, кои се финансираат со средства од заеми од официјални кредитори.

dobivaj vesti na viber

Грковска ја потенцира важноста да се ревидира постојната правна рамка, која се однесува на системот за управување со јавните инвестиции.

На овој начин, додаде таа, со контролата на јавните инвестиции ќе се спречи одлевање на средства од буџетот поради непочитување на договорите, доцнење со роковите и навремено неповлекување на средствата.

На состанокот се разговараше и за јакнење на човечкиот капитал, односно за потребата да се инвестира во кадровската екипираност и човечкиот фактор во институциите бидејќи во моментот институциите се соочуваат со алармантен процес на одлевање кадри. Од особена важност е да се екипираат единиците за следење на стратешките инвестиции, како и професионалниот кадар за FIDIC-стандардите.

Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, нагласи дека добрата координација помеѓу институциите е многу важна и од тој аспект оцени дека иницијативите што ги преземаат вицепремиерката Грковска и нејзиниот кабинет даваат значаен придонес во зајакнување на контролата на трошењето на јавните средства.

Двајцата соговорници утврдија динамика за заеднички активности за наоѓање решенија за брзо и ефикасно надминување на материјално значајните наоди утврдени во ревизорските извештаи.

Економија

(Видео) Кузеска: Раст на извозот од 20,2 во првото полугодие, економијата е стабилна и ликвидна

Објавено пред

Преку одговорни и навремени мерки и политики, Владата предводена од СДСМ успева и во време на светска економска криза да ја одржи стабилноста и ликвидноста на домашната економија. Показател за тоа се бројни економски параметри, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека според податоците од Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава, извозот пораснал за 20,2 отсто во однос на истиот период од минатата година.Тоа е доказ дека македонската економија и стопанство се конкурентни и во време на светска енергетска и економска криза.

Кузеска истакна дека и во вакви услови платите продолжуваат да растат. Просечната плата за месец мај изнесува 31.407 денари што е за 9,4 повисока во однос на истиот месец од 2021 година.

Веќе од следниот месец следува раст на платите во образованието, детската заштита, во полицијата и одбраната.

Грижата за граѓаните и унапредување на нивниот економски стандард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ.

Продолжуваме со реализација на мерки и политики што ја помагаат домашната економија, овозможуваат нови работни места и раст на платите во сите секторе,изјави Кузеска.

Прикажи повеќе...

Економија

Нови цени на горивата од полноќ

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,42% во однос на одлуката од 4.08.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 6.8.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Зголеми ја својата добивка за 1000% во Mozzart

Објавено пред

Во Mozzart обложувалници активен е СУПЕР МУЛТИ БОНУС со кој може да освоиш дури десет пати поголема добивка на тикетот!

dobivaj vesti na viber

Бонусот важи за сите натпревари со квота 1.35 или поголема без игрите конечен тип на тикетот. Бонусот од дневна понуда важи преку целиот ден. Happy Hour бонусот важи само во термините 9 – 11 ч. и 21 – 23 ч. Бонусот важи за тикети на кои има исклучиво натпревари без играта конечен тип. Посетете го најблиското Mozzart уплатно место, искористете го неверојатниот бонус и освојте за 1000% поголема добивка!

ПР-текст

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

(Видео) Експлозија во близина на аеродромот Хитроу во Англија

Силна експлозија одекна околу 17 часот по локално време во близина на аеродромот Хитроу во Англија. По експлозијата, чија причина...

Свет9 часа

Трамп: Америка повеќе никој не ја почитува, ние сме народ кој стана шега

Светската заедница ја загуби почитта кон американскиот народ и Америка, изјави Доналд Трамп. Тој исто така изрази загриженост дека другите...

Топ11 час

Повредено дете во приватна градинка во Скопје, родителот не бил информиран

На 06.08.2022 во 21.50 часот во Полициската станица Карпош, Р.Т.(38) од Скопје пријавил дека на 03.08.2022 околу 17.00 часот откако...

Македонија14 часа

Почина жената од Неготино, која беше претепана од партнерот

Почина 46-годишната жена од Неготино која беше претепна од партнерот П.Н.(51) исто од Неготино. Таа беше во кома пет дена,...

Свет15 часа

Израел прифати хуманитарен прекин на огнот, но Исламски џихад одби

Израел се согласи на хуманитарен прекин на огнот на предлог на Египет, но палестинската организација Исламски џихад ја одби понудата,...

Македонија16 часа

(Видео) Каевски: СДСМ реализира стратешки цели, ВМРО-ДПМНЕ блокира и го дели народот

Преку успешните, одговорни, државотворни политики на СДСМ, државата ги исполнува стратешките цели поставени уште на Денот на независноста. Република Северна...

Македонија17 часа

(Видео) Арсовски: Оставка од министерката Стојчевска заради цензурата на културата која се обидува да ја направи

Бисера Стојчевска трет ден ниту им се извинува на граѓаните, ниту пак има намера да си даде оставка. Ставајќи се...

Регион17 часа

Првите проблеми во истрагата: Уништен е тахнографот и не може да се прочита брзината на возење на полскиот автобус

Уништен е тахографот на полскиот автобус, кој вчера излета од автоптот А4 кај Загреб при што загинаа 12 лица, објави...

Регион18 часа

Приведена па ослободена руската новинарка Дарија Асламова

Институциите во Приштина ја ослободија притворената новинарка на „Комсомолска Правда“, Дарија Асламова, која синоќа беше однесена на Косово и Метохија,...

Свет19 часа

Зеленски: Амнести интернешнл молчи за нуклеарниот терор на руската армија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Амнести Интернешнл дека молчи за нуклеарниот терор на руската армија. „ За жал,...

Свет20 часа

Расте бројот на загинати во Појасот Газа, убиен еден од лидерите на Исламски џихад

Израелската армија уби еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти. Станува збор...

Свет20 часа

Европски медиуми: Америка ја вовлекува неволната Европа во конфликт со Кина

Некои аналитичари во ЕУ сметаат дека Америка во суштина ја вовлекува Европа во конфликт со Кина против нејзината волја и...

Македонија1 ден

Димитров: Зачести употребата на терминот „северномакедонци“, мора редовно да се реагира на секоја погрешна употреба

Во последно време зачести употребата на непостоечкиот термин “северномакедонци” од страна на претставници на земји – наши пријатели, кои го...

Регион1 ден

Објавени првите резултати од увидот: Возачот изгубил контрола над автобусот од Полска

Увидот за сообраќајната несреќа во која загинаа 12 луѓе на автопатот кај Брезница, Хрватска, утврди дека возачот изгубил контрола над...

Македонија1 ден

Подољак ѝ се заблагодари на Македонија за донацијата од тенкови: Пријателот се познава во неволја

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак се заблагодари на донацијата што Украина ја доби од Македонија. Донацијата што Македонија ѝ...

Топ1 ден

Жена изгоре во пожар во куќа во Стар Дојран

Утрово во пожар во куќа на улицата „Маршал Тито“ во Стар Дојран, изгоре жена. Пожарот бил изгаснат од екипа на...

Регион1 ден

Ердоган откри за што се разговарал со Путин: Повторно му понудив средба со Зеленски

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека му предложил на рускиот претседател Владимир Путин да ја организира неговата средба со...

Топ2 дена

Обид за убиство на затвореник во „Идризово“, во тешка состојба е однесен во болница

Неколку минути по полноќ, обид за убиство на затвореник имало во затворот „Идризово“. Со две рани и во тешка состојба,...

Свет2 дена

Ентони Блинкен: Кина се оддалечува од мирно решавање на проблемот

Последните дејствија на Кина во Тајван се поблиску до принуда и употреба на сила отколку до практиката на мирно решавање...

Свет2 дена

Пекинг: Меѓународната заедница мора да одговори на притисокот на САД

Кинеските власти сметаат дека е неопходно меѓународната заедница да се обедини против „непромислениот“ притисок на САД и нивното мешање во...