Економија
Дизелот поскапува, цените на бензините остануваат исти

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 остануваат исти, односно цената на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, а на еуросупер БС-98 изнесува 71,5 денари за литар.
Дизелот поскапува за половина дена на 62 денари за литар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Заев на отворање на „Подгорка“ во Струга: Фабриката доби највисока финансиска поддршка од ИПАРД 2

Фабриката доби највисока финансиска поддршка од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2-програмата, односно 2,2 милиони евра. Како извозно ориентирана компанија, од значење е и унапредувањето на регионалната соработка со што создаваме услови кои ќе овозможат 24-часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакна премиерот Заев.
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, додаде дека се работи за објект чија изградба и опрема се целосно во согласност со националните и ЕУ-стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите. Компанијата почнала со 30 вработени, отворени се уште 25 работни места, а бројот на нови работни места се очекува да расте.
„Ова е уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти како оваа најмодерна капитална инвестиција во Струга, којашто успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД 2-програмата. Инвестициите во преработувачки капацитети се важни не само за модернизирање на земјоделството туку и за развојот на вкупната економија, како и за зголемување на извозот на домашни производи“, подвелече министерот Димковски.
Сопственикот на компанијата, Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од Струшкиот Регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што, како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење домашни добавувачи во процесот на производството.
Директорот на платежната агенција, Николче Бабовски, информираше дека преку повици од ИПАРД 2-програмата, се склучени 1.355 договори по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра.
До овој момент, Република Северна Македонија искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани инвестиции. На денешното отворање на фабриката „Подгорка“ присуствуваа и претставници од Европската Унија, кои ја посочија Северна Македонија како лидер во искористување на ИПАРД-фондовите во регионот.
Економија
Македонски квалитет 2019 – Арсовска и Пендаровски ги доделија престижните признанија

Во свечена атмосфера и во присуство на многубројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава им беа доделени десетте признанија за македонски квалитет 2019 на националните бренд-амбасадори.
Престижното признание за компаниите што придонесуваат за развој на економијата и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и интернационално го доделува Сојузот на стопанските комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата. Признанијата ги доделија претседателот на РС Македонија, г. Стево Пендаровски, претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, г-ѓа Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.
Добитници на признанијата се: „Настел“, „Бе-Да логистик“, „Фитофарм“, „Бироком“, „Тифи груп“, „Евросуровина ПА“, Меѓународното училиште НОВА, „Кривогаштани промет“, „Пакомак“ и АКУД „Мирче Ацев“.
Арсовска истакна дека Сојузот на стопанските комори со години го промовира квалитетот на домашните компании препознаен на интернационалните пазари, но она што недостига е национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови.
„Успехот на секоја домашна компанија е национален успех. За пласман на домашните производи како земја треба да се стремиме кон освојување нови пазари, што е главен предизвик за компаниите, особено малите и средните. Евидентен е потенцијалот што го имаме, а не доволно го афирмираме и користиме. Имаме солидни компании, многубројни уникатни претприемачки идеи со потенцијал за интернационално пробивање. Македонското традиционално творештво е афирмирано во светски рамки и има голема вредност како културно обележје на нацијата, да си поставиме нова заедничка цел Македонија да биде ставена на светската мапа по успешни национални брендови познати и признати на пет континенти“, изјави Арсовска.
Комисијата составена од членови на кабинетот на претседателот на државата, во согласност со прецизно воспоставените критериуми и оваа година, внимателно ги селектира македонските претставници што имаат традиција во создавање и одржување национален бренд. Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за македонски квалитет.
Економија
ЕУ ќе се заложи за посилна улога на еврото во светската економија

Лидерите на ЕУ на самитот во Брисел побараа зајакнување на европската економска и монетарна унија и посилна улога на еврото во светот.
„Силна Европа, значи и силно евро“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
На вториот ден од самитот лидерите на ЕУ разговараа и за продолжување на активностите за европската банкарска унија и унијата за пазарот на капитал.
Оценета е и потребата во согласност со улогата на ЕУ, како најголем глобален пазар и инвеститор, да се зајакне и меѓународната улога на заедничката европска валута.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија4 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми