Контакт

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Берзи

Азиските берзи пораснаа, а доларот ослабе

Објавено пред

На азиските берзи цените на акциите пораснаа бидејќи се очекува забрзување на растот на кинеската економија, но на пазарите нема еуфорија бидејќи централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација. Индексот MSCI на азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, беше во плус 0,7 отсто околу 7 часа.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна 1,1 отсто, а цените на акциите во Хонг Конг, Австралија и vo Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто. Во Шангај, пак, тие паднаа околу 0,2 отсто. Растот на индексот главно се должи на забрзувањето на растот на кинеската економија по укинувањето на рестриктивните мерки поради Ковидот, на што укажуваат сите најнови макроекономски податоци.

Кинеските власти најавија дека се стремат кон 5 отсто економски раст годинава. Како резултат на тоа многу аналитичари ги зголемија своите процени за раст. Така, на пример, аналитичарите на швајцарската банка УБС ја зголемија процената за растот на кинеската економија од 4,9 на 5,4 отсто.

Но, кочницата на берзите ја претставуваат најавите на централните банки за натамошно зголемување на каматните стапки. Сите најнови податоци покажуваат дека инфлацијата во САД сè уште е на високо ниво, што значи дека американската централна банка ќе мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки.

Така, на пазарот на пари процените за каматните стапки на ФЕД се зголемени, па сега се очекува до септември тие да се подигнат на опсег од 5,50 до 5,75 отсто, а сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто. Затоа, оваа недела во фокусот на инвеститорите ќе биде извештајот на претседателот на ФЕД, Џером Пауел, до Конгресот за состојбите во економијата, како и податоците за вработеноста во САД во февруари.

И на валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути по минатонеделниот раст од 0,6 отсто. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 104,45 поени, а во петокот вечерта изнесуваше 104,60 поени.

Во исто време курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 135,85 на 135,60 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0645 долар, а во петокот вечерта беше 1,0635 долар.

Цените на нафтата повторно паднаа по минатонеделниот пораст за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна 0,64 отсто, на 85,28 долари, а на американскиот пазар барелот падна 0,65 отсто, на 79,15 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол...

Македонија5 часа

Приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, полицијата обезбеди и едно возило

Пет лица се приведени доцна синоќа во врска со случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, и обезбедено е едно возило,...

Македонија6 часа

Ковачевски вели дека не постои расположение сега да се укине техничката влада, туку од следните избори

Не постои консензуално расположение сега на краток период пред одржување на изборите да се укине техничката влада. Ова го истакна...

Македонија8 часа

(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со...

Регион9 часа

Случаен избор или порака – сите очи вперени во вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме

Изборот на вратоврската од страна на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека тоа е шифрирана...

Регион9 часа

Не сакав да седам на маса со земји кои не’ прогласија за непријатели, рече бугарската министерка која го напушти Скопје пред да стигне Лавров

Не можам да седам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави бугарската вицепремиерка и министерка...

Македонија10 часа

Шести ден ни трага ни глас од исчезнатата Вања, се пребаруваат и подруми и речни корита

Шести ден се трага по исчезнатата Вања Ѓорчевска, на која и’ се изгуби трагата на пат кон училиштето „Песталоци“. Во...

Свет10 часа

Војната во Газа повторно се разгорe: Израел нападна 400 цели, Хамас тврди дека се убиени 240 луѓе

Израелската војска соопшти дека погодила повеќе од 400 цели во Појасот Газа по истекот на прекинот на огнот, при што...

Македонија11 часа

Скопје повторно на врвот на листите на загаденост на воздухот

Скопје и оваа зима е загадено. Откако синоќа повторно градот се проби меѓу првите 10 држави во светот според загаденоста,...

Македонија21 час

Лавров се врати во Москва прегу Грција и Турција: Министерот за надворешни работи на Русија најбараниот гостин во Скопје

Авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој присуствуваше на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во...

Свет23 часа

Путин потпиша нова уредба како одговор на агресивната активност на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одредување на бројот на редовни припадници на вооружените сили на Руската Федерација, соопшти...

Свет1 ден

Обновени судирите меѓу израелската армија и Хезболах: две лица загинаа во јужен Либан

Израелската армија соопшти дека погодила „терористичка ќелија“ во јужен Либан, а либанскиот Хезболах ги обнови нападите врз Израел. Две лица...

Македонија1 ден

Зеќири за казната затвор: Јас само спроведов предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, ќе се жалам

Ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, рече дека две и полгодишната затворска казна е неоснована и дека преку адвокатскиот тим...

Македонија1 ден

Лавров: Со години имавте понижувачко име, Западот ги подбуцнува народите на Балканот

Балканот има проблеми поради однесувањето на Западот, оценува министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. На прашање за македонско-бугарските...

Македонија1 ден

Неколку стотини полицајци ја бараат исчезнатата Вања: проверени подруми, речното корито на Вардар, околните цркви и манастири  

За пронаоѓање на исчезнатото 14-годишно девојче досега се пребарани речното корито на Вардар, сите подрумски простории, не само во околината...

Македонија1 ден

(Во живо) Втор ден министерски совет на ОБСЕ

Денеска е вториот ден од триесеттиот министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува во главниот град на Северна Македонија, Скопје....

Македонија1 ден

„Поради нерационалноста на Арсовска ќе се исплатат 1,5 милион евра долг кон приватните превозници и непотребни 1,5 милион денари камати и судски трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„На виделина излезе дека ЈСП, раководено од страна на кадарот на Данела Арсовска и СДС, на приватните превозници им должел...

Економија1 ден

Се враќа евтината тарифа на струја, сега 11 часа дневно e достапна за граѓаните, велат СДСМ

„Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа...

Македонија1 ден

Пожар во три објекти во Охрид, голема материјална штета, извести ЦУК

Според последниот 24-часовен извештај на Центарот за упраување со кризи, од вкупниот број 1.509 повици на Единствениот број за итни...

Свет1 ден

Нетанјаху за крајот на примирјето: Хамас нè нападна, не сакаше да ослободи уште заложници

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Хамас не се согласил да ослободи дополнителни заложници, со што ги прекршил условите...