Економија
Дурмиши од Берлин: Координирана политичка акција може да го подобри економскиот пејзаж на Западен Балкан
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска учествуваше на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес која се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
Дурмиши со колегите министери за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис формум дискутираа на тема “10 години Берлински процес, Западен Балкан како економска област на патот на ЕУ“.
Одбележувајќи ја десетгодишнината од постоењето на Берлинскиот процес, на конференцијата беше истакнато дека регионот на Западен Балкан живее историски моментум во однос на неговата европска перспектива, а токму оваа иницијатива може да постигне синергија наиндивидуалните напори на шесте земји од Западен Балкан како механизам за подготовка за пристапување кон ЕУ.
Во рамки на сесијата посветена на Заедничкот регионален пазар од аспект на 10 години од Берлинскиот процес министерот Дурмиши истакна дека има три критични прашања во економските односи меѓу Западен Балкан и Европската унија кои бараат политичко внимание, а тоа е развој на инфраструктурата, трговски бариери и економска интеграција и владеење на правото и корупцијата
„Решавањето на овие прашања преку координирана политичка акција може значително да го подобри економскиот пејзаж на Западен Балкан и да го забрза нивниот процес на интеграција во ЕУ“ истакна Дурмиши.
Министерот зборуваше и за перспективите за економски раст на земјите од Западен Балкан и истакна дека регионот има предиспозиции за поголем економски раст, но и многу предизвици.
„Регионот има младо население и изобилство природни ресурси, кои нудат можности во секторите како земјоделството, туризмот и обновливите извори на енергија. Напредокот кон членството во ЕУ може да ја подобри економската стабилност и да привлече инвестиции, бидејќи го усогласува регионот со пазарите и стандардите на ЕУ. За да привлечеме повеќе инвестиции, треба да го зајакнеме владеењето и владеењето на правото. Мора да ја подобриме инфраструктурата, мораме да го подобриме образованието и развојот на вештини, да промовираме стимулации специфични за секторот“ кажа Дурмиши.
На конференцијата на министри покрај министерот Дурмиши присуствуваа министрите за економија на Албанија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Берлинскиот процес беше воспоставен во 2014 година како платформа за соработка на високо ниво меѓу високи официјални претставници на шест земји од Западен Балкан и нивните колеги во Земјите домаќини на Берлинскиот процес.
Процесот ги вклучува и институциите на ЕУ, меѓународните финансиски институции и граѓанското општество во регионот, Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO и бизнисите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Тутунот се откупува по цена од 375 денари, инспекторатот на терен
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.
За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.
Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.
Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.
Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот.
Економија
Мицкоски: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз и субвенции од 18.000 денари од хектар за 2024 година
По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите, објави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
„Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.
Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите!“, додаде Мицкоски.
Економија
Дурмиши – Месец: Продолжува плодната соработка помеѓу Северна Македонија и Словенија за унапредување на пазарот на труд
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари билатерална средба со Лука Месец, потпретседателот на владата и министерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности на Република Словенија.
Министерот Дурмиши на почетокот на средбата ја нотираше одличната билатерална соработка која ја имаат Северна Македонија и Словенија која во континуитет е пријателска и без отворени прашања, базирана на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка како на политички така и на економски план.
„Во рамки на економската соработка меѓу Северна Македонија и Словенија ми е задоволство да кажам дека во изминатиот период не се регистрирани поголеми потешкотии или отворени прашања во однос на условите во кои се одвиваше трговската размена. Сега со новата реорганизација Министерството за економија и труд е фокусирано на поддрршка на домашните и странските компании и поддршка на пазарот на труд во земјата, односно е институција во која се спојува бизнисот и работниците. Министерствотот за економија и труд пред шест месеци ги превзема надлежностите во делот на политиките за вработување и пазар на труд како нова надлежност“, кажа министерот Дурмиши.
Двајцата министери разговараа за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во процесот на ревизија на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кој ја регулира работата на Агенцијата за вработување, но и правата по основ на осигурување во случај на невработеност која е започната во 2021 година како можност за добивање експертска поддршка од Словенија за финализирање на овој процес.
„Со оглед на природната миграција во балканските земји, особено кон оние кои се во ЕУ, имаме интерес и за склучување на билатерален договор со Словенија за посредување за вработување, што би се одвивало помеѓу двете национални агенции за вработување,словенечката и македонската. Целта ни е да се овозможи поедноставена процедура на вработување помеѓу двете земји, со истовремена заштита на работниците и нивните права при врешењето на привремената работа“, кажа министерот Дурмиши.
Двајцата министери се договорија за продолжување на соработката во областа на трудовото право и политиките за вработување со цел да бидеме во тек со движењата на пазарот на труд, по угледот на современите економии.