Економија
Договорен откупот на вишокот тутун

Владата ја усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат – Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.
Како доминантен сопственик на Тутунскиот комбинат – Прилеп, Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционерите на Тутунскиот комбинат – Прилеп.
Во врска со овие заклучоци Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од ковид-програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.
На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште речиси 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од „Далија табак“ – Делчево за откуп на тутун од производителите бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Дали во ек на пандемија вашите вработени сѐ уште немаат колективно осигурување?

Вашата компанија ќе ја постигне својата супериорност, тогаш кога ќе го прифатите осигурувањето како инвестиција во сигурност. Тоа е столбот на целиот Ваш бизнис.
Вработените на една компанија се оние која ја прават да биде моќна, тие се нејзиниот двигател кон успех. Со осигурувањето на вработените се испраќа јасна порака за нивната значајност и важност, а тоа е патот да создадете безгрижен и успешен тим.
Новите насоки за доследна примена на регулативата на пазарот за осигурување, која стапи на сила од 1 јануари 2021 година, а која се однесува на тоа колективно осигурување на вработени со вклучен ризик смрт од болест да можат да нудат само Друштвата за осигурување на живот, бидејќи ризикот смрт од болест по дефиниција припаѓа во оваа група на ризици, ја наметна потребата друштвата за осигурување да ги прилагодат своите понуди на новонастанатите услови на пазарот.
Брзо растечката компанија за осигурување на живот, Триглав Осигурување Живот АД Скопје, беше меѓу првите осигурителни компании кои ја прилагодија својата понуда креирајќи производ Колективно ризико осигурување со покритие за смрт од болест. Производот е наменет за вработени во приватни компании, државни институции, членови на синдикални здруженија и сл., a има за цел да овозможи финансиска заштита на семејство на работникот при настанување на немил настан предизвикан од болест.
Компанијата која се јавува во улога на договорувач на осигурувањето го дефинира износот на премија и динамиката на уплата, при што премијата по вработен може да изнесува и само 30 денари месечно.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје од почетоците на пандемијата минатата година, обезбеди целосно осигурително покритие на сите свои осигуреници во случај на смрт од CoVid-19. Колективното осигурување со вклучен ризик смрт од болест, покрај покритие за оваа болест, овозможува и низа привилегии и можности за останати осигурителни покритија. Плаќањето на полисата може да биде регулирано преку заддршка од плата на работникот или на терет на работодавачот, а во таков случај овој издадок за компанијата има третман на даночно признат трошок.
За повеќе информации,
📞 02 5102-201
Триглав Осигурување – Живот, за живот со насмевка
(ПР текст)
Економија
Измените на Законот за игрите на среќа ќе ја збришат индустријата – без работа остануваат повеќе од 8.000 луѓе

Предлог-измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата.
Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности – наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други.
Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ.
Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата.
Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.
(ПР текст)
Економија
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 7.4.2021 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 7.4.2021 година.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 7.4.2021 година.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,513 денари за килограм и сега ќе изнесува 34,266 денари за килограм, известува Регулаторна комисија.
Од 13.4.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– за моторниот бензин „евросупер БС-95“ цената ќе биде 67,00 денари за литар, а цената на моторниот бензин „евросупер БС-98“ ќе изнесува 69,00 денари за литар.
– дизел-горивото „евродизел БС“ (Д-Е V) ќе се продава за цена од 58,00 денари за литар, а маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за цена од 57,50 денари за литар.
– цената на мазутот М-1 НС ќе биде 34,266 денари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 1,044 %, кај дизелот 0,121 %, кај екстра-лесното масло 0,031 % и кај мазутот намалувањето е 1,2 %, велат од РКЕ.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш