Контакт

Економија

Два нови инстант-лоза на Државна лотарија – „Макси златна рипка“ и „Аморова стрела“

Објавено пред

Државна лотарија ја збогатува палетата инстант-лозови со лозовите „Макси златна рипка“ и „Аморoва стрела“. Трагачите по забава, игра и добивки ги очекува нова возбудлива игра во подводна потрага по добитни броеви со „Макси златна рипка“, или по добитни симболи во правец на движењето на аморовата стрелка со инстант-лозот „Аморова стрела“.


Како и досега златната рипка остварува до три желби, или во случај на нашиот инстант-лоз, рипката носи до три шанси за добивка. Но, инстант-лозот „Златна рипка“ порасна заедно со желбите на играчите, па сега новиот лоз „Макси златна рипка“ носи уште поголем фонд на добивки: 10 х 1 000 000 денари, 10 х 500 000 денари, 10 х 100 000 денари, многу други добивки и, секако, многу повеќе забава. Златната рипка е со нас повеќе од пет години, но овој пат таа не е обична, туку макси рипка со макси добивки. Со „Макси златна рипка“ за макси желби.

Најновото изненадување за играчите на инстант-лотаријата е инстант-лозот „Аморова стрела“ што ќе ги зачини летните денови со забавна игра на познатата убава тема ‒ љубовта, но овој пат преку симболи коишто може да донесат богати парични добивки, до 500 000 денари. Возбудливото откривање на истоветни симболи наредени во правец на една аморова стрела ќе ве внесе во откривање на добивката и поврзување на среќата, љубовта и парите. Играта е забавна, а лозот е добитен доколку откриете три еднакви симболи распоредени во еден ред, во една дијагонала или во една колона.Како што љубовта и среќата најчесто одат во пар, така и лозот „Аморова стрела“ нуди не една, туку две игри, од кои втората е бонус игра со добивка сокриена зад симболот срце. Но, не може да се опише тоа што треба да се доживее. Затоа побарајте инстант-лоз „Аморова стрела“на сите продажни места на Државна лотарија и уверете се дека среќата, љубовта и парите може да имаат еден заднички правец.

 

(ПР текст)

Економија

Заев: Со новата инвестиција на „Текнопанел“ се отвораат 120 нови работни места со просечна плата над 33.500 денари

Објавено пред

Делегација на турската компанија „Текнопанел“, предводена од сопственикот Орхан Кахвеџи, одржа работна средба со премиерот Зоран Заев и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, на која беше презентирана новата инвестиција на компанијата во Северна Македонија.

Заев искажа задоволство од одлуката на компанијата „Текнопанел“ да инвестира во Северна Македонија како прва инвестициска дестинација за оваа компанија надвор од матичниот пазар. Дополнително што европскиот пазар ќе се снабдува со производството од нашата земја. Премиерот Заев истакна дека двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Република Турција, во континуитет ги унапредуваат билатералните односи, како и економската соработка, а голем број компании од Турција веќе работат во нашата земја.

Компанијата „Текнопанел“ ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Производството се очекува да почне во 2022 година.

Според инвестицискиот план и финансиските проекции, „Текнопанел“ ќе отвори 120 нови работни места во оваа фаза. Според проекциите, се очекува компанијата да оствари вкупен извоз од над 170 милиони евра во следните 10 години, само како обврска за придонеси за плати, во буџетот на државата да уплати над 5 милиони евра приходи, а обврските за данок на добивка и персонален данок на плати надминуваат 2,5 милиона евра.

Турската компанија „Текнопанел“, со која ќе се потпише договор во наредните неколку недели, е првиот странски инвеститор со кој Владата ќе склучи договор со елементи од новиот концепт на работење на Дирекцијата за ТИРЗ.

Во прв ред Владата ќе обезбеди финансиска поддршка за отворање работни места со просечна нето-плата над 33.500 денари месечно и загарантиран раст на платите од 5 % годишно. Исто така, ова е прва компанија со која почнува да се применува новиот принцип на вреднување на земјиштето како дел од државната помош, односно првпат државата ја користи пазарната вредност на земјиштето како ресурс што му се дава на користење на инвеститорот како мерка на државна помош.

Според новиот концепт на привлекување инвестиции во ТИРЗ, секој потенцијален инвеститор задолжително доставува 10-годишен инвестициски план врз база на кој се проценува капацитетот на компанијата и на инвестицијата и се подготвува индивидуализиран пакет за учество на државата во инвестицијата.

„Текнопанел“ е високотехнолошка компанија, која произведува иновативни таканаречени сендвич-кровни панели, кои истовремено нудат топлинска, хидро и звучна изолација, а отпорни се и на пожар. Особено се користат за покривни површини на индустриски згради.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата топ-500 водечки индустриски компании во земјата, со 5 фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и во Америка.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Се отвораат нови добро платени работни места со инвестицијата на „Филип Морис“

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваа на настан по повод отворањето на 50 нови работни места како резултат на иницијативата на „Филип Морис тутунски комбинат Прилеп“ (ФМТКП) за реалокација на центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Центарот започна со работа во Скопје и оттука ќе се води грижа за корисниците на новите иновативни производи на компанијата во Северна Македонија, но и на 4 други земји во регионот, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Филијалата на контакт-центарот за корисничка поддршка во Скопје е дел од светскиот гигант „Teleperformance“, кој има преку 380 илјади вработени ширум светот кои покриваат 83 земји. Премиерот Зоран Заев истакна дека оваа инвестиција покажува дека владините стимулативни политики за компаниите даваат конкретни резултати.

„Ги повикувам и охрабрувам компаниите да продолжат да инвестираат, а ние како Влада ќе останеме посветени кон развојот на бизнис-климата во земјата. Глобалните компании како ‘Филип Морис интернешнл’  вложуваат во иновации и развој, отвораат нови можности за младите да работат во средина карактеристична за големите светски реномирани компании. Тоа значи и можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Денешната инвестиција на компанијата овозможи 50 млади луѓе да ја започнат својата кариера во меѓународна компанија каде младите ќе имаат можност за професионален напредок по меѓународни стандарди. Задржување на младите во земјава и развојот на компаниите во Северна Македонија е императив за економските политики кои ги спроведуваме. Вложуваме многу во овој сегмент и посебно сме горди кога сме на ваков настан да ги слушнеме резултатите, успесите и плановите за развој на приватниот сектор”, истакна Заев.

Иван Костиќ, генерален директор на ФМТКП, истакна дека „Филип Морис интернешнл “ влезе на македонскиот пазар во 2014 година преку стратешко партнерство со „Тутунски комбинат Прилеп“.

„Поставивме заедно нови стандарди и успеавме да ја трансформираме тутунската индустрија во земјата. Од една страна Тутунски комбинат Прилеп  постигнува одлични резултати што се однесува до производството на цигари, а од друга страна ‘Филип Морис’ во Македонија го комерцијализираше IQOS, иновативен уред кој го загрева, но не го согорува тутунот, а кој има потенцијал да ја трансформира целата тутунска индустрија и да обезбеди иднина без тутунски чад. Од таа причина, ми претставува голема чест и задоволство што сме денеска заедно на претставувањето на иницијативата на ‘Филип Морис’ за реалокација на регионалниот центар за корисничка поддршка на корисниците на IQOS од Атина во Скопје”, истакна Костиќ.

За значењето на инвестицијата зборуваше и Миxел Шмит, главен извршен директор на „Телеперформанс“ Германија, задолжен за македонската филијала кој во своето обраќање наведе дека од 2020 година Северна Македонија стана 77. земја во која отворивме свое претставништво.

„Станува збор за ултра модерен центар за корисничка поддршка во Скопје во кој отворивме 300 работни места, за денес истата бројка да се прошири со дополнителни 50 нови вработени преку реалокација на центарот за грижа на корисници на ‘Филип Морис’ од ‘Телеперформанс’ Атина во Скопје. Ги поддржуваме младите кои сакаат да работат во интернационална компанија во која ќе бидат инспирирани да учат, да растат и се развиваат. Нудиме одлични можности за работа, атрактивна плата и пријатна работна атмосфера со цел младите да останат да работат во државата. Просечната возраст на нашите вработени е 28 години од кои 50% се жени, додека просечната плата е околу 700 евра, што е над просечната плата во земјата“, додаде Шмит.

На настанот беа присутни и претседателот на Управниот одбор на „Тутунски комбинат Прилеп“ Никола Џамбазовски, генералниот директор на „Тутунски комбинат Прилеп“ Кире Станкоски, како и други претставници на „Телеперформанс“.

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Привршува изградбата на обиколницата во Штип, експресниот пат до Радовиш готов до април 2022 година

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, изјави дека привршува изградбата на обиколницата во Штип и најави дека експресниот пат до Радовиш ќе биде готов до април 2022 година.

Тој изврши увид во изградбата на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш.

„Вкупната инвестиција е 15 милиони евра, а должината на оваа втора фаза изнесува 17 километри. Прогресот на градежите работи е 65 проценти и според договорот, експресниот пат комплетно ќе биде завршен vo април 2022 година“, рече министерот.

Тој потенцираше дека обиколницата околу Штип ќе биде готова за 30-тина дена, со што сообраќајот низ градските улици низ Штип ќе се растoвари.

„Покрај завршувањето на обиколница Штип, завршена е и клучката од Бучим до Радовиш и на почетокот на месец октомври и оваа делница ќе се стави во функција. Со изградбата на овој патен правец даваме пример како се гради одговорно, како се гради навремено и модерно според сите европски стандарди. Со инвестициите што ги реализираме во овој регион даваме поттик на преку 12 илјади мали и средни фирми и обезбедуваме просперитет на преку 170 илјади граѓани“, изјави Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека вкупната должина на експресниот пат Штип – Радовиш е 40.4 километри, од кои 23 километри веќе се пуштени во употреба.

„Оваа втора фаза од изградбата на експресниот пат е во должина од 17 километри и поделена на две секции. Првата секција ја опфаќа делницата од Три Чешми до Штип Југ, а втората од клучката Бучим до Радовиш. На оваа делница вкупно се изведени 16 објекти за премостување и 3 клучки. Очекуваме работните активности да завршат пролетта 2022 година“, рече Рустеми.

На новинарско прашање, во однос на законот за легализација, министерот Бочварски истакна дека предлог Законот е доставен до Владата и на следната владина седница ќе биде разгледуван.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Топ14 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија17 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија19 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет19 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа19 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт22 часа

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет22 часа

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија23 часа

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет1 ден

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија1 ден

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија2 дена

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија2 дена

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион2 дена

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија2 дена

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион2 дена

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија2 дена

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Досие