Контакт

Економија

ЕБОР и ЕУ ја поттикнуваат конкурентноста на малите бизниси во државата

Објавено пред

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит до 2,5 милиони евра на Комерцијална банка АД Скопје за натамошно кредитирање на локалните бизниси, за инвестиции во надградба на производните капацитети и усогласување со Директивите на ЕУ.

Како што информираат надлежните, покрај кредитирањето, малите и средни претпријатија (МСП) ќе имаат бенефит од персонализираната техничката помош и од поддршката на ресурсите од услугите „да-се-знае-како“, во насока на поддршка и имплементација на проектите, како и од доделувањето грант до 15 % од вредноста на вкупната сума на кредитот, по успешно завршување на проектот.

Техничката помош и грантовите се финансирани преку ЕУ Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата (European Union Western Balkan Enterprise Development and Innovation Facility – WB EDIF).

Зголемувањето на конкурентноста ќе ги подобри можностите на компаниите на локалните пазари, и на меѓународно ниво. Истовремено, клиентите ќе имаат корист од подобрениот квалитет на производите и поголемиот избор, велат надлежните.

На Комерцијална банка и во 2018 година и беше одобрен кредит од 5 милиони евра од ЕБОР Програмата за Западен Балкан за поддршка на конкурентноста на МСП, програма поддржана од средства од Европската Унија (ЕУ).

Ова финансирање успешно се имплементира и во ова време на пандемија, кога новите средства се повеќе од било кога потребни.

„Ни претставува големо задоволство што ја обновуваме соработката со Комерцијална банка АД Скопје, нашиот долгорочен партер од доверба, со цел локалната економија да има придобивки. Оваа програма им нуди на локалните МСП поддршка во достигнување на ЕУ стандардите во три клучни области: заштита на човековата околина, здравство и безбедност, и квалитет на производот. Новото финансирање значително ќе го олесни пристапот до многу потребното финансирање на малите бизниси, кои се клуч за економско заздравување во овие времиња на предизвици, правејќи ги бизнисите поконкурентни и отпорни, овозможувајќи им подобро интегрирање во регионалните и европските ланци на вредности”, изјави Анди Аранитаси, претставник за ЕБОР за Северна Македонија.

Раководителот на ЕУ Делегацијата во земјава, амбасадорот Дејвид Гир истакна дека МСП се поддршката на секоја економија и се критични за иновацијата, конкурентноста и креирањето на работните места.

„Европската Унија ќе продолжи да обезбедува поддршка на овој сектор во Северна Македонија, преку Програмата за Западен Балкан за развој и иновација на претпријатијата, со цел да помогне во забрзувањето на економското обновување, подготовката за зелена и дигитална транзиција, и целосно учество на МСП на единствениот пазар на ЕУ по пристапување во него. Особено сакаме да ги охрабриме партнерите од Западен Балкан 6, да ги искористат можностите на Заедничкиот регионален пазар, и да работат кон неговите цели”, посочи евроамбасадорот.

Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка изјави дека на банката и претставува задоволство што има можност во услови на пандемија да обезбеди дополнителна поддршка за секторот на МСП.

„Овој сектор како целина е мошне важен за економијата на нашата земја. Ни претставува задоволство што низ овој период на предизвици заради Ковид-19, имаме можност, во партнерство со ЕБОР и ЕУ, да им обезбедиме на МСП дополнителна поддршка преку новиот кредит кој има уникатни поволни услови и грант компонента. Веруваме дека овој кредит ќе пружи корисна поддршка за прифаќање на новите трендови и технологии и ќе креира нови работни места”, нагласи таа.

Европската банка за обнова и развој е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра преку 140 проекти во земјата. Банката се фокусира на проширување на локалниот приватен сектор, промовирање на регионалната и меѓународната интеграција и одржливо користење на ресурсите во земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Сите видови на ИТ и гејминг опрема во новиот Анхоч Action – продажен салон

Објавено пред

Најголемата македонска ИТ компанија „Анхоч“, свечено го отвори својот нов ексклузивен салон, наречен Анхоч Action, со локација во Скопје Capitol Mall.

На отворањето, забележителен беше големиот интерес кај посетителите од сите генерации, кои со нетрпение чекаа да го посетат новоотворениот продажен салон и да го збогатат своето домашно катче со некој од најактуелните ИТ производи, сепак Анхоч беа спремни за предизвикот и за пофалба е имплементираниот систем на нумерирани купувачи со цел да се избегне групирање на купувачите во и пред салонот, на тој начин сите мерки за заштита и превенција од Ковид-19 беа запазени.

И секако баш во нивниот стил и овој пат веднаш можеше да се забележи многу современ дизајн и концепт во салонот, за кого од „Анхоч“ велат дека како и секогаш ќе останат доследни на професионалната услуга и големата понуда на квалитетни производи, бидејќи задоволството на нивните клиенти е најголемиот успех.

Анхоч Action е обезбеден со ексклузивна гејминг зона и посебна аудио соба дизајнирани специјално за љубителите на гејминг и аудио опрема.

Гејминг зоната беше особено популарна кај помладата популација, во која можеше да се тестира и спореди најразлична гејминг опрема од најпознатите светски брендови, додека за аудиофилите беше интересна аудио собата, каде во пријатен амбиент можеа директно да ја пробаат и почувствуваат моќта на аудио опремата од најразлични модели на звучници и аудио системи.

„Анхоч“ во моментов е најголемата македонска ИТ компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и останата ИТ опрема, присутна веќе 27 години на македонскиот пазар со 17 продажни локации и 140 вработени во сите поголеми градови низ Македонија.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Групацијата за обновливи извори на енергија: Малите хидроелектрани се иднината како најефикасен и најзначаен обновлив извор на енергија

Објавено пред

Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Стопанската комора на Северна Македонија денеска одржа онлајн прес-конференција претставувајќи ги своите заложби за одржливо искористување на ресурсите и презентирајќи ги придобивките од работата на малите хидроелектрани како еден од најефикасните и најзначајни обновливи извори на енергија.

Според д-р Александар Дединец од истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, во стратегијата за енергетска транзиција во Македонија до 2040, наместо сегашните 17 %, обновливите извори треба да учествуваат со 43 проценти од вкупното производство, што ќе значи 55 % намалување на емисијата на стакленички гасови во споредба со состојбата од 1990 година.

„Македонија не е многу богата со ресурси, затоа секој обновлив ресурс што ни е на располагање треба да се искористи, вклучувајќи ги водните потенцијали преку работата на малите хидроелектрани“, смета Дединец.

Во предностите на малите хидроцентрали тој го потенцира производството на чиста енергија, како и дека не предизвикуваат аерозагадување, не генерираат гасови, водата ниту се троши ниту се загадува, а емисијата на CO2 e нула.

Од Групацијата за обновливи извори објаснуваат дека малите хидроелектрани придонесуваат за децентрализација на енергетскиот систем и намалување на увозот на електрична енергија, истовремено создаваат работни места на локално ниво, но придонесуваат и за локалната економија воопшто преку даноците и придонесите кон државата. Неоспорно е и нивното индиректно економско влијание преку ангажирање надворешни експерти и компании, меѓутоа една од главните економски придобивки е дека обезбедуваат одржлив развој на енергетскиот систем, полесни се и поевтини за проектирање и имаат исклучително долг век на траење.

Според Самоил Целески од ЕМК „Мали хидроелектрани“, свесни се за предизвиците со кои се соочува локалното население во однос на изградбата.

„Факт е дека секоја човечка активност има влијание на природната околина. Меѓутоа, со почитување на добрите градежни практики за справување со таквите ефекти, воспоставување патеки за риби, заштитни градежни објекти, рекултивација, пошумување и секако неприкосновено почитување на регулативата, тоа влијание може да се сведе на минимум“, рече Целески појаснувајќи дека за 5 години природата самостојно се враќа во првобитната состојба, а градежниот опфат за една мала хидроелектрана не надминува 3 хектари.

Во контекст на сушењето на реките, тој посочи дека МХЕ, всушност, не ја зема водата, туку само ја користи нивната енергија.

Од Групацијата на обновливи извори на енергија потенцираа дека се залагаат за доследно почитување на законите и регулативите, како и за нивно унапредување, останувајќи партнер на државата со отвореност за дијалог со институциите и невладиниот сектор. Потенцираа и дека Групацијата и компаниите членки вложуваат и ќе вложуваат во општествено одговорни проекти и најавија понатамошни инвестиции во локални еколошки проекти, а ги претставија и новите канали за комуникација, веб-страницата www.goie.mk и фејсбук-страницата на ГОИЕ.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Ексминистрите Никола Поповски и Трајко Славески напишаа книга за економијата низ различни перспективи

Објавено пред

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат книгата „Лево-десно, економијата низ две перспективи“ од универзитетските професори Никола Поповски и Трајко Славески, поранешни министри за финансии на Република Македонија.

Во јавноста се познати концепциските разлики на авторите, па дури и нијансите во нивните економски, а понекогаш и општествени сфаќања.

„На страниците од ова дело Поповски и Славески дебатираат за дваесет важни теоретски или практични економски прашања и проблеми. Внимателното читање ќе покаже на многу сличности во сфаќањата, но и на важните разлики. Со коавторството на ова дело познатите универзитетски професори пробиваат и некои видливи или невидливи бариери во општеството“, велат од Матица.

Иницијативата за подготовката на ова дело е на Зоран Јовановски, кој е автор на предговорот кон изданието.

Поповски беше министер од редовите на СДСМ, додека Трајко Славески на чело на оваа функција застана во владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија28 минути

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Европа52 минути

(Видео) Во Виена протест порaди рестриктивните мерки

Полицијата во Виена уапси 14 демонстранти на протестот против рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот. На протестот присуствуваа околу 3.000...

Свет1 час

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија2 часа

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа14 часа

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија16 часа

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија19 часа

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Македонија21 час

(Видео) Разбиена група на нарко-дилери, запленета дрога во вредност над 800 илјади евра

Полицијата разбила организирана криминална група на нарко-дилери, пришто приведени се 6 лица, а запленета е дрога во вредност од над...

Свет21 час

Кина дневно произведува 5 милиони дози вакцини, целта е да достигне 3 милијарди годишно

Кина веројатно ќе произведе три милијарди дози од вакцината против Ковид-19 до крајот на годината, изјави официјален претставник на Националната...

Топ22 часа

Три лица осомничени за силување на 18-годишна девојка во Струмица

Против три лица поднесена е кривична пријава за силување на 18-годишна девојка од Струмичко и за помагање во извршување на...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ на протест: Од коронавирус починаа 4.150 граѓани, тоа е како преку ноќ да го снема Крушево

Обвинувања за справувањето на власта со состојбата со коронавирусот и пораки за оставка на министерот за здравство, Венко Филипче и...

Македонија1 ден

Вработени во обвинителството, медиумите и инспекциските служби ќе се вакцинираат следната недела

Следната недела ќе почне вакцинирањето на вработените во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Со нив, се очекува...

Свет1 ден

„Фајзер” и „Бионтек” бараат нивната вакцина да се користи за деца од 12 до 15 години

Фармацевтската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побарале од Управата за храна и лекови на САД итно проширување на...

Свет1 ден

„Ковакс“ ќе испорача третина од милијарда вакцини до средината на годинава

Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини...

Македонија2 дена

Потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 42 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.174 нови случаи на коронавирус, починаа 42 лица, а оздравеа 811, соопшти...

Македонија2 дена

Приведен висок полициски службеник, запленета дрога вредна над 800.000 евра

Полицијата заплени дрога вредна над 800.000 евра, а приведен е висок полициски службеник, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски....

Свет2 дена

СЗО: Не препорачуваме комбинирање на вакцини, сè уште немаме доволно податоци

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот повтори дека поради недостиг на соодветни податоци не може да даде препорака во врска...

Македонија2 дена

(Видео) Милошоски: Мафијашот Седат Пекер во Скопје бил пречекуван со полициски возила

Додека турската полиција денеска спроведува обемна акција и во Истанбул насекаде го бара меѓународниот мафијаш Седат Пекер, во Скопје тој...

Европа2 дена

Почина принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета

Принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, почина на 99-годишна возраст. Бакингaмската палата објави дека војводата од Единбург почина во...

Досие