Контакт

Економија

Донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25 осто

Објавено пред

Клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика, беа разгледани на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постојните ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка од 0,25-процентни поени, односно од 2,50 на 2,25 отсто. Понудата на благајнички записи за аукцијата што ќе се одржи денеска e задржана на нивото од 25.000 милиони денари.

Од Народната банка велат дека одлуката за намалување на каматната стапка се темели на задржаниот континуитет на поволни движења на девизниот пазар, што упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења покажуваат умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци. Дополнителен простор за монетарно олабавување создава и последната најава на ЕЦБ за задржување на каматните стапки на тековното ниво подолго од претходно очекуваното, како и за дополнително олабавување преку други монетарни инструменти.

Во однос на најновите макроекономски показатели, проценетите официјални податоци за БДП за четвртото тримесечје од минатата година покажуваат солиден економски раст од 3,7 отсто на годишна основа, кој е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции. Од аспект на структурата на растот, подобрите остварувања главно се објаснуваат со повисокиот раст на личната и јавната потрошувачка во однос на очекувањата од проекциите. Во согласност со очекувањата, бруто-инвестициите исто така остварија раст, малку помал од проектираниот. Гледано за целата 2018 година, реалниот раст на економијата изнесува 2,7 процента и е повисок од очекуваниот со октомвриските проекции од 2,3 отсто. За првиот квартал на оваа година, во услови на ограничен обем на расположливи податоци, тешко може да се даде попрецизна оцена за состојбата во економијата. Сепак, достапните податоци упатуваат на натамошни поволни движења во економијата при забрзан раст на активноста во индустријата и натамошен раст на прометот во трговијата.

Во однос на инфлациските движења, во првите два месеца од годината просечната годишна стапка на раст на потрошувачките цени изнесува 1,1 процент, што е пониско остварување во однос на октомвриската проекција. Оцените за движењето на поголемиот дел од увозните цени во наредниот период се променети во надолна насока. Во вакви услови ризиците за проектираната стапка на инфлација за 2019 година од 2 процента тековно се оценуваат како надолни.

Расположливите податоци од надворешнотрговската статистика за јануари упатуваат на трговски дефицит, кој главно е во согласност со очекувањата за првиот квартал од годината. Од другите расположливи показатели за надворешниот сектор, податоците за менувачкиот пазар заклучно со втората декада на февруари укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери, кои се во рамките на очекуваните за првото тримесечје од оваа година. Остварениот дефицит во тековната сметка на билансот на плаќања за 2018 година е помал во однос на октомвриската проекција и изнесува 0,3 отсто од БДП наспроти проектираните 0,5 отсто од БДП. Позицијата на финансиската сметка е значително подобрa, со нето-приливи од 5,3 отсто од БДП наспроти проектираните 4 отсто од БДП главно како одраз на повисоките приливи врз основа на директни инвестиции. Девизните резерви на крајот на февруари се нешто пониски во однос на крајот на минатата година, при што нивното ниво и натаму е високо и се одржува во сигурната зона.

Во однос на монетарните движења првичните монетарни податоци за февруари годинава покажуваат месечен раст и кај депозитите и кај кредитите, со поволни поместувања од аспект на валутната и секторската структура. Поради подобрите остварувања на крајот на 2018 година, растот на депозитите на годишна основа и натаму го надминува проектираниот за крајот на првиот квартал од оваа година. Во однос на кредитната активност, послабите остварувања на крајот на минатата година придонесуваат за одржување на кредитирањето пониско ниво од очекуваното, а со тоа и за негов малку понизок годишен раст во однос на проектираниот.

Во периодот помеѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на домашните банки и натаму се зголемува, при што активноста на меѓубанкарскиот пазар на депозити беше релативно мала. Вишокот слободни парични средства беше пренасочен кон расположливите депозити кај Народната банка, кои овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречена кредитна поддршка на домашните субјекти.
На девизниот пазар банките на нето-основа откупија умерен износ на девизи во трансакциите со клиентите. Ваквите пазарни движења во комбинација со вложувањата на банките во инструменти со валутна компонента придонесоа за раст на нивната девизна ликвидност и интервенции на Народната банка со умерен откуп на девизи од банките поддржувачки на девизниот пазар.

На меѓународните финансиски пазари, во февруари, од двете страни на Атлантикот преовладуваше зголемена склоност кон преземање ризик, поттикната од оптимизмот за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина и засилените очекувања за одложување на датумот за излез на Обединетото Кралство од ЕУ. Во такви услови приносите на државните обврзници се зголемија, а глобалните берзански индекси и натаму растат. Сепак, овие позитивни пазарни движења беа прекинати на почетокот на март. Имено, на состанокот на ЕЦБ одржан на 7 март беше истакнато дека каматните стапки ќе бидат непроменети до крајот на годинава. Истовремено, беше најавена нова серија операции за рефинансирање – ТЛТРО III во услови на согледување за побавен економски раст и ниски ценовни притисоци и во следните две години. Во вакви услови дојде до надолна корекција на приносите на безбедните инструменти за инвестирање како во еврозоната така и во САД, а истовремено беше забележано и изразено слабеење на еврото.
Општо гледано, на седницата беше заклучено дека во согласност со постојните економски и финансиски услови согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се малку поповолни од претходно, што укажува на тоа дека постои простор за натамошно намалување на основната каматна стапка. Растот на економијата во последниот квартал, како и за целата 2018 година, е подобар од очекуваниот во отсуство на притисоци врз цените од домашната побарувачка, што се согледува преку натамошната ниска и стабилна стапка на инфлација. Движењата на девизниот пазар и натаму упатуваат на поволна надворешна позиција на економијата и доверба во домашната валута. Во прилог на ваквите согледувања е и порелаксирачкиот тон во реториката на ЕЦБ, изразен на последниот состанок, односно најавите за нова серија операции за рефинансирање и очекувањето дека клучните каматни стапки ќе се задржат на тековните нивоа подолго од претходно очекуваното.

Од НБРМ додаваат дека ризиците и понатаму се присутни, а Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од опкружувањето заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика.

Економија

Кина воведе такси на производи од ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија

Објавено пред

Кинеското Министерство за трговија соопшти дека вовело такси за одредени производи од ЕУ, Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија.

Според информациите, одлука била донесена по едногодишното кинеско истражување за дампинг.

Ресорното министерство соопшти дена антидампинг даноците на не’рѓосувачкиот челик се меѓу 18 и 103 отсто.

ЕУ претходно воведе антидампинг царински такси на челик од Кина, со цел да го заштити сопствениот пазар.

Прикажи повеќе...

Економија

Горивата поевтинуваат

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 – 71,5 денари за литар.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за половина дена. Новата цена на дизелот е 61,5 денар за литар, а на маслото 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

„Волво“ повлекува повеќе од милион возила ширум светот

Објавено пред

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ повлекува повеќе од милион возила ширум светот, поради опасност од топење на делови на моторот.

Компанијата соопшти дека во најлош случај, проблемот би можел да предизвика опожарување на моторот. Досега не е забележан ниту еден таков случај.

Проблемот се однесува на моделите со четирицилиндрични дизелски мотори произведени од 2014 до оваа година. Се работи за моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд, за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот, Вулнет...

Македонија1 час

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 час

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија3 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија4 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија6 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет8 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет8 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет8 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет9 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет9 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет10 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија20 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија21 час

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион23 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија1 ден

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија1 ден

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие