Контакт

Економија

Договорот за концесија е склучен во 2015, кога Анѓушев не бил функционер, реагираат од Владата

Објавено пред

По којзнае којпат на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беа изнесени неточни информации, односно невистини преку кои неуспешно се прави обид да се наруши угледот на Владата, на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, велат од владината прес-служба како реакција на обвинувањата на портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, кој денеска кажа дека Заев му доделил државно земјиште на Кочо Анѓушев.

Од прес-службата на Владата велат дека ВМРО-ДПМНЕ изгледа изгубено, безидејно и надвор од сите етички и правни норми.

„Би сакале на јавноста да ѝ ја презентираме вистинската слика. Претседателот на Владата, Зоран Заев, не му дал согласност на Анѓушев да гради нова мала хидроцентрала, договорот за концесија врз основа на кој е добиен долготрајниот закуп за државното земјиште е потпишан во 2015 година, врз основа на тендерска постапка, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и кога Кочо Анѓушев не бил функционер“, се наведува во соопштението.

Од Владата им порачуваат на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ пред да држат прес-конференции претходно да ги прочитаат законите и подзаконските акти врзани за темата.

„Уште еднаш ќе ги упатиме да се консултираат и со претседателот на партијата, Христијан Мицковски, кој преку уделот во концесионерот ‘Минка-енерготек’ добил долготраен закуп од претходната Влада за неколку од изградените хидроцентрали и добро е запознаен со административните процедури во целата постапка на давање на концесија, изградба и ставање во функција на една мала хидроцентрала“, стои во владиното соопштение.

„За јавноста повторно ќе напоменеме да не потпаѓа под лажните обвинувања и скандали, дека станува збор за строго дефинирани права и обврски од договорите за концесија, донесувањето одлука за долготраен закуп на државно земјиште е право со кое се стекнува секој концесионер, во случајот МХЕ ‘Тополки’ ДОО Скопје, кој има потпишано договор за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали. Нема ништо незаконско во донесената одлука, а уште помалку, пак, некаков судир на интереси внатре во Владата на Република Македонија“, потенцираат од владината прес-служба.

„Судир на интереси е кога поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски, ќе даде согласност на својот советник за енергетика, сегашен претседател на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицковски, да изгради мали хидроцентрали преку компаниите во кои тој има удел. Ова меѓудругото не беше објавено транспарентно туку беше откриено неколку години подоцна“, додаваат од Владата.

Економија

Со новиот буџет е предвидено покачување на платите во јавниот сектор од 5 проценти

Објавено пред

Повисоки плати за лекарите специјалисти од 10 проценти од јануари 2019 година и 5 проценти повисоки плати за вработените во здравството, образованието, градинките, одбраната, државната администрација, полицијата и правосудството од септември 2019 година. Ова е предвидено со предлог-буџетот за 2019, кој денеска во Министерството за финансии беше јавно презентиран пред синдикатите, коморите, невладиниот сектор, експерите и медиумите.

„Вложуваме во подобро јавно здравство. Целта е најдобрите лекари граѓаните да ги бараат во јавното, а не приватното здравство. Целта е да обезбедиме подобри здравствени услуги за сите. Сакаме да ги мотивираме здравствените работници. Знаеме дека работите не се менуват од денес за утре, но мора да се почне од некаде. Ние почнавме оваа година и продолжуваме посилно во 2019 година. Во буџетот за 2019 година имаме обезбедено и средства за покачување на платите во образованието, како и вработените во градинките и детската заштита. Со цел градење поефикасна и помотивирана јавна администрација, планирано е покачување од 5 отсто на платите на администрацијата од септември 2019 година. Планирана е и реформа на јавната админстрација во 2019 година. Целта е да се подобрат јавните услуги. Јавната администрација ќе биде клучен носител на преговорите за присапување кон ЕУ и НАТО“, рече министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека буџетот за 2019 година е социјален, но и развоен. Во буџетот е предвидена реформа во системот на социјалната заштита преку воведување минимален гарантиран приход и семеен пакет на права. Со ова им се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојните 24.000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства. Предвидено е и воведувањето социјална пензија, која ќе опфати околу 6.000 лица што имаат барем еден работен ден стаж и наполнети 65 години и која ќе изнесува 40 отсто од просечната исплатена пензија.

„Се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца. Новиот систем на социјална и детска заштита има цел најголема помош да им се укаже на најранливите категории граѓани. Неговата имплементација ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани од сиромаштија. Паралелно, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на овие категории граѓани на пазарот на труд. Воведувањето реформиран систем на социјална и детска заштита во 2019 година значи обезбедување дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ“, рече министерот за финансии.

Предвидена е и историски највисока сума за активни мерки за вработување во износ од 1,1 милијарда денари. Ова е, како што посочи Тевдовски, пораст од 10 отсто во однос на 2018 година, а разликата во однос на претходните години е повеќекратно повисока. Износот во 2019 година е двојно повисок во однос на 2016 година или три пати повисок во однос на 2014 година.

Како што истакна министерот за финансии, зголемувањето на конкурентноста на приватниот сектор останува еден од приоритетите на Владата. Во буџетот за 2019 година предвидени се средства за мерките за поддршка на нови инвестиции, извозот и освојувањето нови пазари, нови вработувања, поддршка на малите и средните претпријатија, иновативноста, технолошкиот развој и странските инвестиции во ТИРЗ. Станува збор за речиси 3 милијарди денари или 40 отсто повеќе во однос на годинава.

За капитални проекти предвидени се 25,7 милијарди денари во буџетот, во оваа сума не се вклучени поголем дел од патиштата предвидени во буџетот на Јавното претпријатие за патишта. Инвестициите во патната и железничката, комуналната и енергетската инфраструктура се повеќе од 40 отсто од вкупните планирани капитални расходи во буџетот за 2019 година. Како позначајни проекти се железничката пруга на Коридорот 8 – делниците Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка, реконструкција на железничката пруга на Коридор 10, патната за првата фаза од националниот гасовод, делницата Штип – Неготино – Битола и делницата Скопје – Тетово – Гостивар, изградба на водоводни и канализациони системи на општините и други проекти.

Во буџетот за 2019 година се имплементирани и даночната и пензиската реформа. Се очекува фискален ефект од 1,5 милијарда денари од воведувањето преведен даночен систем. Пензиската реформа, како што посочи Тевдовски, ќе придонесе за стабилизација на пензискиот систем, неговата одржливост и намалување на дефицитот во пензискиот фонд, без притоа да се зголеми старосната граница при пензионирање.

Планираниот буџетски дефицит е 2,5 процента од БДП или 0,2 процентни поени од 2018 година или половина милијарда денари помалку.

Прикажи повеќе...

Економија

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ од ноќеска на полноќ се намалува 4,5 денари за литар, на 67 денари. „Евросупер БС-98“ ќе поевтини 4 денари, на 69 денари за литар.

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтини 3 денари, на 64,5 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство се намалува 3,5 денари за литар и новата цена ќе изнесува 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 2,281 денара и новата цена ќе изнесува 35,133 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

Тевдовски: Со буџетот за в година се намалува дефицитот половина милјарда денари

Објавено пред

Со буџетот за 2019 година се намалува буџетскиот дефицит, односно јазот помеѓу буџетските приходи и расходи. Буџетскиот дефицит за в година е проектиран на 2,5 процента од БДП или 0,2 процентни поени или половина милијарда денари помалку во однос на годинава.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, истакна дека со постепеното намалување на буџетскиот дефицит се води дисциплинирана буџетска политика, што ќе придонесе за стабилизација на државниот и јавниот долг на среден рок.

„Клучна појдовна точка за буџетот за 2019 година е продолжувањето на дисциплинираната фискална политика. Правецот во кој одиме е умерена фискална консолидација или намалување на буџетскиот дефицит на 2,5 процента од проектираниот БДП за 2019 од 2,7 процента во 2018. Кај буџетскиот дефицит има намалување и во номиналниот износ во однос на 2018 година, односно половина милијарда денари помалку. Ова е во согласност со фискалната стратегија, како и препораките на сите меѓународни организации. Умереното намалување на дефицитот влијае директно на помали потреби за задолжување, а со тоа и среднорочно стабилизирање на државниот и јавниот долг“, рече Тевдовски.

Вкупните приходи во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи се 228,5 милијарди денари.

„Буџетот за 2019 година е проектиран на раст од 3,2 проценти на БДП. Притоа, Министерството за финансии оди со проекции кои се во линија со есенските проекции на релевантните меѓународни институции“, рече министерот за финансии. Како што посочи Тевдовски, економскиот раст ќе ги придвижат солидната лична потрошувачка, континуирано високиот извоз и растот на инвестициите.

Се очекува стапката на инфлација да е ниска и стабилна – во 2019 е проектирана на 2 процента. В година се очекува раст на номиналната нето-плата од 4,5 отсто. Исто така, се очекува стапката на невработеност да се намали на 20 проценти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Македонија2 часа

МВР го бара Груевски со потерница за издржување на затворската казна

Министерството за внатрешни работи по налог на кривичниот суд распиша потерница по поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше во петокот...

Топ2 часа

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија4 часа

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Македонија5 часа

ЗНМ: Јавните пари ќе продолжат да се трошат за политичка пропаганда, власта не го исполни ветеното

Здружението на новинарите на Македонија изрази загриженост затоа што во последните измени и дополнувања на Изборниот законик, што по скратена...

Свет5 часа

Трамп со твит за состојбите во Калифорнија ги разгневи пожарникарите и славните личности

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија. Како што...

Економија6 часа

Бензините поевтинуваат 4 и 4,5 денари

Од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти...

Европа6 часа

Французинка криела дека има двегодишна ќерка и ја чувала во багажникот од автомобилот

На Французинката Рози Марија де Круз ѝ се заканува затворска казна од 20 години во судењето што почна денес поради...

Регион9 часа

Мицотакис: Нема да гласаме за ратификација на преспанскиот договор

Претседателот на најголемата опозициска партија во Грција, „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис го повтори партискиот став, дека нема да дадат поддршка...

Македонија11 час

,,Се молиме ветрот да не го промени правецот, бидејќи за минута може да изгори селото”, сведочат жителите на Селци

Една недела над селото Селци, на падините на планината Стогово, гори шумата, во која има борови и дабови дрва. Во...

Македонија24 часа

(Видео) Од 1 декември нема да дозволиме зависници да доаѓаат во Кисела Вода, жителите се судрија со претставник од Општината

Жителите на Кисела Вода им дадоа рок на властите до крајот на месецов да го дислоцираат Центарот за превенција и...

Македонија1 ден

И последниот амандман доби „зелено светло“ од Комисијата за уставни прашања

Со девет гласа „за“, пет „против“ и без воздржани, собраниската Комисија за уставни прашања попладнево го усвои последниот нацрт-амандман, со...

Економија1 ден

Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите...

Македонија1 ден

Партијата на Бачев за Василевски: Охриѓани велат дека е превртлив и е дел од масонски организации

Еден ден по расправијата во Охрид помеѓу лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев и пратеникот Сашо Василевски, од партијата на...

Македонија1 ден

Интервју на Димитров за „Велт“: Веруваме дека Грците ќе го исполнат ветеното

Топката е засега кај нас. Ние веруваме дека Грците ќе го направат она што го ветија. Ова е најдобриот компромис...

Македонија1 ден

Граѓански собир за дислокација на Центарот за зависници во Кисела Вода

По иницијатива на поголем број на граѓани кои жиевеат во општина Кислеа Вода денеска ќе се одржи граѓански собир на...

Европа1 ден

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е...

Топ1 ден

Кривична пријава за стружанец оти одгледувал канабис под пластеници

Стружанецот М.К. (52) од селото Корошишта доби кривична пријава отккао полиција во неговата фарма под пластеници нашла 10 стебла канабис....

Топ1 ден

Возило излетало од патот и се превртело, две лица се повредени

На магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С....

Европа1 ден

Трамп во разговор со Макрон ги помеша Балтик и Балкан

Американскиот претседател, Доналд Трамп кој е во посета на Париз остварил среба со францускиот претседател Емануел Макрон. За време на...

Досие