Контакт

Економија

Димковски: Преку соработка со европските земји до ефикасно справување со африканската свинска чума

Објавено пред

Денеска во Софија, Република Бугарија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство присуствуваа на 14. состанок на Постојаната група на експерти за болеста африканска свинска чума. На состанок на Постојаната група на експерти за болеста африканска свинска чума во Софија присуствуваат министерката за земјоделство и храна на Република Бугарија, Десислава Танева, комесарот за здравство и безбедност на храна на Европската комисија, Витениус Андриукаитис, министри и делегации од над 20 министерства за земјоделство од Европа, како и директори на агенции за храна и ветеринарство.

Министерот Димковски на состанокот посочи дека одржувањето на овој состанок за Република Северна Македонија, како држава во којашто сè уште не е регистрирана болеста, е од исклучително значаење во овој период кога оваа болест зема сè поголем замав во регионот, а воедно и да се разменат искуства со другите земји во делот на преземените мерки за справување со африканската свинска чума. При тоа, Димковски потенцираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе подолг период внимателно ја следи состојбата во однос на појавата и ширењето на  болеста во регионот и во Европа.
„Владата на Република Северна Македонија во јули  презеде сет на превентивни мерки за спречување појава и ширење на болеста африканска свинска чума. Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња. Оваа поддршка ќе ја добијат фармерите за секоја заклана свиња од фарми коишто немаат основни биосигурносни мерки. Агенцијата за храна и ветеринарство веќе склучи договор со претставниците од месната индустрија за да го преземање на месото. По добивањето на информацијата за појава на болеста африканска свинска чума кај свињите во соседна Бугарија, МЗШВ во јули донесе решение за одобрување  ловење дивеч под заштита, односно дива свиња, поради следење на здравствената состојба на животните и спречување  појава и ширење на болеста, и тоа 60 дена пред законскиот рок“, изјави во Софија министерот Димковски.

Притоа, Димковски посочи дека целта за носењето на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија. Отстрелот е веќе во тек и се очекува да добие на интензитет во следниот период пред нас. Инаку, како дел од превентивните мерки што ги презеде Владата на РСМ се забрана за држење свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж, одземање  производи од животинско потекло, забрана на населување на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми, забрана за зимска прихрана на дивата свиња во ловиштата, како и јакнење на јавната свест пррку медиумски кампањи.

Во Република Северна Македонија до овој момент надлежните институции немаат регистрирано појава на заболено животно од африканска свинска чума.

Економија

Рекордно производство на гас во Русија

Објавено пред

Производството на гас во Руската Федерација во 2018 година е зголемено речиси пет проценти во однос на претходната година, на 725 милијарди кубни метри, што е рекордно производство во последните 18 години, покажуваат податоците на руското Министерство за природа.

„Што се однесува до производството, првото место го делиме со САД“, рекол министерот за природа, Дмитриј Кобилкин.

Резервите на гас од сите категории во Руската Федерација се проценуваат на 73 илјади милијарди кубни метри.

Прикажи повеќе...

Економија

„Епл“ треба да ѝ плати данок од 13 милијарди долари на Ирска

Објавено пред

Американската технолошка компанија „Епл“ почна епска судска битка со ЕУ поради одредби на Комисијата според кои на Ирска треба да ѝ исплати 13 милијарди долари данок.

Правници на најголемата светска компанија ќе спорат пред луксембуршкиот суд со функционерите на ЕУ и ќе се обидат да ја оспорат одлуката, која извршниот директор Тим Кук ја нарече тотална политичка глупост.

Заклучокот на Европската комисија во 2016 година го објави комесарката за заштита на конкуренцијата, Маргрет Вестагер, доделувајќи ѝ на Европа водечка улога во настојувањата да се тргне моќта од американскиот технолошки гигант.

Рочиштето ќе биде одржано денеска и утре во Општиот суд на ЕУ, а судиите мора да донесат пресуда до 2020 година. Евентуална жалба би се поднела до Европскиот суд за правда, со можност за донесување конечна одлука до 2021 година.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕП ја потврди номинацијата на Лагард за шефица на Европската централна банка

Објавено пред

Европскиот парламент ја потврди номинацијата на Кристин Лагард за нова претседателка на Европската централна банка за мандат од осум години.

Нејзината номинација е потврдена со 394 гласа „за“, 206 „против“ и 46 воздржани.

Лагард е именувана од страна на европските влади да го наследи Марио Драги на 1 ноември на чело на ЕЦБ.

Минатата недела таа даде оставка од функцијата директорка на Меѓународниот монетарен фонд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Ексминистерот за правда, Беџети одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм”, Африм Исмаиловиќ и...

Македонија2 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија2 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ3 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет4 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет5 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет6 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет17 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт18 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион19 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија20 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија22 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија24 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија24 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Досие