Контакт

Економија

ЕБОР почнува со програмата за финансирање енергетска ефикасност во домаќинствата

Објавено пред

ЕБОР почнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање  енергетска ефикасност (Green energy efficiency financing facility-GEFF), која ќе обезбеди финансирање за подобрувањето на енергетската ефикасност во домовите.

„Охридска банка Сосиете женерал“ и „Шпаркасе банка Македонија“ потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки кои ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од 4 милиони (по 2 милиони евра секоја), наменета за натамошно кредитирање на домаќинствата. Дополнителни 4 милиони евра е планирано да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард. GEFF програмата за Македонија е дел од програмата за Западен Балкан во износ од 85 милиони евра.

Настанот во Скопје на кој се презентира ова финансирање, ги собра на едно место учесниците во GEFF, вклучувајќи ги донаторите, државните претставници, претставниците на локалните банки, добавувачите и производителите на соодветни технологии за домовите. Физичките лица ќе можат да подигнат кредити од овие партнерски финансиски институции за да се снабдат со технолошки решенија за користење на зелената енергија, како што се прозорци со двојни стакла, енергетски ефикасни бојлери или термална изолација за домовите.

Домаќинствата кои ќе инвестираат во технологии на енергетска ефикасност ќе можат да аплицираат за грант од ЕУ во износ до 20% од нивната инвестиција. Продавачите и производителите на решенија за енергетска ефикасност за резиденцијалниот сектор, исто така ќе можат да пристапат до финансирањето од GEFF програмата. Како дополнување на самото финансирање, оваа програма обезбедува и техничка помош, вклучувајќи ревизија на енергетската состојба за реновирање на станбените згради.

 

Економија

Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ важат новите цени на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според новата одлука, се намалува цената на „евродизелот“ (Д-Е V) за 0,50 денари/литар и ќе изнесува 52,50 денара/литар.

Малопродажните цени, пак, на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 60,00 денари/литар, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 62,00 денари/литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 1,00 денар/литар и ќе изнесува 52,00 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,351 денари/килограм и од вечерва на полноќ ќе изнесува 25,709 денари/килограм.

Од 5.8.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС 95“ – 60,00 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС 98“ – 62,00 (денари/литар)
– дизел-гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,00 (денара/литар)
– мазут М-1 НС – 25,709 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на ковид-кризата

Објавено пред

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на ковид-кризата, со месечен раст од 1,4 % во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци, соопшти Министерството за финансии.

По реализацијата во јуни, која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика.

Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари или 1,7 % помалку од лани. Данокот на додадена вредност првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2 %, што следува по падот во јуни од 7,5 % и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5 % респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3 %, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4 %, а помала наплата има кај акцизите и данокот на добивка.

Придонесите забележуваат раст од 11,9 % во однос на истиот месец лани, со што продолжува добриот тренд на наплата на продонесите од јуни, кога беше забележана иста стапка на раст од 12,3 %. Растот на придонесите во време на криза во голема мера може да се препише на мерките што ги презеде Владата, односно поддршката од 14.500 ден за вработен заради исплата на платите за април, мај и за јуни.

Заедно со јули, кумулативно од почетокот на годината, падот на приходите во однос на минатата година е намален на -7,4 %, а заклучно со првото полугодие кумулативно изнесуваше 9 % во однос на лани. Даночните приходи сега бележат пад од 11,3 % кумулативно, а заклучно со првото полугодие бележат пад од 13 % во однос на лани.

Придонесите бележат раст од 8,6 % во однос на истиот период лани, а заклучно со првото полугодие бележеа раст од 8 %. Ова е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Стапката на раст покажува дека мерките за поддршка за зачувување на работните места во борба против ковид-кризата даваат резултати.

Расходната страна заклучно со јули бележи раст од 11,6 % на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против ковид-кризата. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од ковид-кризата во износ од речиси 6,9 милијарди денари. Исто така, и капиталните расходи се повисоки за 14,4 % во однос на лани.

Дефицитот, заклучно со јули, е реализиран 4,76 % од БДП и е во согласност со планираната динамика со ребалансот.

„И покрај предизвиците со кои се соочува македонската економија во услови на справување со ковид-кризата, извршувањето на буџетот се одвива според планот. По реализацијата на вкупните приходи во јуни, кои изнесуваа – 9,6 %, во споредба со лани кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, позитивната реализација во јули со раст од 1,4 % говори дека заживувањето се одвива со добра динамика. Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на буџетот, без застој, во законски утврдените рокови, односно вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарувања кон буџетските корисници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данокот. Тука се и мерките против Ковид-19, поддршката што државата им ја дава на граѓаните и фирмите во согласност со можностите – преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Очекувањата се дека во третиот и четвриот квартал од годината постепеното закрепнување на домашната економија и заживувањето на економската активност ќе продолжи со засилено темпо. Со оглед на непредвидливоста што ја носи оваа пандемија, финансирањето на буџетот е обезбедено и во случај на евенутален втор бран“, вели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Министерството за финансии во насока на поголема транспарентност, од почетокот на ковид-кризата порано го објавува месечното извршување на буџетот, односно, наместо на крајот на месецот, се известува на почетокот на месецот за реализацијата на буџетот.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот

Објавено пред

Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по обвинувањата упатени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки. Лицемерието и несериозноста на ВМРО-ДПМНЕ се дотолку поголеми ако се знае, дека и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар токму на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена“, наведе СДСМ во реакцијата.

Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата симбол на расипништво и криминално трошење на парите на граѓаните, партија која заради криминални интереси тројно го зголемила јавниот долг финансирајќи непродуктивни трошоци за богатење на поединци.

Вчера Министерството за финансии објави дека јавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени. Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7% од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска истакнаа дека со тоа, јавниот долг е зголемен за една милијарда евра, што значи дека секое просечно семејство е задолжено за нови 2.000 евра јавен долг и тоа само во последните три месеци. Од партијата посочија дека ова е рекорден раст на јавниот долг во Македонија за едно тримесечје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ3 часа

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија3 часа

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија4 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија4 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија4 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија5 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија5 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија5 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Свет7 часа

В година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирусот врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да почне со тестирање на вакцината против коронавирусот врз деца во јануари-февруари в...

Регион8 часа

Грчките премини Дојрани и Ники ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини Дојрани и Ники ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.8.2020...

Топ8 часа

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на улицата Сирма Војвода во Охрид удрил во пешакот М. Т. (58) од Охрид. Жената била...

Свет9 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет10 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа10 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија22 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион22 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија24 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ1 ден

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија1 ден

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Досие