Контакт

Економија

ЕЛЕМ: Условите во тендерот се сменети заради поголема конкуренција, за да не се повтори Трансмет

Објавено пред

Условите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат  ,,Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина (земјени или карпести маси) или руда”, било каков вид. Ваква реакција упати ЕЛЕМ, по барањето на опозицијата да се поништи тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола.

Од ЕЛЕМ велат дека условите во тендерот се проширени за да овозможат што поголема конкуренција, но од друга страна, конкуренција само на сериозни фирми кои се способни да извршат задача како што е копање јаглен во рудниците на РЕК Битола, а од чиј навремен и квалитетен ископ зависи производството на електрична енергија за Р. Македонија.

„Целта е да не се повтори случајот со ТРАНСМЕТ, кој доби тендер за ископ, а по три месеци се откажа бидејќи не беше технички способен да го врши ископот. АД ЕЛЕМ одлучи да ги прошири условите во текот на тендерот, иако Државната комисија за жалби по јавни набавки сметаше дека нема потреба од тоа. Имено, Комисијата ја одби жалбата на една фирма која имаше забелешка на условите и донесе решение дека жалбата е неоснована.
Меѓутоа, АД ЕЛЕМ сепак ги прошири условите, но тие и натаму се доволно ригорозни и спречуваат пријавување на фирми кои не се технички и кадровски способни за извршување ископ од таков вид и обем, а од што зависи стабилноста на производството на електрична енергија за потребите на Р.Македонија“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ.

Акционерското друштво нагласува дека јагленот во РЕК Битола во следниот период ќе се откопува во услови на јагленова серија – од 4 слоја со меѓуслојна јаловија и сложени морфолошки услови. ЕЛЕМ додава дека ископот ќе бара спроведување на посебна технологија, и несоодветниот ископ може да создаде ризик од губење на квалитетот на јагленот, може да се предизвика намалување на неговата калорична вредност поради помешување со јаловината (земја), или да не се исполни предвидената динамика за ископ на јаглен, односно да не се обезбеди навремено доволно јаглен за потребите на производството на електрична енергија за потребите во земјава.

Економија

Утврден текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година

Објавено пред

На денешната владина седница утврден е текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година.

Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на предлог-буџетот за 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот предлог-буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на усвојување.

На оваа седница, по предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои и ревидираната фискална стратегија за 2020-2022 година. Ревидираната фискалната стратегија е во согласност со законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.

Од Владата велат дека ревидирањето на фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежовска: Домашната побарувачка, личната потрошувачка и инвестициите ќе го креираат растот на домашната економија

Објавено пред

„Домашната економија в година ќе има раст од 3,8 проценти, односно 4 отсто во 2021 и 2022 година, при што позитивен импулс врз растот и натаму се очекува од домашната побарувачка, натамошниот раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, а придонесот на нето-извозот се оценува како негативен. Ваквата динамика на раст беше очекувана и во априлскиот циклус проекции, а поголеми промени не се направени ниту кај очекуваните извори на растот“.

Ова го истакна Анита Ангеловска-Бежовска, гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, која беше гостин на Меѓународниот балкански универзитет, каде што одржа предавање на тема „Кон одржлив раст – најновите макроекономски проекции за Република Северна Македонија“. Во своето предавање, освен за проекциите за идниот период, гувернерот зборуваше и за моделот на раст што го следи нашата земја, како и земјите во регионот, во периодот пред и по економската криза, како и за најголемите предизвици со кои во моментот се соочуваат земјите од регионот и Северна Македонија.

„Во периодот пред глобалната економска криза забележителен беше раст во целиот регион на Источна и Југоисточна Европа, кој се должеше најмногу на структурните економски промени, односно трансформацијата од социјалистичка кон пазарно ориентирана економија, трансформација што бараше да се вложи голем напор и голем труд. Покрај различните вредности на почетните точки на раст и различниот степен на промена на економиите на земјите, едно нешто беше заедничко, а тоа е забележително забрзан раст на економиите, особено во периодот од 2002 до 2007
година“, рече Ангеловска-Бежовска.

Таа посочи дека благодарение на добрите фискални и монетарни државни политики, кои беа поставени пред кризниот период, нашата земја релативно лесно ја преброди економската криза и не се соочи со страшни последици поради релативно малиот буџетски дефицит што го имавме. Позитивните економски движења на Република Северна Македонија во посткризниот период најмногу се должат на реформите во бизнис-секторот, кои значително ги подобрија условите за директни странски инвестиции, кои се од исклучителна важност за една економија, особено за малите економии како нашата.

Што се однесува до проекциите на Централната банка за в година, Ангеловска-Бежовска ја пренесе оценката дека е можно да има забавување на економската активност в година поради претстојните вонредни парламентарни избори, на што упатува искуството досега, но она што е карактеристично и вообичаено е дека ефектите од тоа се чувствуваат на пократок период.

Бежовска соопшти дека ризиците за макроекономското сценарио се оценети како претежно надолни, што се однесува пред сѐ на надворешните ризици, во услови на понеповолен глобален амбиент и зголемена глобална неизвесност, предизвикана од растечките трговски тензии, неизвесниот процес на брегзит, геополитичките ризици, променливоста на условите на финансиските пазари.

Прикажи повеќе...

Економија

ССК: K15 – лаги и вистини

Објавено пред

Потпретседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија, Габриела Кулебанова, на седница на Советот на претседателите истакна повеќе клучни информации во врска со регресот за годишен одмор или популарно наречен К15, а кои треба да се имаат предвид.

Исплата на регрес за годишен одмор: Што добива работникот и колку се казните за работодавецот?

„Со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во член 35 се предвидува исплата на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата за пресметка на плата која важи на денот на донесување на одлуката за исплата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавец може да се утврди регрес за годишен одмор и во поголем износ, а се исплатува еднаш во текот на годината.
Тоа значи дека компаниите имаат обврска да исплатат само за оние вработени што работеле кај нив повеќе од 6 месеци во календарската година“, потенцира Кулебанова.

Во случај на финансиски тешкотии во фирмата може да се исплати и понизок регрес

„Компаниите како работодавци треба да знаат дека со спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година, во членот 35 се додава дека работодавците кај кои настанале тешкотии во работењето, ценејќи ја економско-финансиската состојба на работодавецот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, со спогодба потпишана од работодавецот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор. Кај работодавците во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Компаниите што не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат заеми за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста. Треба да се овозможи компаниите што имаат тешка година, да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена. Компаниите треба да знаат дека ја имаат оваа опција“, додаде Кулебанова.

Работодавците го поддржуваат наградувањето на работниците бидејќи тоа е начин на подобрување на продуктивноста, но тоа не смее да биде на штета на финансиската стабилност на фирмата и причина за нејзина неодржливост.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија2 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија2 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија3 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија3 часа

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет5 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет5 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион6 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет6 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет6 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет7 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт17 часа

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион18 часа

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија19 часа

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Топ22 часа

Возило излета од патот кај Дебарца и удри во пешак и паркирано возило

Синоќа на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебарца, патничко возило управувано од Љ.В.(46) од...

Македонија23 часа

Се укинува законот за зелените пазари

Со 50 гласа пратениците го подржаа предлогот на министерот за економија, Крешник Бектеши, кој побара по скратена постапка да престане...

Македонија23 часа

Манчевски: Префрлањето на администрацијата во приватниот сектор нема да биде политички отстрел

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, најави дека до крајот на годината ќе ги предложи пакет-мерките за префрлање...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува кој ги објавува аудиоснимките поврзани со „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција оформи предмет и веќе проверува кое е лицето што ги објавува...

Свет1 ден

Австралиските пожарникари сами собираат средства за квалитетни маски за дишење

Пожарникарите во Нов Јужен Велс, Австралија, поведоа итна акција за собирање средства за набавка на подобра безбедносна опрема кога открија...

Македонија1 ден

Објавени аудиоснимки поврзани со „Рекет“: „Не знам, куферот со пари не е кај Заев“

На јутјуб-каналот U6e Big се појавија нови аудиозаписи поврзани со случајот „Рекет“. На нив се слуша глас кој личи на...

Досие