Економија
„Детоксикација до максимум“, „Опел“ комбинира целосна поврзаност со интуитивното работење во новата „астра““

· Премиера во новата Astra: „Hey Opel“ – мрежно природно препознавање на глас
· Сведено на најважното: дигитален Pure Panel cockpit со интуитивно ракување
· Opel Live Navigation: водење на рутата во реално време со ажурирањe на мапите „over the air“
· Сосема лично: претпочитани опции на клиентите зачувани во профилите како симболи
· Целосно вмрежени: нова генерација на интелигентни системи за помош при возење на возачот
„Еј, Opel“ – потребни се само два збора и новата Opel Astra целосно ја презема информацијата што сакаат да постигнат возачот и патниците. Новото природно препознавање на глас функционира целосно мрежно како целиот инфозабавен систем од најновата генерација. Opel постојано ја следи филозофијата за максимална удобност со минимално одвлекување на вниманието.
„Детокс до максимум“ е мотото против каква било форма на дигитален стрес. Основата е уникатниот cockpit Pure Panel со својата интуитивна оперативност, како што е веќе достапен во Opel Mokka, новиот Grandland и Astra. Сега производителот од Rüsselsheim ја започнува следната фаза на дигитализација.
Личните преференци може да се зачуваат во иднина како профили. Инфозабавниот систем ги препознава возачите или патниците по нивниот паметен телефон. Така, различни луѓе можат да ги активираат своите индивидуални поставки со допир на широк екран. Дизајнерите на Opel создадоа симболи за различни ликови. Кога навигацијата е повикана во Pure Panel, таа е поддржана онлајн во реално време (Connected Navigation Plus), што значи дека сообраќајниот метеж, на пример, може да се детектира кога ќе се појави. Ажурирањата на мапите се исто така достапни „Over the air“, така што најновата верзија секогаш е достапна за клиентите. Новата Astra ја содржи и најновата генерација на целосно мрежни системи за помош за уште поголема удобност и дополнителна безбедност.
„Со новата Astra, го започнуваме она што постојано ќе го негуваме во сите претстојни модели – интелигентни софтверски апликации за максимална корист на нашите клиенти. Ова го нарекуваме „детоксикација до максимум“. Возачите и патниците не се преоптоварени со бесмислени информации и непотребни функции. Наместо тоа, нудиме најдобра едноставност за користење со иновативни технологии како што се новата гласовна контрола и персонализација на профилите на клиентите“, објаснува извршниот директор на Opel, Uwe Hochgeschurtz.
Системите на новата Opel Astra се врамени со дополнителни надворешни решенија. Првиот контакт на клиентот со новата Astra веќе започнува со вистинска високотехнолошка понуда.
Апликацијата MyOpel овозможува,, да се активирааат времето на полнење или претходно избраната температура во внатрешноста за Astra Hybrid од паметниот телефон, да се вчита адреса во системот за навигација („Send2Nav“) или да се контактира со дилерот за барање на термин за следниот сервис. Доколку клиентот сака, сервисот може да направи дијагноза од далечина, како на пример дали возилото е подготвено за проверка. Во Astra, компатибилните мобилни телефони со Apple CarPlay и Android Auto можат безжично да се поврзат со возилото и исто така да се полнат.
Opel постојано ќе го развива уникатниот HMI (Human Machine Interface) со целосно мрежниот Pure Panel, дигиталната детоксикација и интуитивното работење во корист на своите клиенти. Германскиот производител на автомобили има пристап до врвни технологии од матичната компанија Stellantis. Stellantis веќе ги претстави иновациите што ги поставуваат трендовите на софтвер во иднината.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Аргентина е на раб од банкрот, проценува агенцијата Фич

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот на аргентинскиот долг во странска валута за два степена, оставајќи ја земјата едно ниво над банкрот.
Намалувањето на рејтингот на долгот сугерира дека агенцијата верува дека неплаќањето на долгот е „неизбежно“ и доаѓа набргу по декретот на аргентинската влада со кој локалните организации од јавниот сектор се принудени да го заменат својот долг деноминиран во странска валута со долг деноминиран во националната валута – пезоси.
Според податоците на Централната банка, Аргентина има бруто меѓународни резерви од нешто повеќе од 37,5 милијарди долари, но аналитичарите велат дека нето вредноста е значително помала.
Економија
Бугарските овчари и козари на протест против македонските јагниња

Националната асоцијација на одгледувачи на овци и кози од Бугарија најавува протест поради неконтролираниот увоз на јагнешко месо од Северна Македонија, се вели во дописот што го испратиле до тамошното Министерство за земјоделство.
Тие во протестно писмо до бугарскиот министер за земјоделство Јавор Генчев велат дека властите воопшто не се грижат за заштитата на бугарското јагне, како и за безбедноста на храната, а со тоа ја загрозуваат и безбедноста на нацијата.
„Две недели пред Велигден трговската мрежа е преполнета со јагнешко месо увезено од Северна Македонија. Тоа е производ што не е регулиран според европските барања за безбедност на храната. Ако до 28 март не се издаде наредба за построга контрола од бугарската Агенција за храна и ако увозот на јагнешко месо не биде вршен со почитување на европските критериуми за безбедност на храната (салмонела, неовластени фуржани компоненти, неовластени антибиотици, вакцинација), на 30 март бугарските одгледувачи на овци и кози ќе го блокираат граничниот премин Кулата со цел да ги заштитиме нашите интереси и нашата егзистенција“, пишува во протестното писмо во кое се предупредува на драстичното намалување на бројот на овци и кози што се одгледуваат.
Според претседателот на Асоцијацијата, Симеон Караколев, бугарскиот пазар е нарушен со увозот на 200 тони јагнешко месо од Македонија со цена под седум евра за килограм.
„Ако тоа продолжи, над 50 илјади бугарски јагниња ќе останат непродадени, а тоа ќе биде нов удар за бугарската сточарска индустрија“, вели Караколев.
В понеделник тие ќе имаат средба во ресорното министерство, а доколку не добијат цврсто ветување за итни мерки ќе ја реализираат својата најава за блокада на еден од граничните премини.
Економија
РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во кризата

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.
РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.
РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.
РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.
(ПР текст)