Контакт

Економија

„Гугл“ се жали на огромната парична казна од ЕУ

Објавено пред

Компанијата „Гугл“ се пожали на рекордната антимонополска казна од Европската Унија во висина од пет милијарди долари, што беше изречена поради злоупотреба на доминантната позиција на нејзиниот оперативен систем за преносни уреди, „андроид“.

Портпаролот на компанијата, Ал Вернеј, потврди дека „Гугл“ поднел жалба до Општиот суд на ЕУ, вториот највисок суд во европскиот блок, пренесува агенција АП.

Европската комисија во петокот изрече парична казна за „Гугл“ откако откри дека компанијата принудувала производители на мобилни телефони кои користат „андроид“ да инсталираат и други апликации од оваа компанија.

Според одлуката на ЕУ, „Гугл“ мора до крајот на овој месец да преземе мерки за решавање на проблемот или ризикува да добие нови парични казни.

Македонија

Викиликс афера: Димитров се брани на „Фејсбук“, му извадиле стари инфомации

Објавено пред

Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров два пати бил заштитен извор на американста амбасада во 2008, ја брануваше јавноста.

Во дел од медиумите и на социјалните мрежи се коментира дека министерот Димитров нанел штета на државата , дека вршел шпионажа за амариканските служби, односно ЦИА.

Димитар Апасиев член на Левица по објавата на тајните информации, на „Фејсбук“ побара оставка од министерот за надворешни Никола Димитров.

Некои медиуми објавија дека Димитров на овој начин ја изневерил функцијата на која бил поставен и оддал инфомации кои се важи за  билатералните преговори, во времето кога тој беше посредник за спорот со името.

„Макфакс“, побара одговор од Основното Јавно Обвинителство да ја разреши дилемата во јавноста дали министерот треба да сноси одговорност , односно дали постои основа за отварање предмет по допрен глас. Од таму, за сега нема информации дали обвинувањата на адреса на министерот во јавноста се правно основани.

Инаку, Викиликс објави строго доверливи дипломатски преписки украдени од американските институции кои ги информирал за ставовите, во однос на спорот со името на тогашните премиер Никола Груевски и претседател Бранко Црвенковски.

Според Викиликс, Никола Димитров гоизвестувал тогашниот американски амбасадор Филип Рикер за несогласувањата помеѓу Груевски и Црвенковски во врска со предлогот на Нимиц во 2008 година.

Од кабиниетот на министерот , немаше официјална реакција на обвинувањата од Викиликс, но Димитров преку Фејбук статус се брани дека информациите кои му ги “извадиле“ биле со цел да му наштети на договорот од Преспа.

„Деновиве гледам извадиле стари информации објавени во 2010 година кои всушност потврдуваат дека конзистентно сум работел на исполнување на стратешките цели – НАТО и ЕУ членството – и сум комуницирал со САД, нашите стратешки партнери, во функција на остварување на државните интереси на Македонија. Истите партнери што во 2004 година, кога бев амбасадор во Вашингтон, го признаа уставното име на Република Македонија. Фактот што после цели осум години се злоупотребуваат истите информации, со обид за тенденциозна лична дискредитација за да му се наштети на заокружувањето на договорот од Преспа, “, напиша Димитров на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Економија

„Нестле“ укинува 380 работни места во Германија

Објавено пред

Швајцарскиот гигант за производствo на храна „Нестле“ објави денеска дека ќе укине околу 380 работни места во Германија поради падот на побарувачката и преместувањето на производството.

„Нестле“ вработува повеќе од 330 000 луѓе ширум светот, а во јуни најави затворање на една фабрика во Лудвигсбург каде што вработуваат околу 100 работници на производство на замена за кафе „Каро“ и пржени житарици.

Во соопштението за медиумите денес е објавено затворањето на лабораторијата во Вајдингер, каде што 85 луѓе ќе останат без работа.

Дополнителни 106 работни места ќе бидат укинати во фабриката за бебешка храна во Бисенхофен, Баварија, а уште 95 во фабриката во Лидингхаузен, каде што се произведува „Маги“.

Соопштението беше објавено по договорот меѓу раководството и синдикатот за отпремнината за работниците кои ќе останат без работа.

Прикажи повеќе...

Економија

Сметководителите бараат да имаат и права не само обврски

Објавено пред

Потребен партнерски однос со сите релевантни институции во насока на унапредување на сметководствената дејност, порача претседавачот на Собранието на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС), Маја Петревска, на денешната конференција на тема „Функција и примена на Законот за вршење  сметководствени работи“ во организација на Комора на сметководители на Македонија.

„ИСОС ги обединува сметководителите на Република Македонија, кои се јадрото на економијата и во прибирање даноци и како консултанти на бизнисот. Речиси една година работата на Институтот е нарушена, a Министерството за финансии е единствената институција што може да ја активира работата на Институтот во полна функција за исполнување на стратешките цели меѓу кои најзначјаните се усогласнување со меѓународните стандарди и членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), што значи зголемување на кредибилитетот на сметководителите, како и можност за извоз на интелектуалниот труд. Законот за вршење сметководствени работи создава уникатна можност за унапредување на професијата сметководител како професија на иднината“, изјави Петровска и додаде дека само со обединување на релевантните чинители може да се оствари оваа цел.

Ѓорги Грковски, Комората на сметководители на Република Македонија истакна дека комората континуирано работи кон подобрување на квалитетот при вршењето на сметководствените работи со цел регулирање на професијата и заштита не само на компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, туку и на сите останати компании корисници на услугите.

„Неопходно е обезбедување на соодветен квалитет при изготвувањето на финансиските извештаи и овозможување исклучиво право на потпис единствено на лице регистрирано како овластен сметководител, со што покрај одговорноста сметководителите како професија ќе имаат и соодветни права кои произлегуваат од нивните квалификации. Познато ни е на сите од каква важност се сметководствените извештаи и тоа како за корисниците на нашите услуги така и за општествената заедница, државата, банките и инвеститорите. Станува збор за склоп и успешно функционирање на сите фактори во насока на подигнување на стандардите за работа, како и расчистување со нелојалната конкуренција која го спушти нивото на сметководствената фела“, истакна во дискусијата Грковски.

На конференцијата беше заклучено дека сметководството треба да се издигне на многу повисоко ниво, сите закони да се донесуваат по претходни консултации во соработка со релевантните чинители во областа и заеднички да се дејствува за зголемување на интересот за сметководствената професија која сè повеќе старее,  а е од исклучителна важност за бизнисите и државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Викиликс афера: Димитров се брани на „Фејсбук“, му извадиле стари инфомации

Објавата на тајните документи од страна на Викиликс дека министерот за надворешни работи, Никола Димитров два пати бил заштитен извор...

Македонија4 часа

(Видео) Сексуалните работници бараат декриминализација на нивната работа

Сите знаат каде можат да купат љубов, но молчат иако тоа е основно човеково право, велат сексуaлните работнички кои денеска...

Македонија6 часа

Српски медиуми: Возачот на автобусот што се преврте кај Лесковац возел со 100 километри на час

Возачот на автобусот што се преврте во Лесковац при што загинаа тројца македонски државјани е приведен, објавија српските медиуми. „Курир.рс“,...

Крвав четврток7 часа

Нинџа предложи нови докази за 27 април – 115 аудиоразговори и 20 фотографии

Обвинетиот Александар Василeвски – Нинџа на денешното рочиште за крвавиот четврток предложи дополнителни докази кои смета дека треба да бидат...

Македонија8 часа

Тунтев на комеморацијата за Стојаноски: Јован друже, не се договоривме вака

Премиерот Зоран Заев во име на Владата се обрати на комеморацијата за починатиот градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски. „Тешко е...

Бегството на Груевски8 часа

Трајковски: Не бев да се видам со Груевски, туку да се лекувам на клиника

Обвинетиот Александар Трајковски на паузата од денешното судење за „Насилството во Центар“ на СЈО пред новинарите рече дека во Унгарија...

Македонија9 часа

Адвокатите се откажаа да го застапуваат Груевски

Тројцата адвокати Димитар Дангов, Стерјо Зиков и Боро Тасевски се откажаа да го застапуваат експремиерот Никола Груевски во предметот на...

Бегството на Груевски9 часа

Ристовски: Соседните земји низ кои поминал Груевски не смееле да го уапсат

Заменик-министерот за правда на Македонија, Оливер Ристовски, за српскиот весник „Политика“ потврди дека Србија немала обврска да го задржи или...

Европа10 часа

(Видео) Десет илјади граѓани излегоа на протестите против владата на Орбан

Околу десет илјади граѓани протестираа во Будимпешта против новиот закон за работа и, како што се наведува, „растечкото авторитарно владеење...

Европа10 часа

Премиерот на Франција за ,,Жолтите елеци”: Погрешивме, не ги слушавме доволно граѓаните

Премиерот на Франција, Едуар Филип, призна дека Владата не ги слушала доволно Французите и дека погрешила во управувањето на кризата...

Македонија10 часа

Марш на црвените чадори – ќе маршираат сексуални работнички, стриптизети, хотлајн-операторки

Првиот колектив на сексуални работници „Стар-стар“ во рамките на кампањата за одбележување на 17 Декември, Меѓународен ден за ,,стоп” на...

Свет22 часа

(Видео) Експлозија во ресторан во Јапонија, повредени 42 лица

Најмалку 42 лица се повредени во експлозија и пожар во ресторан во јапонскиот град Саппоро.На местото на експлозијата веднаш пристигнаа...

Македонија23 часа

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија

ЛДП нема да гласа за законот за амнестија. Како што беше кажано на седмото Изборно собрание на Либералдемократите, овој владин...

Македонија1 ден

(Видео) Сведоштво од несреќата кај Лесковац: Кога се разбудив слушнав вриштење, околу мене имаше луѓе со крвави глави

,,Кога се разбудив слушнав вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав некој кажа дека има и загинати”,...

Македонија1 ден

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија1 ден

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија1 ден

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ1 ден

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион2 дена

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Досие