Економија
Данците побогати од пред почетокот на пандемијата

Домаќинствата во Данска во третиот квартал од минатата година имале средства во вредност од 930 милијарди долари и главно се поврзани со акции и обврзници, соопшти Централната банка на Данска.
Во последните два квартали од минатата година нивното богатство се зголемило за скоро 119 милијарди долари, со што се анулирал падот од 90 милијарди што се случил во првиот квартал.
Овие позитивни трендови се очекува да помогнат во надминување на негативните последици од мерките против пандемијата на коронавирус.
Просечното богатство на едно домаќинство е близу 335 илјади долари, но за повеќето таа сума е помала, според Централната банка на Данска.
Така на пример, 43 проценти од заштедите во пензија се во сопственост на десет проценти од населението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бочварски: Годинава ќе има над 200 милиони евра инвестиции во патната инфраструктура

Оваа година планирани се над 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Нè чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој заедно со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, изврши увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.
„Ни претсоти долга градежна сезона, каде што инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со почетокот на градежната сезона почнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта во согласност со динамиката предвидена со завршените тендерски постапки“, изјави Бочварски.
Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.
Во однос на реконструкција на мостот, министерот Бочварски истакна дека ова е инвестција со која ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.
Економија
Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со работа во новите институции во кои се распределени.
Груби вели дека тие веќе нема да имаат право да пребираат друго работно место, туку ќе им биде понудена единствена опција.
„Ако по кој било основ кој и да било од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена, му се прекинува работниит ангажман“, вели Груби.
Тој ги наброја некои од институциите каде што овие лица ќе бидат прераспределени, а повеќето ќе бидат вработени во МВР, Управата за јавни приходи, Државното правобранителство и во Царинската управа.
Тој нагласи дека во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Срби, Роми, Бошњаци…
Во однос на иселените лица, Груби вели дека направена е претходна проверка во однос на тоа прашање и веќе се доделени отказни решенија, а некои од тие луѓе и самите побарале да им се прекине работниот однос.
Економија
„Пејпер мил“: Ги задржуваме вработените, се надеваме на рестартирање на процесите

Фабриката „Пејпер мил“ од Кочани информира дека во наредните два месеца сите 120 вработени ќе добиваат 70 % од платата и редовно ќе им бидат плаќани придонеси за целиот период додека не одат на работа поради привремениот прекин на работењето на фабриката. Од компанијата денес ги информирале вработените и за можноста за рестартирање на фабриката во април оваа година кога тие повторно би се вратиле на редовна работа.
Минатата недела управата на „Пејпер мил“ донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време по решението на Инспекторатот за животна средина, со кое на фабриката ѝ беше наложено користење метан како единствен енергент.
„Беше исклучително важно да го решиме статусот на вработените. Тие не доаѓаат на работа, а досега исплаќавме цела плата. Искрено се надеваме дека ќе ги рестартираме процесите на рециклажа на хартија и производство и сакаме и важно ни е да ги задржиме овие луѓе. Успеавме и во текот на целата ковид-криза да не отпуштиме вработени, а од друга страна, во нашите развојни планови предвидуваме и зголемување на човечките ресурси во фабриката за 30 проценти. Очекуваме соработка со сите фактори, со цел што побргу да продолжиме со работа“, изјави Јулијан Даскалов, генерален директор на „Пејпер мил“ од Кочани.
Државниот инспекторат за животна средина ѝ нареди на фабриката да работи на гас поради надминување на емисиите од оџакот, кои беа направени на 30 декември минатата година. Од ДИЖС тогаш посочија дека инсталацијата ќе работи на гас сѐ додека не се постигнат законски утврдените гранични вредности.
Надминување на дозволените вредности беше констатирано и преку вонредниот надзор што ДИЖС го направи на 4 ноември лани, како и преку двете мерења на емисиите на оџите на кочанската фабрика на 13 ноември и 2 декември лани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот