Контакт

Економија

„Доминос пица“ со нова иновација во пресрет на ковид-19, безконтактна достава за заштита на клиентите и вработените

Објавено пред

„Доминос пица“ реагира на оваа посебна ситуација со која се соочуваме во пресрет на вирусот COVID-19, каде што безбедноста на клиентите и вработените е приоритет. „Поради таа причина го воведуваме овој иновативен систем за достава без контакт. За веќе познатата удобност при достава на пици дома или на работа, елементот на безбедност што може да го направи оваа безконтактна достава ќе направи голема разлика овие денови“, велат од компанијата.

Со започнување на оваа услуга за испорака CONTACTLESS, Доминос е во состојба да ги заштити клиентите и работниците, преку низа на правила и стандарди што гарантираат тотално безбеден процес.Оваа иновација е одговор на Доминос пица во време кога седењето дома добива сосема ново значење, и како мерка на индивидуална заштита и мерка на јавното здравје.

Овој нов пристап кон услугите за достава до домовите станува особено релевантен, при што сè повеќе луѓе работат и поминуваат повеќе време дома, следејќи ги упатствата на здравствените власти со цел зајакнување на мерките за борба против ширење на COVID-19, во согласност со она што се случува во сите земји во Европа и светот.За овој нов вид на достава – Доминос користи процес на испорака специјално дизајниран за да обезбеди дека нема контакт меѓу клиентот и лицето за испорака.

Процесот е многу едноставен, многу ефикасен и лесен за објаснување:

• Нарачајте како и нормално, преку нашата веб страна, на крајот од нарачката одберете онлајн плаќање со картичка CPAY.

• Возачот употребува секогаш пластична кеса за нарачката. Ја поставува нарачката со пластичната кеса во торбата за достава.

• На вратата на клиентот, возачот sвони на ѕвончето (или се јавува на вашиот телефонски број), го замолува клиентот дали сака да ја прими нарачката на врата или да ја прими нарачката од куферот на моторчето.

• ОПЦИЈА А: Ако клиентот избере на неговата врата:• Возачот ја остава нарачката на вратата на клиентот во пластична кеса• Потоа, чекори 2 метри од вратата за да потврди дека клиентот го добива производот.

• ОПЦИЈА Б: Ако клиентот се спушти долу:• Возачот ја отвора кутијата на мотоциклот и одржува безбедно растојание.• Клиентот ја отвора топлинската кеса и ја повлекува нарачката.

Плаќањето по електронски пат (кое е веќе доста распространето – CPAY) се смета за најефективно во оваа ситуација, од очигледни причини … Но плаќање со картичка и во кеш, исто така, е можно, едноставно следејќи ги инструкциите на доставувачите.

Оваа гаранција сега објавена е можна само затоа што целиот процес веќе се одвиваше без директен контакт на инволвираните работници, бидејќи тоа се бара од безбедносните стандарди наметнати и од надлежните за здравство и за безбедност (HACCP Hazard Analysis and Critical Control Point) и според внатрешните правила на самата Доминос пица. Со други зборови, она што сега е разгледано е таканаречената „последна милја“, да се заврши тотално безбеден пат, од ракување со тестото и состојките до поставувањето на пиците во соодветните картонски кутии, понатака во термичките кеси и конечно во кутиите за мотоцикли.За да ја откриете најблиската продавница на Доминос или направите нарачка и да ја тестирате оваа услуга, можете да отидете на www.dominos.mk

За Dominos pizza

Доминос пица е водечка светска компанија за достава на пица. Основана во 1960 година, таа е присутна во повеќе од 85 земји, со повеќе од 16,000 продавници, со дневна количина на испорака од повеќе од 2 милиони пици. Доминос пица во Македонија започна со работа во 2012 година. Денес има 4 продавници во Скопје и тим со повеќе од 70 вработени. Доминос пица има за цел постојано да ги обезбедува највкусните пици и најдобрата вредност на клиентот, давајќи личен допир на секоја пица, да дава исклучителна услуга и да ги следи највисоките стандарди за квалитет.

(ПР текст)

 

Економија

Владата ќе одвои дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка

Објавено пред

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, имаше работен состанок во Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот министерот информираше за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка Владата ќе одвои допплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од ковид-програмата на Владата.

„Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме поради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние дополнително како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена, како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денара за вранецот и смедеревката остануваат да важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денара субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината ковид-програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денара, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Во тек е реализација на грант од Јапонија за набавка на медицинска опрема

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

Повод за средбата беше реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи. Со овој грант дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка во овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во јуни, преку итна неповратна помош, од Амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот ‘авиган’ наменет за 100 пациенти заболени од Ковид-19“, нагласува министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими на средба со СКМ: Ќе се воведат државна гарантна шема, даночен календар и е-фактура

Објавено пред

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар, електронска фактура, се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период.

Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога тој е лимитиран. Министерот за финансии Бесими посочи дека преку државната гарантна шема значително ќе се подобри пристапот до капитал, така што државата со 10 милиони евра гаранција на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити од комерцијалните банки. Како што најави министерот, овој проект треба да се реализира до крајот на годината.

Во поглед на даночната регулатива, бизнис-заедницата побара поголема предвидливост преку воведување на даночен календар, со што подолг период однапред ќе се знаат измените кои би ги правела државата во даночната регулатива. Министерот за финансии посочи дека ова е прифатливо барање и дека една од заложбите во четиригодишниот мандат ќе биде поголема даночна предвидливост. Но исто така рече, дека во услови на криза понекогаш се потребни брзи акции кои се разбира би биле во интерес на стопанствениците.

Тој најави во поглед на парафискалните давачки дека следните четири години истите ќе се скратат за 75%. За барањето за електронска фактура беше посочено дека во рамки на Министерство за финансии, се веќе одржани работни состаноци во однос на можноста за практична имплементација. Понатаму ќе се направи скрининг на релевантните закони и ќе се изготви предлог правилник кој ќе се однесува на електронската комуникација, доставување, пренос и прием на е-фактура.

Министерот за финансии истакна дека овие средби со коморите се неопходни. На тој начин се слушаат реалните потреби и проблеми на стопанството. Посочи дека континуираната соработка со бизнис секторот е неопходна и во време кога економијата е во добра кондиција, а особено сега во време на најголемата глобална економска криза во последните децении, е од суштинско значење за димензионирање на вистински политики и мерки кои ќе бидат скроени согласно реалните потреби на стопанството. Тој најави дека дијалогот министер за финансии – комори ќе продолжи и со другите стопански комори кои ги преставуваат компаниите во земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија31 минута

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Топ2 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт2 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион14 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет15 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија17 часа

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ18 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија19 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија21 час

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија21 час

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија22 часа

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија22 часа

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион23 часа

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет24 часа

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија24 часа

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион1 ден

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 ден

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош почна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, кој изминатава недела гореше во два...

Свет1 ден

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет1 ден

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Досие