Економија
Една година IQOS во Македонија

Иновативниот уред IQOS кој претставува помалку штетна алтернатива во однос на цигарите, веќе една година е присутен и на македонскиот пазар. Со појавата на овој електронски уред, возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од цигаритен добија можност да се приклучат на големото семејство од над 14 милиони луѓе ширум светот кои веќе целосно ги заменија класичните цигари со овој систем за загревање кој е развиен врз база на научни докази.
„IQOS дојде во Северна Македонија во едно многу тешко време. Меѓутоа, иако сите наши планови мораа да се променат, ние сепак не се откажавме од намерата на македонските полнолетни пушачи што поскоро да им понудиме подобра алтернатива, каква несомнено се овие уреди. IQOS е резултат на работата и посветеноста на над 400 врвни научници ангажирани од Филип Морис интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 14 милиони возрасни пушачи ширум светот ги заменија цигарите со нашиот производ. Продолжуваме заедно кон нови предизвици насочени кон постигнување на единствената цел – подобри алтернативи за возрасните пушачи“, вели Иван Костиќ, генерален директор на Филип Морис ТКП.
Овој електронски уред го загрева, а не го согорува тутунот, при што се создава аеросол кој во себе содржи во просек 95 отсто помалку штетни и потенцијално штетни состојки во однос на чадот од цигарите. Со загревањето се задржува истото ниво никотин, но се елиминираат чадот, катранот, пепелта и други штетни состојки кои настануваат при процесот на согорување на цигарите. Минатата година реномираната американска агенција за храна и лекови (ФДА) донесе одлука во која меѓудругото наведува и дека целосен премин од класичните цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи. IQOS може да се најде во Скопје и во повеќе градови во земјата, а на iqos.com може да се најдат сите локации каде што овој уред е достапен.
Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис интернешнл и Тутунскиот комбинат Прилеп основана во 2014 година.
За Филип Морис интернешнл: Филип Морис интернешнл (PMI) прави трансформација во тутунската индустрија со цел да создаде иднина без чад и да ги замени цигарите со производи без чад во корист на возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, општеството, компанијата и нејзините акционери. PMI е водечка меѓународна тутунска компанија која на пазарите надвор од Соединетите Американски Држави се занимава со производство и продажба на цигари, производи без чад и придружни електронски уреди и додатоци, како и други производи кои содржат никотин. Покрај тоа, согласно Договорот за лиценца, PMI до Altria Group го испорачува IQOS и неговите додатоци за кој, Американската администрација за храна и лекови има издадено овластување за продажба. PMI ја гради својата иднина на оваа нова категорија производи без чад, кои, иако не се без ризик, се многу подобар избор отколку пушењето. Преку мултидисциплинарен развој на производи, најнапредни истражувачки центри и научни докази, PMI има за цел да осигури дека производите без чад ги исполнуваат преференциите на возрасните пушачи и ригорозните барања на регулативата. За повеќе информации, посетете ги веб-страните: www.pmi.com и www.pmiscience.com.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува нејзината зависност од Москва додека се обидува да го казни Кремљ за воената акција во Украина.
Забраната е воведена заедно со ограничување на цената на нафтените деривати, што е резултат на договорот меѓу групата седум демократски земји, пренесе АП.
Целта е да се дозволи дизелот да продолжи да се снабдува во земји како Кина и Индија и да се избегне ненадејно зголемување на цената на ова гориво, што би им наштетило на потрошувачите ширум светот, а во исто време ќе го намали профитот што го прави Москва за државниот буџет.
Дизелот е од клучно значење за економијата бидејќи се користи во автомобили, камиони за транспорт на стоки, земјоделски машини и фабрички машини.
Членките на ЕУ отсега ќе купуваат дизел гориво од САД, Блискиот Исток и Индија за да го заменат руското гориво кое во еден момент покриваше десет проценти од потребите на Европа.
Цената на дизелот може да порасне поради зголемените транспортни трошоци и закрепнувањето на побарувачката во Кина, чија економија излегува од драконските ограничувања наметнати од пандемијата Ковид-19, пренесе Танјуг.рс.
Економија
(Видео) Битиќи: Наскоро доаѓа АДА – првиот дигитален асистент во јавниот сектор во регионот

Пред нешто повеќе од една година започнавме со креирање на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција – АДА, преку кој компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош која ја нудиме, соопшти заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.
„ АДА ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст. А секако понатаму овој асистент базиран на вештачка интелигенција ќе го учиме и на други услуги кои се важни за стопанството и граѓаните“ рече Битиќи.
„ Дополнително, заедно со Светска Банка ќе започнеме конечно да дигитализираме 11 деловни процеси во 11 различни институции коишто го користат механизмот на државна помош. Ова ќе помогне во зголемување на ефективноста и ефикасноста“, изјави Битиќи зборувајќи за развивањето на АДА.
Клучно за развивање на дигиталниот асистент АДА е тоа што ќе овозможи унифицирани информации достапни во секое време за сите заинтересирани.
„ Дигитализацијата е одговор на сите недостатоци што се појавуваат во различни извештаи во однос на борба против корупција и организиран криминал. Единствен начин тоа да го адресираш е преку целосно тргање на страна на човечкиот фактор и секако да го направиш транспарентен целокупниот процес на поддршка на компаниите и инвестициите. Одлучивме дека ќе ја направиме АДА, дигиталниот асистент кој ќе биде првиот асистент кој некогаш е поставен во јавниот сектор. Инаку АДА е промената на дело којшто сите ние треба да ја направиме оваа година и наредните години ако сакаме навистина да стигнеме во растот и развојот кој сакаме да го постигнеме“, изјави Битиќи.
АДА ќе дава информации за инвестиции која овој месец ќе биде детално промовирана.
Дигиталниот асистент АДА се работи преку проект на Фондот за иновации и технолошки развој кој беше спроведен како предизвик за домашната старт ап заедница на кој победи фирмата CodeWell. АДА е првиот дигитален асистент во јавниот сектор во регионот кој работи на вештачка интелигенција, ве води и одговара на прашања за можностите за инвестиции во нашата земја и наскоро истиот ќе биде детално промовиран.
Економија
Позитивниот тренд на раст во ТИРЗ продолжува и во 2023 – зголемен извоз и нови работни места

ТИРЗ ја започнува годинава со позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места, покажува редовната месечна анализа.
Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11%, односно е за 9% повисок од 2021, и за 45% и 15% повисок споредено со 2020 односно 2019 година.
Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос на увозот. Компаниите во ТИРЗ во јануари оствариле увоз од 221 милиони евра. Тоа е за 8% повеќе споредено со истиот период во 2022, односно за 44% повеќе од јануари 2020 и за 15% повеќе споредено со 2019. Увозот во јануари 2021 бил повисок за 10%, покажува анализата.
Особено позитивен тренд на раст има кај нето извозот кој во јануари е 24,5%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.
Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16,400 што е за 16% повисок од јануари 2022. Само во првиот месец од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 80 нови работни места. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните.