Контакт

Економија

Европската банка за обнова и развој потврди дека и во иднина ќе ги поддржува македонските инфраструктурни проекти

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, попладнево оствари средба со претставничката на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), регионалната директорка за Западен Балкан, Жужана Харгитаи.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата премиерот Заев ги истакнал позитивните вести кои денес Македонија ги доби од Брисел, нагласувајќи дека тоа е од големо значење за граѓаните на Република Македонија и нивната европска иднина.

Тој исто така изразил задоволство и благодарност за активното присуство и работата на ЕБРД во регионот, со што дава значаен придонес во поттикнувањето и одржувањето на развојот на Република Македонија на полето на инфраструктурата и енергетиката, гасификацијата и развојот на општините во Република Македонија, како и одржувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан.

Посебно била поздравена петнаесетгодишната поддршка која Македонија ја добива од оваа банка, и била изразена подготвенот за заедничка работа и имплементација на идеи и проекти од областа на инфраструктурата, железницата, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, кои би ја продлабочиле и би ја направиле поплодна постоечката соработка.

Економија

Николовски: Нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од својот производ да прават загуба

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, посебната советничка за земјоделство, шумарство и водостопанство на претседателот на Владата на РСМ, Ленче Николовска, и сите директори на надлежните институции од секторот земјоделство, денеска, во Велес, одржа работна средба со земјоделците од регионот. На средбата се разговараше за актуелната состојба во земјоделството, проблемите со кои се соочуваат земјоделците, исплатата на субвенциите, како и новите развојни мерки од програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за оваа година. Министерот Николовски потенцира дека МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето.

„Во моментот е сезоната на откуп, но пикот на продажба се очекува да биде по 1 април пред самите празници. Знаеме за откупната цена. Вчера и завчера постојано тимовите од МЗШВ комуницираат и ги следат состојбите. Бевме и сме во комуникација со сите засегнати страни, со здруженијата и со сточарите. Се одржаа низа средби во предходниот период и како ресорно Министерство и како Влада она што можам да го кажам е дека нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од својот производ да прават загуба и верувам дека сите заеднички ќе донесеме решение“, изјави Николовски.

Притоа Николовски потенцира дека МЗШВ континуирано работи на воспоставување контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. Во меѓувреме Агенцијата за храна и ветеринарство ја завршува процедурата со пописот кај овците и козите, кој треба да заврши до 30.6.2019 година, кој е важен за попрецизно дефинирање на политиките за секторот овчарство и распределба на субвенциите.

На средбата беа презенитирани мерките од годинешните програми, особено оние што се важни за земјоделците од Велешкиот Регион, како што е новата мерка за малите земјоделски стопанства, земјоделски стопанства под 1 хектар, зголемените субвенции за набавка на приплоден добиток од 14 на 91 милион денари, повисоките субвенции за производителите на јаболка, за производителите на сончоглед и друго. Во Програмата за рурален развој оваа година се зголемува сумата за мерката инвестиции за маркетинг на земјоделски производи од 300 илјади евра на речиси 4 милиони евра, со што ќе се овозможи предфинансирање на инвестициски проекти во висина од 100 отсто од износот на предлог-проектите, што е важно за инвестиции во преработувачката индустрија. Николовски посочи дека кон средната на годината 55.000 земјоделци ќе ги добијат зелените картички за да ја користат новата мерка за субвенција по принципот на кофинансирање за набавка на гориво за земјоделската механизација. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Николчо Бабовски, ја истакна важноста од навремена исплата на субвенциите пред почетокот на новата производствена сезона.

„Субвенциите се исплаќаат без селекција, во еден ден. Од почетокот на мандатот до денес за субвенции исплативме 248 милиони евра, од кои дел од средствата е и за стари долгови за 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 година, вклучително и тековните години“, изјави Бабовски.

Инаку, пред почетокот на новата производствена сезона исплатени им се субвенциите за житни култури во износ од 5,5 милиони евра на 26.300 земјоделци, 16 милиони евра се исплатија за субвенции за одгледувачите на обележани кози, овци, говеда и несилки, речиси 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци, 9 милиони евра за лозарите, 5,5 милиони евра субвенции за одржување овошни насади на 9.146 овоштари. Или вкупно од почетокот на годинава до сега исплатени се 40,5 милиони евра за субвенции. Денешната средба е дел од серијата средби со земјоделците во сите региони во државата, кои ќе продолжат и во следниот период.

Прикажи повеќе...

Економија

Вработените во „Порше“ добија бонус од речиси 10.000 евра

Објавено пред

„Порше“ им подели рекордни бонуси на своите работници, секој добива скоро 10.000 евра.

Според seebiz.eu, покрај априлската плата, секој вработен во „Порше” ќе добие специјална награда од 9.700 евра. Наградата ќе биде исплатена во два дела: 9.000 евра за успешно работење на компанијата во 2018 година и 700 евра за уплата во пензискиот фонд каде што е осигуран работникот.

Се тврди дека, без оглед на различните плати на 25.000 работници, „Порше“ одлучи сите вработени подеднакво да ги награди, иако ќе се води сметка за должината на работното време и стажот на секој поединец. Така, „Порше“ ја продолжува традицијата на наградување на работниците, бидејќи за успех во 2017 година им беа доделени по 9.656 евра, а во 2016 година по 9.111 евра.

Покрај тоа, минатата година работниците добија еднократна награда од 356 евра по повод јубилејот – 70 години „Порше спортски автомобили”.

Порталот наведува дека во финансиската 2018 година овој производител ги зголемил испораките за четири отсто, на 256.255 возила, а прометот се зголемил за десет проценти, на 25,8 милијарди долари, додека оперативниот приход е зголемен за четири проценти, на 4,3 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Економија

Градежна комора: Растот на трошоците го диктира растот  на цената на квалитетните станови

Објавено пред

Градежната комора на Македонија информира дека трендот на пораст на трошоците за градежни материјали, но и за вработените во градежните компании се случува во континуитет. Последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) ја потврдуваат состојбата и покажуваат дека трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвриот квартал од минатата година во однос на тој квартал од претходната година, се повисоки за 5,9 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 3,2 отсто и трошоците за вработените се повисоки за 13 отсто.

„ Поскапувањето е регистрирано во трите сегменти и точно е дека има поскапувања во сите сегменти за изградба на квалитетни станови, кои се енергетско ефикасни, асеизмички стабилни. Ако го споредиме сегашниот период во однос на лани, може да зборуваме за поскапување на сите градежни материјали меѓу 10 и 15 проценти . Зголемување на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите  за транспорт, прво за  тие материјали што  се увезуваат,  како и за материјалите кои што се од  домашно призводство.  Ако во изминатите години, исклучувајќи ги последните две во делот на високоградбата имаше континуитет и стабилност, во сегашните услови на правната неизвесност инвеститорите не се во можност да инвестираат.  Она што може да очекуваме во следен период е дека нема да може да се понуди квалитетна градба по пониски цени, бидејќи растот на трошоците го диктира и растот  на цената на квалитетните станови“, изјави Ивица Јаќимовски, претседател на Градежна комора.

Сериозните градежни компании ги следат најновите трендови во секторот и максимално градат според сите стандарди како би го задржале својот углед во  создавање на портфолио на квалитетни градби кои ќе ги користат следни генерации.

„Имплементацијата на квалитетни материјали, со примена на најновите трендови за изградба на енергетски ефикасни станови со врвен квалитет, чинат повеќе, но долгорочно значат двојна заштеда. Во чекор со светските достигнувања во градежништвото, неопходно е следење и имплементација на најновите технологии и стандарди во насока на зголемување на конкурентноста и квалитетот на градбата. Сето тоа чини, време, средства и труд. Цената на становите во иднина ќе се движи во нагорна линија и тоа зави исклучиво од квалитетот на градбата, локацијата, инфраструктурата и поволниот деловен амбиент. Годинава што измина беше една од најлошите години во секторот градежништво, а тоа го докажуваат и статистичките бројки “, изјави Јаќимовски.

Долгорочниот развој на секторот градежништво значи раст на сите 26 дополнителни стопански гранки поврзани со секторот, како и на севкупната национална економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Трамп: Исламската држава веќе не постои

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека Исламската држава повеќе не постои. Тој на новинарите им покажа две карти. „Ова е...

Свет12 часа

Туск: Сè е можно до новиот рок за брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека сè е можно до новиот рок за брегзит одреден за 12 април...

Македонија13 часа

Власта и опозицијата без договор за СЈО

Без договор помина и денешниот состанок на работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавното обвинителство, со кој...

Македонија17 часа

(Видео) „Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фета Алими

Група граѓани се собраа денеска на протестен марш, на кој побараа осолободување на Абдулфета Алими, кој е осуден за крвавиот...

Македонија19 часа

Кавга меѓу ИВЗ и Владата: Реџепи си го бара имотот, Заев се жали дека е уценет

Нерешените спорови за денационализација ги скараа Владата и Исласмата верска заедница (ИВЗ). Од ИВЗ обвинуваат дека Владата е селективна и...

Македонија19 часа

Ѓорче Петров донираше за социјално загрозеното семејство од Долно Лисиче, од општина Аеродром ниту трага, ниту глас

Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9 годишниот Бојан и 2 годишната Бојана...

Избори 201921 час

(Видео) Утврден редоследот на кандидатите за претседател на гласачкото ливче

Блерим Река, Гордана Силјановска, Стево Пендаровски – под овој редослед ќе бидат испишани претседателските кандидати на гласачкото ливче, одлучи жрепката...

Топ22 часа

Во Прилеп, 19-годишник со „голф“ удрил во дете на велосипед

На крстосница меѓу прилепските улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во претпладневните часови на 21 март, 19-годишен прилепчанец управувајќи автомобил „голф“,...

Регион23 часа

Рачна бомба фрлена врз рускиот конзулат во Атина

Рачна бомба е фрлена утрово во дворот на руската амбасада во Атина. Грчката полиција соопшти дека гранатата експлодирала, нема повредени,...

Регион23 часа

Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Терористите од ИСИС добија три пати помали казни од осудените за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ утрово оцени дека е срамота што  терористите од ИСИС, добиле три пати помали казни од осудените за 27-ми април „Срамен...

Топ2 дена

Контроли на јавниот превоз по несреќата кај Ласкарци, откриени 35 возила со неисправни сопирачки

По смртоносната автобуска несреќа кај Ласкарци, вчера во неколку општини била спровдена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат...

Македонија2 дена

МАНУ сака да стане Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) претпочита нејзиното ново име да гласи – Академија на науките и уметностите на...

СЈО2 дена

ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на 120 страници за законот за СЈО

Претседателот на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски, кој е дел од работната група во преговорите со власта за новиот...

Македонија2 дена

НБРМ: Арнаудовска не врши ревизија во банката каде директор е нејзиниот сопруг

Народната банка, во одговор на прашањето на „Макфакс“ дали има судир на интереси помеѓу директорката на секторот за супервизија Милица...

Македонија2 дена

(Видео) Седумтемина македонски борци во ИСИС осудени на 6 и 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје ги осуди на 6 години затворска казна шестмината македонски државјани кои биле дел од паравоената формација...

Македонија2 дена

(Видео) Беџети: Нема да ги легализираме платформите на Матка ама нема ни да ги уриваме

Општина Сарај ќе ги одбие барањата за легализација на трите платформи на Матка, но сега нема да ги урива. Градоначалникот...

Македонија2 дена

(Видео) Караџовски: Не можам да ви кажам зошто бев во Обвинителството

„Кој ве информирал? Службени обврски имав во оваа зграда. Не можам да ви кажам во врска со што е“. Ова...

Македонија2 дена

(Видео) Утре протестен марш за ослободување на Фета Алими, кој е осуден за крвавиот четврток

Синот на Абдулфета Алими, кој е осуден на 7 години затвор за настаните од 27 април 2017 година, Бурим Алими,...

Македонија2 дена

Судот ја забрани книгата на Стојан Андов поради тужбата на Фрчкоски

Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“ потврди дека е донесена мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата...

Досие