Економија
Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ.
По ограничувањето на бројот на крузери во пристаништето на два дневно во текот на сезоната и намалувањето на бројот на маси на терасите на рестораните и кафулињата за 20 проценти, новиот обид за справување со масовниот туризам во Дубровник доаѓа во форма на градска одлука дека никој нема да може да постави нови маси и столчиња на јавна површина во наредните пет години.
Според Франковиќ, одлуката во моментов е во фаза на консултации и треба да биде изгласана во декември.
Забраната за поставување нови маси на отворено, сепак, не ја исклучува можноста угостителот кој отвора нов ресторан да постави маси внатре во локалот. Сепак, Франковиќ наведува дека просторот меѓу ѕидините на Стариот град е крајно ограничен и дека 99 проценти од сите ресторани работат исклучиво со маси што се поставени на отворено.
„Секој што сака да постави нови маси на јавен простор во Стариот град нема да може да го стори тоа следните пет години, и практично тоа всушност ќе значи забрана за отворање нови ресторани. Покрај тоа, решивме дека просторот на постојните ресторани, кои ќе бидат затворени во овој период, нема да биде доделуван на нови сопственици“, рекол Франковиќ.
Анте Власиќ, претседател на Здружението на угостители во Дубровник, смета дека забраната за отворање нови ресторани не е лоша привремена мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Доделени три автомобили од наградната игра на Mozzart – во игра останува Jeep Compass!

Уште еден среќен играч од Mozzart обложувалници ќе вози нов автомобил, благодарение на големата наградна игра ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА. Заврши третата етапа од оваа наградна игра, а на уплатното место во Скопје – Педагошка, вчера го доделија и третиот FIAT 500. Во игра е уште еден автомобил – прекрасниот Jeep Compass!
Ристо Нелковски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 32229,48 ќе го вози прекрасниот автомобил Fiat 500. Наградната игра не завршува тука, бидејќи играчите во Mozzart обложувалници имаат 4 шанси за 4 автомобили! Во тек е последната – четврта етапа каде победникот со најголема квота ќе го освои фантастичниот Jeep Compass.
Досега Mozzart доделија 3 автомобили Fiat 500, а покрај играчот Ристо Нелковски од Скопје, добитни беа и Игор Андевски од Скопје – Петровец на кој за автомобилот Fiat 500 доволна му беше погодена најголема квота од 11501,79. Орце Груев од Неготино е победникот од првата етапа, а погоди најголема квота од 18,270.
Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.12.2019 година до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.
По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат. Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите Fiat 500 или Jeep Compass.
Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.
Економија
Се укинува Законот за трговија на зелените пазари

На денешната седница Владата го усвои предлог-законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелени пазари. Потребата за донесување на овој закон со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари е предизвикана од неисполнувањето на очекувањата утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари кои предизвикаа социјални, даночни и фискални последици за трговците на зелените пазари. Како резултат на реакциите од страна на граѓаните што на пазарите вршат трговија на мало, Владата донесе нов закон за да престане со важност Законот за трговија на зелени пазари.
Економија
(Видео) Бектеши: Законот за трговија на зелените пазари ќе престане да важи, се изготвува нов

Владата го усвои предлог-законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелените пазари. Како што изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, законот за трговија беше предложен од група пратеници во Собранието и донесен минатата година, а имаше одложено дејство на примена од почетокот на следната година.
„При предлагањето и донесувањето на овој закон Министерството за економија не беше воопшто консултирано. Министерството за економија, врз основа на направените анализи, компаративни советувања и процени, констатира дека досегашното искуство покажува оти одредбите од Законот за трговија на зелените пазари не се применуваат, односно анализата на овие одредби покажа дека натамошната примена на овој закон би довела до социјални, економски и фискални последици врз продавачите на зелените пазари, што генерално ќе се одрази на целокупниот систем според кој функционираат зелените пазари од аспект на нивната трговија поради што се оцени дека е потребно овој закон да престане со важност“, потенцира Бектеши.
За таа цел, како што информира министерот, Министерството за економија уште во ноември годинава достави мислење со кое ја информира Владата дека како орган надлежен за уредување на оваа област и носител на регулативата, активно ја следеше состојбата во периодот од донесувањето на овој закон, па сè до денеска, по што врз основа на направените анализи е оценето дека е потребно престанување со важност на примена на овој закон со оглед што тој не даде позитивни законски решенија во периодот на неговото донесување и применување.
„Ова законско решение предизвика големи незадоволства и негативни реакции од самите фактори – учесници во трговијата на зелените пазари. Потребата за донесување на овој закон, со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари, е предизвикана од неможност да бидат исполнети условите утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари. Притоа се констатира дека пропишаните услови предизвикуваат негативни реакции од страна на лицата што на овие пазари се јавуваат како трговци на зелени пазари што вршат трговија на мало на тезги и пазари, кои посочија дека натамошната примена на овој закон ќе предизвика социјални, даночни и фискални последици врз нив, што ќе се одрази на поширок сегмент засегнати граѓани, односно кај трговците на зелените пазари, коморите на трговците, организаторите на пазарите и државните институции што треба да го имплементираат законот“, изјави Бектеши.
Бектеши информира дека во моментот Министерството за економија работи на ново законско решение, кое ќе треба да биде донесено в година, со кое ќе се уреди оваа тематика, а за неговото изготвување се прават консултации со сите засегнати страни.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми